Патам од комплекси

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Гледај сеа шо праиш. Многу ме нервира коа некој ќе напише на форум “дефинирај нешто“. Ти, ем знаеш шо е комплекс, и знаеш дефиниција, ем бараш тоа да ти биде нацртано на темата. Ако не знаеш што е комплекс како збор, не учествувај на темата или истражи (што веќе си направил) ама која е поентата да потрошиш пост џабе со тоа што ќе речеш дефинирај?! :toe:

Ако сакаш и сам да придонесеш, како што кажа (дека дискусијата нема да тече во вистински правец) насочи ја. Авторот ако има низок коефициент на интелигенција (на што не алудирам во случајов) или едноставно не се снаоѓа во интернет и форумската комуникација, а отвара тема која може да биде база за добар муабет, ние треба да чекаме тој да ја поведе во вистински правец?

Сеедно, друже извини шо те нападнав вака, ама имам комплекс кога луѓето размислуваат нелогично според мојот начин на размислување. Мислам дека сум увек у право. Беља е шо... стварно увек сум у право. :helou:
A знаеш што е на почетокот убаво пишува дека има цела тема каде се разговара што се комплекси, како се јавуваат и зошто се и сепак некој пак бара да му нацрташ ама тоа е. (не се однесува ова до тебе туку до тој на кој му реплицираш да нема забуни).

Инаку темата за комплекси каде е на ширко дискутирано што се еве ја

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=21616
 
U

UniqueGirl

Гостин
Не е точно, ти си го правиш тоа, комплексот е само мислење што сама си го утивила во глава заради непотребни работи.
Такада, гледај што помалку да се умараш со глупости, живеј си го животот со полна пареа, не со комплекси. :)
Комплексот најчесто го создава околината, не ние.
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Друже кај мене ситуацијата е обратна бев дебел сега ослабев (види ми го вториот албум) и да би било убаво кога би била важна внатрешната убавина, ама за жал светот ти е површен и гледам како реагираат луѓето на мене тогаш и денес.
Јас сега ги гледав твоите слики:smir:
И морам да ти признаам-на првата слика си поубав(без две кила)
Сори,морав да кажам:smir:

Инаку,кога ке се прифатиш самиот себе каков што си,тогаш и другите ке те прифатат таков.
Ако ти смета тежината и на другите ке им смета.Ова го имам забележано кај мене-кога се осекам глупо,неубаво правам глупи работи,а кога имам самодоверба и почит кон самата себе,тогаш и другите така се однесуваат спрема мене.
НАУЧИ ДА СЕ САКАШ :smir:
Биди тоа што си и не се менувај.
 
Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
епа вака са.. пошо темата е во врска со комплекси.. сакам да побарам еден совет од вас... ако некој го има прочитано постот мој претходно знај каков беф и шо ми се дешаваше али јбг.. са друго е.. вака.. се работи за моја блиска другарка.. една персона шо ко ја запознаф беф изненаден од то колку премногу пати од комплекси.. дечковците секогаш и се карале без некоја посебна причина.. или според мене кашано не без посебна причина туку „кај ги нашла толку деца“.. а стварно веќе од 14 год да почниш со озбилни врски треба да си туп на некој начин пошто и тие шо имале знат дека не чини.. е са типката посебно ко ќе и се деси нешто секогаш е премногу песимистички настроена и негативка.. можи и страда од меланхолија.. баш денес се најдов со неа и праефме муабет му кажваше дека се „изолира“ од луѓе ни мсн ни фејсбук ни телефон ни ништо... толку е занесена по некој пат шо би рекол дека има премногу и се ја комплексира.. неможам баш да кажам шо комплекси ја мачат пошто се ја мачи и ич не е отворена према други освен мене и една нејзина другарка.. сакав само да прашам ако можи да ми дајте некој совет да и помогнам пошто стварно си ја сакам скоро и поќе од сестра ми.. ако можите арно ако не.. бидете здрави и живи.. позз
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Комплексот најчесто го создава околината, не ние.
I respect your opinion, but its wrong.
Комплексот си го создаваме ние, поради незадоволство од сами себе. Околината е само изговор, кој пак е инициран од сами себе за сами себе.
 
U

UniqueGirl

Гостин
I respect your opinion, but its wrong.
Комплексот си го создаваме ние, поради незадоволство од сами себе. Околината е само изговор, кој пак е инициран од сами себе за сами себе.
Ако се движиш по тие размери на аналогија на самиот себеси (ТИ), тогаш е инициран од самиот себеси. Јас имам спротивно тврдење дека околината е главен причинител за појава на комплексот. :pipi:
На пр. ти имаш комплекс на виша вредност дека си лепотан, сите цурици лудуваат по тебе.
Али еве ја на пр. ти кажам "Грд си, имаш грд нос, криви очи"-или шотијазнам..се најде уште некој и ти го каже истото..и веднаш твојата самодоверба се сведува на нула. И имаш комплекс на нижа вредност. Едноставно, не?
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Ако се движиш по тие размери на аналогија на самиот себеси (ТИ), тогаш е инициран од самиот себеси. Јас имам спротивно тврдење дека околината е главен причинител за појава на комплексот. :pipi:
На пр. ти имаш комплекс на виша вредност дека си лепотан, сите цурици лудуваат по тебе.
Али еве ја на пр. ти кажам "Грд си, имаш грд нос, криви очи"-или шотијазнам..се најде уште некој и ти го каже истото..и веднаш твојата самодоверба се сведува на нула. И имаш комплекс на нижа вредност. Едноставно, не?
Не.
Тогаш ти ќе иницираш иритација, се додека не застанам пред огледало и тие ствари и мене не ми се свиѓаат. Ако тоа што го збориш ти, дека сум грд крив нос и слично, мене ми изгледа нормално пред огледало комплекс нема да се појави. Такада сам си го правам комплексот со тоа што ќе го потврдам твоето мислење. Капираш. Твоето мислење е како бензин во веќе запален оган.
 
Донјас е заглавен во сопствениот нарцистички субјективизам и глупaвите аналогии на самиот себеси од кои трга, а не знам со кое право судиш за дефиниција на комплекс. И јас го почитувам твоето мислење, ама за мене е погрешно.

И да..

Читај еднаш..

Комплексот најчесто го создава околината, не ние.
Читај вторпат..

Комплексот најчесто го создава околината, не ние.

Се разбираме? Мило ми е ако е така. И би те замолила да ме поштедиш од твоите емоционални испади во постовите. . Се надевам не ти создадов никаков комплекс прибидејќи..

Beauty is how you feel inside, and it reflects in your eyes. It is not something physical.” :smir:
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Донјас е заглавен во сопствениот нарцистички субјективизам и глупaвите аналогии на самиот себеси од кои трга, а не знам со кое право судиш за дефиниција на комплекс. И јас го почитувам твоето мислење, ама за мене е погрешно.

И да..

Читај еднаш..

Читај вторпат..

Се разбираме? Мило ми е ако е така. И би те замолила да ме поштедиш од твоите емоционални испади во постовите. . Се надевам не ти создадов никаков комплекс прибидејќи..

Beauty is how you feel inside, and it reflects in your eyes. It is not something physical.” :smir:
Девојче, прво научи што е субјективно а што објективно и каде се користи.
Второ, не користи лексиконски зборови, не изгледаш паметно.
Трето, не ми лепи топици украдени од рандом месинџер сајтови.
Четврто, не ми држи лекции за поими кои неможеш ни да ги спелуваш.
Петто, не ти оди со иронијата/сарказмот/цинизмот
Фала

А сега, слушај, читај, размисли, одговори.

Како што реков прееска, комплексот, е state of mind, што се случува поради ЛИЧНО незадоволство од СЕБЕСИ, односно, кога ти самата не си се свиѓаш себеси. Не ти е потребна околината да ти го каже тоа. Можеш цел живот да бидеш изолирана од светот, и со едно огледалце 3х3 да си набиеш комплекс пошо имаш грд нос.
Значи, елабориравме дека, комплексот е нешто што ти се случува кога сакаш да извлечеш повеќе од тебе, за да ќариш дечко, да облечеш фустан, и слично, ама слабо успеваш во тоа.

Да повториме, комплексот е нешто што ти се случува кога сакаш да извлечеш повеќе од тебе, за да ќариш дечко, да облечеш фустан, и слично, ама слабо успеваш во тоа.

Одлично ученици, се гледаме идниот час, довидување.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

Се сложувам со болдираните, особено што елаборатите не ни донесоа заклучоци. :wink:
Сине, комплекс се јавува заради хемија во сопствената глава, тоа е факт, ама тој никогаш не би се јавил ако околината не ти го наметне тоа. Како и се друго впрочем... индивидуализмот е лага а неговото постоење заедно со слободната мисла која не зависи од општеството е мит кој никогаш нема да биде пробиен на Myth Busters. :helou:
 
Комплексот, е дело на сопствениот мозок, околината е само земена како репер.
 
U

UniqueGirl

Гостин
Да повториме, комплексот е нешто што ти се случува кога сакаш да извлечеш повеќе од тебе, за да ќариш дечко, да облечеш фустан, и слично, ама слабо успеваш во тоа.

Одлично ученици, се гледаме идниот час, довидување.
“Ок, да повториме, комплекс е кога ти имаш little willy, ама мислиш дека бил голем се додека не се појавиле две цури да се излажат да го видат и ти се изнасмеале у фаца со коментар "What is that suppose to be?"
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Ај да се изјаснам, пошо наводно сум се разбирала у психологија.:)
Не знам од кај ова додуша, шо знаеме ние психолозите :icon_bigg

Енивеј, пошо двајцава над мене имаат комплекс на „секоаш сум у право„- исто ко шо Гарфилд у РЛ има комплекс на нижа вредност, а на форум надоместува со тоа што се поставува ко бос (онака, само да му укажам ус пат дека е у заблуда) не можеш да имаш комплекс без влијание на околината ниту без субјективни ставови.

Имено, комплексите се јазли на подсвесното.
Ако некоја траума од детството влијае врз личноста, тогаш однесувањата, мислите, соновите итн ќе имаат влијание врз личноста зашто комплексите се развивале кога личноста била во развој.
Така што се што на некој начин влијаело како вас дур сте биле во развојна фаза, ќе се манифестира на вас подоцна како комплекс затоа што тој што влијаел врз вас бил афторитет. (мајка/татко/блиски роднини итн.)
Ова ви е според чичко ви Фројд и неговите теории.
Не дека ова ви значи нешо :)

Како и да е, околината може, но и не мора да влијае врз твоите комплекси ако си сигурна личност.
Значи, врз креирањето на комплексите влијаеш ти како индивидуа зашто пр. високото чело/брадата не знам какава/спојлери/тежина/боја на 14та трепка итн. за тебе не е убаво, за тебе има помала вредност итн.
Ако некој ти рече дека имаш пивски стомак и за таа личност тоа е слатко и убаво, ондак од каде настанал тој комплекс ако не од тебе?
Ти го анализираш тоа, после велиш дека да имаш *таква и таква карактеристика* и дека таа не чини, подоцна почнуваш да се срамиш, да ја криеш или да ја отстраниш и така тоа станува твој комплекс.
Секако дека е под влијание на околината, особено ако влече корени од минатото.

Примерот на Јуник не ми се допаѓа зашто он сепак може да направи двете девојки да ја имаат најдобрата ноќ евер, и после нему да не му се појави комплекс зашто он знае шо фраер е :)

Инаку да, лесно е да створиш комплекс зашто има критични точки и моменти и се тоа, ама ја сум фина и не ги користам моите знаења во лоши цели :pipi:

Заборавив да кажам дека комплексите зависат и од времето во кое живееме, порано биле обожавани девојки со високо чело, дури и се бричеле за да го постигнат тоа.
Девојки со црвени образи исто-сега се бараат бели ко сирење.
Тежината исто секогаш е различно ценета итн.
Значи, сума сумарум, многу работи влијаат ама подсвеста најмногу.
 
V

[vladimir]

Гостин
Девојче, прво научи што е субјективно а што објективно и каде се користи.
Второ, не користи лексиконски зборови, не изгледаш паметно.
Трето, не ми лепи топици украдени од рандом месинџер сајтови.
Четврто, не ми држи лекции за поими кои неможеш ни да ги спелуваш.
Петто, не ти оди со иронијата/сарказмот/цинизмот
Фала

А сега, слушај, читај, размисли, одговори.

Како што реков прееска, комплексот, е state of mind, што се случува поради ЛИЧНО незадоволство од СЕБЕСИ, односно, кога ти самата не си се свиѓаш себеси. Не ти е потребна околината да ти го каже тоа. Можеш цел живот да бидеш изолирана од светот, и со едно огледалце 3х3 да си набиеш комплекс пошо имаш грд нос.
Значи, елабориравме дека, комплексот е нешто што ти се случува кога сакаш да извлечеш повеќе од тебе, за да ќариш дечко, да облечеш фустан, и слично, ама слабо успеваш во тоа.

Да повториме, комплексот е нешто што ти се случува кога сакаш да извлечеш повеќе од тебе, за да ќариш дечко, да облечеш фустан, и слично, ама слабо успеваш во тоа.

Одлично ученици, се гледаме идниот час, довидување.

Јунг прв го употребил терминот ’’комплекс’’ за да објасни еден елемент на човечкото его кој со потиснување се одвоил од човековата свест и кој во потсвеста и понатака управува со човечките ставови. Значи да елаборираме(по твое) комплексите не се патолошка појава како што ги објаснуваш ти, туку патолошки се нивните модификации.
Кога комплексите кај накој хипертрофираат, си имаме работа во невротична особа.
Комплексите се лечат, но не на другите, туку со работа на себе :salut:.
 
Milovoe

деЧак со оЗЛОгласен СмешаК
Член од
13 декември 2009
Мислења
90
Поени од реакции
24
гррр

Глеам фама се крева околу комплексиве...па пошо познавам 10-20 искомплексирани ќе споделам некое мислење.

У главно се повторуваат Комплексиве , поради : љубов, изглед, школо, пари и незадоволство од својот менталитет/интелект.. :kesa:

Е сеа , врската Опшество,Околина-Индивидуа е нераскинлива , и од двете зависи дали ќе здобиеш комплекс ... во главно го примаш комплексот ако си заљубен/а у некоја алапача,маза/клошар,"мангуп" , ако се дружиш со лошо друштво (у случајов мислам на луѓе кои мислат дека се перфектни) па и ти ќе пробуваш да бидеш како нив, и последно но најбитно - од несоцијализирање ВО ЖИВО (не нет и виртуелности). Никој не е перфектен , така да се ќе почне ако некој ти рече (*или некој те корпоса па се глеаш у огледало) - што имаш толика бемка на фацата (*ме корпоса ради бемкава)... ке завршиш прашувајќи се - кај к искочи баш на фаца бемкава?:uvo: [ова у случај да го прифатиш тоа како комплекс претставено со банален пример]

Да заклучиме , Опшеството (Околината сеедно) е само посредник и инфлуенца врз Индивидуата да го прифати комплексот , а од Индивидуата, и тоа каков карактер има, зависи дали ќе го прифати тоа како комплекс. И , многу битно , само опшеството може да го реши комплексот доколку самата индивидуа прифати.

Во главно оние кои се социјализираат поише немаат комплекси и се на стабилен карактер, искомплексираните се затворени и нестабилни луѓе ... бар овие шо ги знам - дај 10 минути ке им го сменам животниот правец и идејата за нивна иднина...:helou:

:jaj:ОН ТОПИК:
Комплекси неам , имав еден на времето ... ми траеше 2 недели ама ми се посреќи среќа ме исфалија и сеа сум тотално анти коплекс:vozbud:

:salut:EDIT: 10 души пишале дур стиснам пост лол
 
Kajgana Shop

На врв Bottom