Ова се претвара во глупа дискусија. Чија глупавост добива уште поголема тежина кога некој ќе се запали и ќе почне да ги мери на кантар граѓаните и селаните, па ќе почне да спомнува корени, лични карти и прапрадедовци... Што е следно? Имотни листови да не треба да извадиме? Не може човек едноставно да каже дека градските девојки повеќе му прават мерак, без да му го оспорат потеклото
Од кај знаеш дека баш ти не си селанец?
Од Скопје си човече,тешко дека имаш градски корени.
Абе види.. Јас и да бев од село, пак ќе го имав истото мислење. Само можеби обратно.
Нормално е селаните да размислуваат поинаку од граѓаните. Гледаат да те поебат за 10 денари доколку можат, или за 100 грама помалку сирење. Да ти дадат од лошите јаболки или расипаните ораси. Да мудруваат за значењето на животот, за светските велесили, за Бранко и Грујо, или за јачината на ракијата. И, еве, да речеме дека ми фатило око некоја селанка, што би правел јас муабет со неа? За стоката, за орање ниви, за големината на шумите, бројот на жители во Градско или за цената на патлиџаните? Океј, и Сведмилк е актуелна дискусија во последно време...
Значи да разјасниме. Не би земал (за партнерка/жена) селанка затоа што не е компатибилна со мене. И што?
Исто како што не би земал велешанка на пример, пошто горе-долу сите се или goth, или ексцентрични писателки без јасен концепт. Или психолози - што е всушност worst case scenario. А такви, не се компатибилни со мене.
Значи, да разјасниме. Јас не ти го наметнувам моето мислење. Не ти одбирам тебе партнер/ка. Само кажувам што мислам. Мислењето е засновано на досегашни искуства, прилики и неприлики со селани и селанки. И затоа што не е баш најдобро, викам дека се тргнам што подалеку од нив. Сметај го ова како да им правам услуга и на нив, и на себе.
Тогаш,биди реален и реплицирај му и на "искомплексираниот скопјанец".
Или не смееш да одиш против администрацијата,а?
И човече, не туку се пали како младо селанче на овца и не ми реплицирај на празно, бидејќи моето мислење не те засега тебе (под претпоставка дека не си од село). Па уште, демек никој не смее - ама ти се најде „храбриот“ да му реплицираш на некој „админ“ : ))))
Абе... До кога со овие админомразачки комплекси на пониска вредност? :nesum:
Да се разбереме.
Ја не плукам по Acid,затоа што е скопјанец,туку поради неговиот став.
Што ги прави лугето од град,подобри од лугето од село?
Тоа сакам да знам?
Како мислиш подобри? Во која смисла? Сите сме луѓе, без разлика на тоа од каде доаѓаме. Добрината не доаѓа заедно со територијата на живеење. Но, добрината не е секогаш пресудна за изборот на партнер - нешто за кое збориме во моментов, ти текнува?
Градските девојки се подобар избор од селанките во секоја смисла, кога збориме за бирање соодветен партнер. Градски девојки се за градски момци - селски моми за селски момци. Кој сака поинаку, бујрум, негов избор.
