Патам од комплекси

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Sup, ко што почнавте со дискусииве, на пат сте да бидите уште понапатени и искомплексирани.....или пак ако ги лечите истурајќи се на други може ќе ги снема, или не :vozbud:
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Ако се движиш по тие размери на аналогија на самиот себеси (ТИ), тогаш е инициран од самиот себеси. Јас имам спротивно тврдење дека околината е главен причинител за појава на комплексот. :pipi:
На пр. ти имаш комплекс на виша вредност дека си лепотан, сите цурици лудуваат по тебе.
Али еве ја на пр. ти кажам "Грд си, имаш грд нос, криви очи"-или шотијазнам..се најде уште некој и ти го каже истото..и веднаш твојата самодоверба се сведува на нула. И имаш комплекс на нижа вредност. Едноставно, не?

Луѓето ќе ти кажат "грд си, дебел си", ако им го дозволиш тоа, без разлика дали си таков/а или не. Вака буквално кажано е навреда. Никој не сака околу себе некој кој ги потенцира постојано неговите маани. Затоа да не се набие коплекс на пониска вредност "заради друг", ќе се гледа на тоа, да се избегнува неговото друштво.
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Да ги прашам овие што повеќе се разбираат во психологија.

На кој начин ги прикриваат луѓето своите комплекси? Какво однесување прикажуваат, дали се агресивни кога некој ќе им го рочне егото, секогаш се однесуваат премногу самоодбранбено или?
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Не да патам... ВРИЈАМ ОД КОМПЛЕКСИ кои ми го уништија животот....

Само толку имам да пишам на оваа тема која е многу болна за мене ...

Слободно пиши што сакаш, имено нема никој да ти замери само можеш да видиш мислења од разни аспектни гледишта потркрепени со раслични мисловни досетки врз база на различни расположенија во моментот. Секако дека некој ќе се обиде саркастично да делува но занемари го тоа, повеќето ќе сакаат да ти помогнат. Ова не е вербална комуникација така да никој нема ништо да знае за тебе и можеш да напишеш што ти лежи на душа. Морам да ти дадам само еден совет, читај книги кои изобилуваат со најралични гледишта на животот и ги анализираат луѓето, така би дошла до сума сумарум на она што ти се случува и би ја извадила поуката. :smir:


П.С. ДИГИМОН FWT !!! :tv:
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Да ги прашам овие што повеќе се разбираат во психологија.

На кој начин ги прикриваат луѓето своите комплекси? Какво однесување прикажуваат, дали се агресивни кога некој ќе им го рочне егото, секогаш се однесуваат премногу самоодбранбено или?
Според мене луѓето кои најмногу се фалат "Ваков сум,таков сум..."се баш оние со најмногу набиени комплекси и си мислат дека така ќе постигнат некаков посебен ефект.:tapp:
А некој баш кога ќе ги погоди"таму каде што најмногу ги боли"се докажуваат,па дури предизвикуваат и кавга.
Сите сме такви какви што сме.Никој не може да биде совршен.:helou:
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Ni kaj mene ne e se sovrseno,ama verovatno ne gi analiziram do tolku rabotite kaj mene za da se dovedam do situacija da dobijam kompleks na nesto...ne znam so znam ...takvi raboti ne me izmacuvaat:toe:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Доволно ви беше мудрување на темава?

Мислам дека прилично е јасна...Наведи ги т.е соочи се со своите комплекси. Ако не знаеш што се подразбира под комплекс или ако сметаш дека немаш комплекси, многу едноставно, не пишувај на темава.


Патем, интересно е што дел од дискутантите нејќат да зборат за сопствените комплекси и/или се ставаат у надмена улога на меродавни арбитри...Комплекс на виша вредност можда?

Назад на темата и продолжете со соодветна дискусија.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Нема човек што не пати од комплекси. Така и јас. Иако не го доживувам толку трагично. Барем од надворешниот изглед, кој патем речено е потпросечен, не си патам, каков сум си таков сум. Но патам од внатрешни комплекси. Ми се издешаваа некои срања кои ме направија малку мизантропска и интровертна особа. Мислам дека најголемиот комплекс ми е стравот од предавства, и „ножеви у грб“, пошто нив особено ги имам во голем број. Параноичен сум дека се заговара против мене, и тоа многу. Песимист по природа отсекогаш. И заради тој песимизам и таа моја параноја сум малку тежок за муабет, а кога се соочувам со некого, не покажувам милост, токму заради тоа. Можно е и тоа да е комплекс, да не давам втора шанса.
 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Sup, ко што почнавте со дискусииве, на пат сте да бидите уште понапатени и искомплексирани.....или пак ако ги лечите истурајќи се на други може ќе ги снема, или не :vozbud:
јок бре.
признание е прв чекор кон спасение.:cuc:
 
N

neni4ka

Гостин
Јас имам повеќе комплекси за физичкиот изглед.
На пр. си мислам дека носот ми е многу голем и дека еден дена ако успеам да соберам средства ќе го оперирам, после колку и да ја средувам косата секогаш мислам дека на останатите околу мене им е посредена, дека другите се поубаво облечени од мене и сл.
Понекогаш дури и не сум си поминувала убаво ако ми се набие некој комплекс во главата

 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Комлекси заради кои патам , не се веќе комплекси , со самото освестување тие се губат, а за оние комплекси кои се длабоко сокриени во мене и носат потекло многу далечно ,пак не патам бидејќи не ги знам . По мене се е во освестувањето колку повеќе стануваме свесни за нив тие исчезнуваат.
 

marko_d

Ретард
Член од
10 април 2009
Мислења
430
Поени од реакции
18
Комплекси ?!, најголем комплекс ми е што се плашам од луѓе и прилично сум асоцијален, и постојано имам страв дека сите мислат дека нешто не е во ред со мене.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Дур бев у врхунац пубертета, вриев од комплекси. Премали гради, преголем г`з, превисока за своја возраст... За ова задњово, тој фотографот од средно што не сликаше на крај на година е највише заслужен. Увек ме ставаше у редот со машките за да не ги покријам девојчињата :mad: Гад.
Чак што више не е дека денес сум ја надминала желбата да ги променам овие нешта кај мене и уште ми сметаат. Ама не ми ствараат никакви ментални блокади, не се опседнуем итн., со други зборови, не ми претставуваат никаква пречка во моето однесување и мојот однос со луѓето. Немам некои проблеми да се нашалам на сметка на тие мои недостатоци, а имаше времиња коа секој коментар поврзан со тоа ми го анти-бусташе егото за стотка.
Иначе лоша ствар се ова комплексиве ако не научиш да се носиш со нив, што најчесто се случува по завршувањето на пубертетот.
 
S

smart ass

Гостин
Знам дека има тема од комплекси но сметам дека оваа тема заслужува посебна секција. Не ми е целта да се збори за комплекси и за тоа зошто се јавуваат и како настануваат.

Идејата е да си ги кажеме нашите комплекси. Секој човек пати од комплекси, разликата е во тоа како ги искажува, дали се воочливи или не за другите. Но без разлика на тоа сепак ги имаме сите (и кој ќе рече дека ги нема најверојатно лаже или не сака да си признае себеси).




Истото се случуваше и со мојот физички изглед. Бев дебел не којзнае колку но доста дебел, и тоа она дебелење не по цело тело туку само во стомах, а денес и тоа скоро ослабев многу и сум во топ форма.
Споделете и вие некој ваш комплекс, знаете како велат само зборување и прифаќање на проблемот може да се ослободиме од лошите навики кои ги имаме во живото и проблемите кои ни настануваат поради нив.

Знаев...

Знам многу примери,а и ја приметив таа поделба уште од градинка...секогаш има 13прасе..

Но би ти кажал нешто.
Друг мој комплекс повторно потекнува од средна школа. Во средно бевме многу сиромашни. Тоа се смени кога бев трета година средно. До ден денес ми е срам да кажам дека порано сме немале пари. но тоа е само мал дел од проблемот. Секогаш сум бил облечен како селанче и луѓето ми се смееле.

Немаш основ-кој цени човек цени човек...ама пубертет..
Денес не можам да поднесам да се најдам во соба а да не бидам подобро облечен од сите останати, едноставно мора да бидам во тој аспект подобар од нив.
Сега не си во пубертет.

Се уште имам доста несигурности во мојот физички изглед, работи кои не можам да ги изменам но да речем дека сум многу посигурен одколку како што бев порано кога се чуствував како свиња. Но тоја гадење кое го имав кон мене денес се пренесува врз другите дебели луѓе, така да и покрај тоа што знам дека не се криви што се пополни и дека не би требало да ми перчат секогаш кога ќе ги видам добивам едно непријатно чуство кое не можам да го опишам.
Повторно исто...

И ЗАЕБИ АМЕРИЧКИ КОМЕДИИ..ТИНЕЈЏЕРСКИ:vozbud:

Бев дете кое сиет го одбегнуваа и никој не го сакаше. Денес патам од комплекс што едноставно не можам да поднесам некој мене да не ме засака, на некого да не му се допаднам или да има лошо мислење за мене. Тоа ми е некој таков гаден инстиктивен нагон што ме тера да правам чудни работи, а да не зборувам дека често се дружам со луѓе не затоа што ми се допаѓаат туку затоа што ја имам оваа патолошка потреба.
Ова не чини...посебно болдот-зошто дозволуваш општеството да ти НАМЕТНУВА ПРИСИЛНО ИСО2001 за тоа како треба физички да се изгледа и колкиу пари треба да се има...немај мака..се најдобро:smir:



Идејата е да си ги кажеме нашите комплекси.
Јас еве немам комплекси а имам причини за да имам...еве не бев дебел,но не ме избегаваа мене-туку јас нив....Фаќав ЖАБИ...тоа ми беше како хоби до 2-ро...ги сечев,вадев органи...

Понатаму почнав со хемикалии...

Па HCL-врз кожа

NAOH60% на кожа-на животиње.

Правење на специфични направи...нивно тестирање
пропеланти..пајп бомб..бла бла..
...абе јас треба од совест да си го испукам пиштолот а???

Ејј направив аутоинјектор што личи како Маркер а уствари има смртна количина отров хемиски).

Ејј така до пред неколку години.....
Разликата е што јас средно имав социјален живот поради одредени особини,па и Закон беше средно за мене лично-супер си поминав....

Значи ти ДЕНЕС си доволно свесен дека сите комплекси ти биле ЏАБА и НЕОСНОВАНИ...(има ваков пример знам и женски така..без да се дружат-ама не беа сите дебели-некои Уста не отвараа...:toe:





Се смета ли алтруизмот за комплекс?????

оти стварно зло не мислам и гледам секогаш да помогнам??



Сега веќе НЕ!...(ама на моменти ме фаќаат:vozbud:)пак за експерименти...али имам други обврски паа..:toe:
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Да, имам комплекс.

Кога бев мала, негде 3-4то одделение, имав многу долга, светла на боја и премногу виткана коса. Во тој период, а и пет години по тоа имав другарка која имаше огромни проблеми со косата, и беше мрсна, ретка и кратка. Не поминуваше ни еден ден а наставничката да ми ја воршипува косата, и да ми каже колку она би сакала да има таква коса. Не само таа, сите што ме знаеа. Мене ми беше до негде и непријатно, затоа што знаев дека на другарка ми и е глупо во таа ситуација.

И ете, поминаа неколку години, другарка ми почна прво низ муабет а потоа и директно да ми кажува колку витканата коса не е убава, и дека не сум ни имала никогаш убава коса, дека никој не го ни мислел она што го кажува. И јас тогаш, негде 6то одделение почнав да се прашувам дали е тоа навистина така.

Сега, откако почнав да се интересирам за Фројд сфатив дека тој комплекс ми е набиен се додека ми се има развивано личноста и поради тоа потсвесно на почетокот и потоа намерно сугерирање за мојата коса сега патам од комплекс.

Бев 7мо одделение кога првпат почнав да ја фенирам косата. Не престанав. По само две години редовно фенирање, косата почна да ми се распаѓа при чешлање, затоа што неможев да си дозволам да имам виткана коса. Косата мораше да ми биде права, па и по цена да ми падне целосно. Едвај ја оправив, и ден денес патам од истиот тој комплекс. По три пати дневно ја пеглам косата. Неможам да помислам да застанам пред огледало доколку косата не ми е испеглана. Насабајле пред било што да направам ја пеглам косата. Сите околу мене ме советуваат да ја оставам каква што ми е природна, но неможам, тоа е посилно од мене. Во моментов ми е премногу права, дури и луѓе што не ме знаат мислат дека имам природно права коса.

Неможам, имам на многу начини пробано да се излечам од овој комплекс, други комплекси немам, но ова ми претставува огромен проблем. Неколку саати во денот наместо поминати во корисна работа, јас ја пеглам косата!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom