Не знам што се испонавредија многумина на темава.
Многу ми е интересно она ставање на равенство помеѓу луѓето и квалитетите кои ги поседуваат.
Не се сите луѓе еднакви и не треба да бидат. Некој ќе биде успешен, некој клошар, некој ќе ебе полно жени, некој ќе дрка (фала Лет3), некој ќе е роден во град, друг во село, некој генетичар, некој филолог.
Некој од град ќе остане со мама и тато цел живот, некој од село ко слатино ќе се избори и ќе стане градоначалник на Охрид, ама ќе си остане сељак, се е релативно и зависно од набљудувачот.
Сепак, поселско нешто од турбо фолк журки, од српска гадна музика по „најелитните“ места низ градов, кои се некој интересен микс на кафана и дискотека каде скопјанчишча се пијанат, шмркаат, лигават, нема.
Поселско нешто од муабети за тоа кој тепал дали манчестер или ливерпул, кој се смувал со која, или слични муабети, кои „на кафе“ по цел ден се вртат нема.
Поселско нешто од гледање на операција идол или триумф или хрватско/српски шпански серии или греј анатоми нема.
Селско кога ќе се употреби со вакво значење, најверојатно не е она кое „граѓаните“ го очекуваат кога го спомнуваат својот статус.
Поголемиот дел од луѓето влегуваат во некој просек кој ги прави селските работи споменати погоре.
Независно од местото на раѓање и живеење.
Да не испадне дека вртам без поента, многу е важно од каде потекнуваш. Но уште поважно е што човекот ќе направи со она кое го има, дали ќе стане фиљан човек или ќе стане скопјанец ко опишаните.
Убаво е да се гордееш ти со твоите родители и со нивните дела, да се гордееш со потеклото, но уште поубаво е станеш некој со кој тие ќе се гордеат.