Г
Error. Cannot comply.
Кај Муслиманите(не сите секако) и денеска наголемо постои оваа традиција, а до пред 50/60 години така било и кај нас Македонците, барем во случаите со моите баби и дедовци, нив родителите ги запознале и ете биднала работата па ете доживеале длабока старост и браковите им останале среќни и цврсти до крај, ама ај да не ги мешаме нив(постарите) бидејќи тогаш такви биле времињата !Попримитивна работа од договорени бракови нема.
Изгледа не си фан и не си ја гледала Касандра пријателке.Таа култна серија беше пресвртниот момент и главниот виновник за зацврстување на модернистичките погледи кон браковите во нашата земја а воедно нанесе и голема штета всадувајќи го романтизмот кај широката народна маса.Дури и да не постои јавно, ова се случува, и тоа без посредство на родители.
Факт е дека, Трпе докторот, што го прошетал светот, образован е, познава секакви луѓе, пријателите му се слични на него, животот му се состои од коктели и патувања, нема да се ожени со Петра што сади пиперки, врвно достигнување и е 4 средно земјоделско, а најлуда забава на трач муабет кај Митра.
Исто така, ниту Петра нема голема желба да биде во брак со Трпе, зошто со него не може да разговара или општо да комуницира на темите кои ја интересираат неа.
Можеби родителите денес не ни бираат партнери, ама дефинитивно коментираат и тоа многу, од аспект, ако Трпе случајно ја доведе Петра дома, неговите ќе шизнат, и мислам дека со право ќе шизнат.
Паметно било тоа порано, да ти најдат некој спроти тебе. Ако најдеш некој таков, тогаш имаш поголемо разбирање и слога, па со тоа и поголеми шанси за успешен брак.
Мислам дека треба да ја сфатиме таа поента и дека не било за џабе сето тоа.
Љубовта си е љубов, ама не е се во неа.
Не треба повеќе родителите да ни бараат партнери, можеме и сами да си најдеме некој спроти себе, на слично интелектуално ниво, со слично потекло, слични амбиции, слични идеали и визии за иднината.
Види, секогаш ќе постојат добро ситуирани мажи (не толку паметни, не толку способни, не толку убави) и жени чија главна цел ќе биде да се омажат за истите (а тие се не толку паметни, не толку способни, но доста убави). Порано таа работа во име на девојката ја правел нејзиниот татко (Петре има 3 ниви, со него ќе бидеш, Митре има само една крава, не може).Изгледа не си фан и не си ја гледала Касандра пријателке.Таа култна серија беше пресвртниот момент и главниот виновник за зацврстување на модернистичките погледи кон браковите во нашата земја а воедно нанесе и голема штета всадувајќи го романтизмот кај широката народна маса.
Шега на страна,се согласувам со тебе и јас мислам дека не е се во љубовта но нажалост денес колку што и јас сум запознаена кај младите,кај повеќето како да им е програмиран само материјализмот во умот.Како што велиш ти точно е и потребно самите да си одбереме некој кој ќе ни одговара,но на денешниве генерации не им се потребни ниту родителите за да им одберат девојка/дечко туку самите се фокусирани и опседнати со изгледот и парите додека другите карактерни црти дури и ги занемаруваат.Ако дадам свое мислење по она што го гледам можам слободно да тврдам дека љубовта е не во втор туку во трет план денес по ситуираноста и карактерот.Прашањето е колку е тоа добро и здраво и дали се враќаме назад со времето?
Точно така се согласувам во целост со напишаното.А дали мислиш дека денес новите генерации се на некој начин практикувачи на старата традиција без да им биде наметната?Види, секогаш ќе постојат добро ситуирани мажи (не толку паметни, не толку способни, не толку убави) и жени чија главна цел ќе биде да се омажат за истите (а тие се не толку паметни, не толку способни, но доста убави). Порано таа работа во име на девојката ја правел нејзиниот татко (Петре има 3 ниви, со него ќе бидеш, Митре има само една крава, не може).
Прво, тргнувам од себе. Само што ,,материјалното,, го вреднувам на друг начин. Не, дефинитивно нема да бидам во брак (или врска) со некој кој ,,дигнал раце,, , и нема ни намера, ни желба, да се мрдне од таму кај што е. Во овој кош ги ставам и оние што немаат ништо, и оние кои имаат се, но не го стекнале сами и немаат желба да стекнуваат сами. Партнерот треба да има потенцијал и да работи на тоа да создаде.
И тоа го правиме сите - не заради лично материјално, но со таа личност утре треба да издржуваме дом, да имаме деца, а сето тоа бара пари. Нема логика, да одиш и да направиш деца со некој, кој кука дека нема работа, а не ја ни бара; или нема образование, ама не се ни труди да го стекне.
Затоа, луѓето се делат, и пак ќе кажам - добро е тоа. Петра која што нема намера да се унапредува себеси, работи како фризерка(пример) ќе и биде сосема добро со Митре кој работи како таксист. Трајанка која има повисоки цели, ќе биде со некој сличен на неа.
Затоа што очекувањата од животот, им се приближно исти, можностите им се приближно исти.
И на крајот, дури и оние кои крајно се разликуваат, тешко дека ќе стигнат до брак. Во годините предходно, веројатно ќе увидат дека се различни, немаат исти желби.
На пример, Митре планира да заврши факултет и да има свој бизнис, штеди, се труди да го оствари тоа. Митра пак, планира да заврши средно, и да се омажи и да има деца.
Двајцата завршуваат средно, Митре продолжува со своите планови, Митра е разочарана затоа што нејзината желба и нејзиното очекување не се исполнуваат.
Сети се, кога ти беше на 18 годишна возраст, колку парови од твоја генерација, се разделија? Навидум се разделуваат ради се и сешто, но најчесто е ради пронаоѓањето на различни приоритети и желби за иднината.
Да, дефинитивно. Разликата лежи во тоа што денес се пробуваат повеќе партнери, додека да се избере соодветниот. Порано, тоа не било можноТочно така се согласувам во целост со напишаното.А дали мислиш дека денес новите генерации се на некој начин практикувачи на старата традиција без да им биде наметната?
Токму тука мислам дека лежи одговорот на тоа традиционално ''пребирање'' од страна на родителите.Одредени семејства да потенцирам порелигиозни го негираат разводот затоа што се плашат од грешките и срамот(кој ќе биде нанесен во случај на развод па гледаат да не дојде до тоа).Конзервативноста колку е добра толку е и лоша.Да, дефинитивно. Разликата лежи во тоа што денес се пробуваат повеќе партнери, додека да се избере соодветниот. Порано, тоа не било можно
А освен тоа, границите на стапување во брак се променети, најмногу заради поголемите очекувања на луѓето, па овие ,,пребирања,, мислам дека се дури и поизразени.
Јас не ја оправдувам конзервативноста. Ниту пак зборувам за стапување во брак под притисок.Токму тука мислам дека лежи одговорот на тоа традиционално ''пребирање'' од страна на родителите.Одредени семејства да потенцирам порелигиозни го негираат разводот затоа што се плашат од грешките и срамот(кој ќе биде нанесен во случај на развод па гледаат да не дојде до тоа).Конзервативноста колку е добра толку е и лоша.