igor108367
Dark Lord Sauron
- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 113
Знам дека има тема од комплекси но сметам дека оваа тема заслужува посебна секција. Не ми е целта да се збори за комплекси и за тоа зошто се јавуваат и како настануваат.
Идејата е да си ги кажеме нашите комплекси. Секој човек пати од комплекси, разликата е во тоа како ги искажува, дали се воочливи или не за другите. Но без разлика на тоа сепак ги имаме сите (и кој ќе рече дека ги нема најверојатно лаже или не сака да си признае себеси).
Еве јас ќе почнам прв ќе ги кажам моите комплекси и како настанале и кои се последиците и работите кои ги правам од нив а кои не ми се допаѓаат.
Поради х причини јас бев многу повлечен во средна школа. Во тој период се здебелив многу и можам да кажам дека го мразев животот и бев постојано депресивен. Кога се преселив во скопје да студирам решив нагло да се сменам.
Бев дете кое сиет го одбегнуваа и никој не го сакаше. Денес патам од комплекс што едноставно не можам да поднесам некој мене да не ме засака, на некого да не му се допаднам или да има лошо мислење за мене. Тоа ми е некој таков гаден инстиктивен нагон што ме тера да правам чудни работи, а да не зборувам дека често се дружам со луѓе не затоа што ми се допаѓаат туку затоа што ја имам оваа патолошка потреба.
Друг мој комплекс повторно потекнува од средна школа. Во средно бевме многу сиромашни. Тоа се смени кога бев трета година средно. До ден денес ми е срам да кажам дека порано сме немале пари. но тоа е само мал дел од проблемот. Секогаш сум бил облечен како селанче и луѓето ми се смееле. Денес не можам да поднесам да се најдам во соба а да не бидам подобро облечен од сите останати, едноставно мора да бидам во тој аспект подобар од нив.
Истото се случуваше и со мојот физички изглед. Бев дебел не којзнае колку но доста дебел, и тоа она дебелење не по цело тело туку само во стомах, а денес и тоа скоро ослабев многу и сум во топ форма. Се уште имам доста несигурности во мојот физички изглед, работи кои не можам да ги изменам но да речем дека сум многу посигурен одколку како што бев порано кога се чуствував како свиња. Но тоја гадење кое го имав кон мене денес се пренесува врз другите дебели луѓе, така да и покрај тоа што знам дека не се криви што се пополни и дека не би требало да ми перчат секогаш кога ќе ги видам добивам едно непријатно чуство кое не можам да го опишам.
Споделете и вие некој ваш комплекс, знаете како велат само зборување и прифаќање на проблемот може да се ослободиме од лошите навики кои ги имаме во живото и проблемите кои ни настануваат поради нив.