Партнерот ми е од село, што да правам?

Каде живеете?

  • Град

    Гласови: 322 78,5%
  • Село

    Гласови: 88 21,5%

  • Вкупно гласачи
    410

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Секој што има проблем со оваа работа има проблем со самиот себе.
Нема врска од каде е детето/момата битно да е добар човек и да се сакате. Плус то денес и нема голема разлика меѓу град и село.Коњите, магарињата, маските ќе си се какаат каде што си сакаат било да е град било да е село. Интернетот стаса сегде. Амбуланти, болници, кафичи ги има во скоро секое поголемо село. Нормално во двата случаи има и предности и некои недостатоци но тоа се ситници кои не смеат да уништат човечка врска .
Градски и селски човек ..бесцелно,непотребно распределување на луѓето!
На светот живеат добри и лоши луѓе...луѓе кои ги сакаш и те сакаат и небитни луѓе...единствената определба според која јас се водам .
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Бре бре бре што го тупите кој каде живеел .......... :tapp:
Еве јас на пр. живеам во една Скопска приградска населба, ама исто е како во центарот на градот, не гледам некои големи разлики, асфалтирани улици, осветлување на секои 10м, струја, вода, канализација, интернет+кабловска, 90+% нови возила, се градат нови згради, а и доста куќи, продавници, трафики, маркети на секое ќоше, има амбуланта, пазарчиња, автобуски станици и.т.н.
А што се однесува до селата, имам роднини во едно село во околината од СК и чат-пат ги посетувам и да луѓето имаат бавчи, имаат свињи, кокошки, бунар, готват надвор на шпорет на дрва(летна кујна така они го викаат тоа) ........... и да ви кажам луѓето се богати и можат да не купат со се гаќи, иако се нели ’’сељаци‘‘ пошто живеат во село и се занимаваат со земјоделство и со стока ....... е сега може некој живее во најстрог центар на градот, ама чека да земе плата за да си купи леб, млеко, цигари и да си ги плати сметките ............ ама важно нели е ’’граѓанин’’.
Овие поделби на сељаци и граѓани се крајно смешни !
Незнам колку често се движите низ внатрешноста на државава, но во МКД не се сите села парам-парче има и доста богати села(зборам за чисти Македонски села), не само од печалбарството, туку има и села каде има мини-фабрики/погони, има села со развиено земјоделство и сточарство, не се сите села баук, а и ако не сте знаеле голем број на тие такви ’’сељаци‘‘ имаат и имот по градовите(станови, дуќани, куќи...) ама живеат на село, таму им е работата, можеби не се којзнае колку образовани(иако има и такви) но сепак познавам доста богати лица кои да живеат во село.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Седам пред некој ден на маса покрај плажа, а пред мене 3 скопјанки и еден нивни другар. Општеше едната за некоја случка со некој дечко, која баш и не ја заслушав, иако ечеше цел ресторан од нејзиниот шмизлински пробивен глас. Кога ми привлече внимание другата, која стана да се пресоблече под пешкир, ја слушнав таа првата со скупски акцент како вели: Шо? Немаше ни да го погледнам ако знаев дека е од М.... (некое скопско село веројатно, кое скроз го изумив). Потоа сите на глас почнаа да се смеат оговарајќи го споменатиот тип. А да беа некои пи*ки, ајде де. Ем беа грди, ем глупи, ем костимчињата за бањање им стоеа ептен грдо и половина несмасно навлезени во нивните задници. :facepalm:
А мое мислење? Од кај сака нека е партнерот ако ми е сродна душа и човек кој дели мои мислења. Таков и од село ако е, ќе е далеку подобар од лигуши, слични на лигушкиве од претходниов муабет.:pipi:
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Ако партнерката ми е од село - одлична прилика за секс во природа. :rolleyes:

Селанка е чак што више и привлечна ствар, сељанка on the other hand...
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Ако е од село дечкото со време научи се да молзиш крави
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Абе какви бутчиња сирење...какво моме пропуштив од чашка ден денес ми е криво а ме сакаше колку само беше мила,нежна..пу да ти ебам ќускијата глупа.
И јас исто. (од Чашка).
Ако не била истата :)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
ќе си идете у село тамо кокошки зајци свињи пчели овци све може да котите башка ѓенската ќе музе млеко од кравите ќе носи вода од кладенец ќе цепи дрва и ќе му носи ручек на дечкото на нива и богат е оној кој има земја гласи една еврејска мудрост.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Ако би размислил сега би живеел во некое селце и би растел некои потребни работи достојни за еден живот и една девојка до мене ништо не ми треба.
 
L

Luki Junior

Гостин
Ее јас тука газда ќе испаднам бе... Нејќат момите селски деца... Ного сме прости и некултивирани по принцип.
 

Lady Blue

АМАЗОНКА
Член од
18 ноември 2008
Мислења
31
Поени од реакции
22
Може треба секој да си носи натпис на чело од каде е .... за да му се олесни изборот на некој ....
Плитко.... многу плитко ......
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Што има врска дали партнерот/партнерката е од село ако фино, културно и цивилизирано се однесуваат??? И ако имаат литературен говор!!!

Мене најмногу ме иритира што особа без разлика дали е машко или женско роден/родена е во град ама има селски АКЦЕНТ/НАГЛАСOК!!!

Најселски АКЦЕНТ/НАГЛАСOК во нашава земја има во Кичево, Велмеј, Македонски Брод и Демир Хисар...

Како ги тегнат тие зборовите дури да ти кажат еден збор цела минута ќе помине...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
289
Поени од реакции
446
Што има врска дали партнерот/партнерката е од село ако фино, културно и цивилизирано се однесуваат??? И ако имаат литературен говор!!!

Мене најмногу ме иритира што особа без разлика дали е машко или женско роден/родена е во град ама има селски АКЦЕНТ/НАГЛАСOК!!!

Најселски АКЦЕНТ/НАГЛАСOК во нашава земја има во Кичево, Велмеј, Македонски Брод и Демир Хисар...

Како ги тегнат тие зборовите дури да ти кажат еден збор цела минута ќе помине...
Коа слушам кичевчани како зборуваат ми крварат ушите
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.353
Поени од реакции
38.587
Јас битолчани неможам да ги поднесам. "Шо си се сторила мор ко лубејцна си". :гомце::гомце::facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom