Партнер одбран од страна на родителите

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.308
Поени од реакции
8.437
Дури и да не постои јавно, ова се случува, и тоа без посредство на родители.
Факт е дека, Трпе докторот, што го прошетал светот, образован е, познава секакви луѓе, пријателите му се слични на него, животот му се состои од коктели и патувања, нема да се ожени со Петра што сади пиперки, врвно достигнување и е 4 средно земјоделско, а најлуда забава на трач муабет кај Митра.
Исто така, ниту Петра нема голема желба да биде во брак со Трпе, зошто со него не може да разговара или општо да комуницира на темите кои ја интересираат неа.
Можеби родителите денес не ни бираат партнери, ама дефинитивно коментираат и тоа многу, од аспект, ако Трпе случајно ја доведе Петра дома, неговите ќе шизнат, и мислам дека со право ќе шизнат.
Паметно било тоа порано, да ти најдат некој спроти тебе. Ако најдеш некој таков, тогаш имаш поголемо разбирање и слога, па со тоа и поголеми шанси за успешен брак.
Мислам дека треба да ја сфатиме таа поента и дека не било за џабе сето тоа.
Љубовта си е љубов, ама не е се во неа.
Не треба повеќе родителите да ни бараат партнери, можеме и сами да си најдеме некој спроти себе, на слично интелектуално ниво, со слично потекло, слични амбиции, слични идеали и визии за иднината.
 
Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
мислите дека не постои ова кај нас денес? постои!!!
икс девојка оди со ипсилон тип, али типот не бил доволно богат за девојката па нејзините решија да ја запознаат со друг тип според нивните стандарди и и објаснија на девојката дека ако сака живот каков што живеела до сега вториот тип е решение. девојката наравно не сакаше да се откаже од материјалната сигурност која ја имала како девојка па си реши да се омажи за типот кој му го најдоа нејзините после два три месеци од кога се запознаа...
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
Поружно нешто од оваа примитивна глупост не постои!
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Попримитивна работа од договорени бракови нема.
Кај Муслиманите(не сите секако) и денеска наголемо постои оваа традиција, а до пред 50/60 години така било и кај нас Македонците, барем во случаите со моите баби и дедовци, нив родителите ги запознале и ете биднала работата па ете доживеале длабока старост и браковите им останале среќни и цврсти до крај, ама ај да не ги мешаме нив(постарите) бидејќи тогаш такви биле времињата !
Јас лично никогаш не би прифатил вакво нешто, како прво 21 век сме, а и кај нас Македонците оваа традиција е изгубена одамна, некаде после втората светска војна ............. а и невозможно е друг човек(макар и родител) да ти бира партнер кога како прво нема појма што всушност сакаш, што ти се допаѓа, каков тип на симпатија имаш(изглед, карактер и.т.н.) досега три-четири пати мајка ми се обидувала да ме запознава со некои девојки(ќерки на нејзини пријателки, колешки), ама ужас нитуедна не ми се допаднала од нив, ниту физички, ниту пак карактерно, или ептен слаби, или ептен дебели, или ептен повлечени и ќутливи(смотани да речам), или пак ептен модерни и лигави ..... ЈБГ !
Оваа стара традиција е умрена одамна и денес веќе не пали, а и невозможно е друг човек(дури и родител) да ти бара нешто, а притоа незнае што всушност сакаш, каков тип на симпатија имаш, каков лик/изглед ти се допаѓа, каков карактер сакаш и.т.н. :confused:
 
L

Ligeia

Гостин
Дури и да не постои јавно, ова се случува, и тоа без посредство на родители.
Факт е дека, Трпе докторот, што го прошетал светот, образован е, познава секакви луѓе, пријателите му се слични на него, животот му се состои од коктели и патувања, нема да се ожени со Петра што сади пиперки, врвно достигнување и е 4 средно земјоделско, а најлуда забава на трач муабет кај Митра.
Исто така, ниту Петра нема голема желба да биде во брак со Трпе, зошто со него не може да разговара или општо да комуницира на темите кои ја интересираат неа.
Можеби родителите денес не ни бираат партнери, ама дефинитивно коментираат и тоа многу, од аспект, ако Трпе случајно ја доведе Петра дома, неговите ќе шизнат, и мислам дека со право ќе шизнат.
Паметно било тоа порано, да ти најдат некој спроти тебе. Ако најдеш некој таков, тогаш имаш поголемо разбирање и слога, па со тоа и поголеми шанси за успешен брак.
Мислам дека треба да ја сфатиме таа поента и дека не било за џабе сето тоа.
Љубовта си е љубов, ама не е се во неа.
Не треба повеќе родителите да ни бараат партнери, можеме и сами да си најдеме некој спроти себе, на слично интелектуално ниво, со слично потекло, слични амбиции, слични идеали и визии за иднината.
Изгледа не си фан и не си ја гледала Касандра пријателке.Таа култна серија беше пресвртниот момент и главниот виновник за зацврстување на модернистичките погледи кон браковите во нашата земја а воедно нанесе и голема штета всадувајќи го романтизмот кај широката народна маса.:D

Шега на страна,се согласувам со тебе и јас мислам дека не е се во љубовта но нажалост денес колку што и јас сум запознаена кај младите,кај повеќето како да им е програмиран само материјализмот во умот.Како што велиш ти точно е и потребно самите да си одбереме некој кој ќе ни одговара,но на денешниве генерации не им се потребни ниту родителите за да им одберат девојка/дечко туку самите се фокусирани и опседнати со изгледот и парите додека другите карактерни црти дури и ги занемаруваат.Ако дадам свое мислење по она што го гледам можам слободно да тврдам дека љубовта е не во втор туку во трет план денес по ситуираноста и карактерот.Прашањето е колку е тоа добро и здраво и дали се враќаме назад со времето?
 
Види, секогаш ќе постојат добро ситуирани мажи (не толку паметни, не толку способни, не толку убави) и жени чија главна цел ќе биде да се омажат за истите (а тие се не толку паметни, не толку способни, но доста убави). Порано таа работа во име на девојката ја правел нејзиниот татко (Петре има 3 ниви, со него ќе бидеш, Митре има само една крава, не може).
Прво, тргнувам од себе. Само што ,,материјалното,, го вреднувам на друг начин. Не, дефинитивно нема да бидам во брак (или врска) со некој кој ,,дигнал раце,, , и нема ни намера, ни желба, да се мрдне од таму кај што е. Во овој кош ги ставам и оние што немаат ништо, и оние кои имаат се, но не го стекнале сами и немаат желба да стекнуваат сами. Партнерот треба да има потенцијал и да работи на тоа да создаде.

И тоа го правиме сите - не заради лично материјално, но со таа личност утре треба да издржуваме дом, да имаме деца, а сето тоа бара пари. Нема логика, да одиш и да направиш деца со некој, кој кука дека нема работа, а не ја ни бара; или нема образование, ама не се ни труди да го стекне.

Затоа, луѓето се делат, и пак ќе кажам - добро е тоа. Петра која што нема намера да се унапредува себеси, работи како фризерка(пример) ќе и биде сосема добро со Митре кој работи како таксист. Трајанка која има повисоки цели, ќе биде со некој сличен на неа.
Затоа што очекувањата од животот, им се приближно исти, можностите им се приближно исти.

И на крајот, дури и оние кои крајно се разликуваат, тешко дека ќе стигнат до брак. Во годините предходно, веројатно ќе увидат дека се различни, немаат исти желби.
На пример, Митре планира да заврши факултет и да има свој бизнис, штеди, се труди да го оствари тоа. Митра пак, планира да заврши средно, и да се омажи и да има деца.
Двајцата завршуваат средно, Митре продолжува со своите планови, Митра е разочарана затоа што нејзината желба и нејзиното очекување не се исполнуваат.
Сети се, кога ти беше на 18 годишна возраст, колку парови од твоја генерација, се разделија? Навидум се разделуваат ради се и сешто, но најчесто е ради пронаоѓањето на различни приоритети и желби за иднината. :)
 
Точно така се согласувам во целост со напишаното.А дали мислиш дека денес новите генерации се на некој начин практикувачи на старата традиција без да им биде наметната?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.308
Поени од реакции
8.437
Точно така се согласувам во целост со напишаното.А дали мислиш дека денес новите генерации се на некој начин практикувачи на старата традиција без да им биде наметната?
Да, дефинитивно. Разликата лежи во тоа што денес се пробуваат повеќе партнери, додека да се избере соодветниот. Порано, тоа не било можно :)
А освен тоа, границите на стапување во брак се променети, најмногу заради поголемите очекувања на луѓето, па овие ,,пребирања,, мислам дека се дури и поизразени. :)
 
Токму тука мислам дека лежи одговорот на тоа традиционално ''пребирање'' од страна на родителите.Одредени семејства да потенцирам порелигиозни го негираат разводот затоа што се плашат од грешките и срамот(кој ќе биде нанесен во случај на развод па гледаат да не дојде до тоа).Конзервативноста колку е добра толку е и лоша.:)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.308
Поени од реакции
8.437
Токму тука мислам дека лежи одговорот на тоа традиционално ''пребирање'' од страна на родителите.Одредени семејства да потенцирам порелигиозни го негираат разводот затоа што се плашат од грешките и срамот(кој ќе биде нанесен во случај на развод па гледаат да не дојде до тоа).Конзервативноста колку е добра толку е и лоша.:)
Јас не ја оправдувам конзервативноста. Ниту пак зборувам за стапување во брак под притисок.
Природно партнерите така се селектираат, и најчесто таквите бракови успеваат.
Колку се помали разликите меѓу партнерите, толку е поголема можноста за усогласување.
Зошто види, кога си во врска со некого, неговите маани можат да ти бидат симпатични. Но кога ќе живееш со него, тоа ќе ти биде проблем.

Останувањето во брак ради мислењето на околината, е друга тема, и би отишле премногу офтопик :) Ако најдеме некоја таква, ќе направиме таму муабет ;)
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Гледањето на материјалната страна(пред се) кај партнерот(мажот) е многу негативна работа, бидејќи што ако во иднина човекот остане без работа, а со самото тоа и без плата/приходи, што ако банкротира(од ххх причини), што ако му пропадне бизнисот(доколку има бизнис), денеска многу работни места, а и бизниси пропаѓаат преку ноќ(од ххх причини), што потоа, дали пак ќе останете со таквиот маж или ќе го шутнете, само прашувам чисто информативно ?!
Или што ако типот вози некаков Џип, БМВ, Мерџо или Ауди... кога може недај боже да направи сообраќајка и да си ја уништи/искрши колата, или пак да му ја украдат недај боже се се случува, што ако недај боже се случи некаква несреќа: пожар, поплава, земјотрес, војна, кражба и.т.н. и имотот отиде во неповрат, што потоа, пак ќе останете со истиот тип или ќе го шутнете ..... пошто ете имал, ама сега ете нема ништо .................. :tapp:
Работава е врвка ................ сакам да кажам дека во животот се е минливо и менливо ......... убавината е минлива, здравјето е минливо, па и карактерот е менлив со тек на годините, парите/богатството се исто така минливи ... !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom