Партнер одбран од страна на родителите

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Биди сигурен дека кај Муслиманите(оние во руралните средини) оваа традиција сеуште ја има и тоа на-велико !
Инаку да баба ми и дедо ми се имаат на ваков начин земено, не се познавале меѓусебе, нивните фамилии се договориле и биднала работата, еве ги уште се живи и во длабока старост се и бракот им останал цврст и среќен до крај, ама пак ќе кажам такви биле тогаш времињата, денеска е се поинаку !
Инаку ми имаат кажувано дека во нивно време уште пред 2 с.в. (во нивниот крај/Охридско) оваа традиција се почитувала и се спроведувала во мнозинството случаи, зборам значи за Македонци-Правосл.Христијани, оваа традиција не е само Муслиманска, туку е и стара Христијанска традиција, но денеска се почитува сеуште само од Муслиманите и тоа од оние Муслимани во руралните средини, додека пак оваа традиција е тотално напуштена и веќе не се спроведува кај НеМуслиманите, како и кај урбаните Муслимани ! ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom