Партнерот ми е од село, што да правам?

Каде живеете?

  • Град

    Гласови: 322 78,5%
  • Село

    Гласови: 88 21,5%

  • Вкупно гласачи
    410
Член од
11 јануари 2009
Мислења
68
Поени од реакции
0
не е битно каде жибеш битно е како се однесуваш и мислам дека ти си сељак а не таа а ако е убава и паметна заш да не.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Во ред е тоа што двајца меѓусебно се заљубуваат, но тука станува збор најверојатно за врска на подолг период. Е сега тука значи дека некој ќе треба да смени место на живеење. И тука настанува најголемот проблем, како што спомна и виктор, имено не е проблем што таа е од село а тој од град, туку проблемот е во наоѓање заеднички начин на живеење. А обично секој е научен на некоја животна динамика со која е израснат човекот а таа динамика е диктирана од местот на живеење.
Значи што да се прави, па прво да се размисли дали навистина едниот од партнерит може да се навикне и да живее со таа динамика која е диктирана од местот на живеење на едниот партнер од која и потекнува и каде двајцата партнери би живееле заедно.
И имајте на ум тука не станува за разлики само помеѓу село и град туку има и големи разлики од град до град. Имено има генерализирано гледано три динамики на живеење. Едната е динамика карактеристична за село, втората е динмика карактеристична за помали градови, и третата е динамика карактеристична за големи градови кио живеат 24 часа.
Само колку за илустрација јас израснат во Скопје, кој е релативно голем град кој условно кажано живее 24 часа, дојдов да студирам во Kassel во германија кој е град кој е најмалку трипати помал од скопје и во кој има животна динамика како во помал град. Оваа разлика на динамика јас тука ја чувствувам и ми смета многу искрено. Колку за споредба имав можност да живеам 2 месеца во Берлин кој е голем град и живее 24 часа, и уште во првите неколку часа што ги поминав по Улиците во берлин веднаш забележав разлика, и се чувастував многу поубаво и ми бееш многу попријатно многу слично како што се чувствувам кога сум во скопје.
Така да мислам дека ова е најголемиот проблем за кој треба да донесе решение и да се размисли, а за тоа што зборат другите, епа добро де тоа им е и работа да зборат, освен тоа добрите другари ако се навистина добри никогаш нема да им падне на памет да ти судат за тоа со која си решил и каде си решил да живееш, бидејќи на твоите најдобри другари и другарки најбитно треба да им е ти да си среќен.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Аиииииииии.... мене ми е женската од “село“ па што да правам? Лелеее, веќе 5 години сум во врска (ке ми се смејат :kesa: да се скријам)...
Од вакви коментари да му пукне на човек душата. Која е разликата помеѓу човек од град и човек од село?? Сега ке ти кажам... Градските деца се “мамини мази“ по цел ден или се излезени на кафе, или се собрани кај некој другар/ка. Додека селските се повеќе по работата, помагаат дома уште од мали, немаат многу време за кафе, шетање и денгубење. Што е тука за потсмев (освен што едните се мрзи) не гледам. Ако може некој нека ме просветли.

А што е потрагично? Вакви “граѓани-кремци“ изгорени да заминат во странство (Америка, Германија), имам видено 10000001 случај. И како се годи, баш нивната работа во таа нивна златна туѓина е по рурални средини (фарми и ранчови). Ама не работат дома “селски работи“ и седат со 1 кафе во кафуле (со пари позајмени од мама по двочасовно молење), бидејки ке им се смеат.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
па дечково е сељак,а не девјчето :toe:
уфф што мразам такви исфрустрирани луѓе
Повеќе е комплекс, полно луѓе страдаат од вакви комплекси али работата е што покасно ќе освестат какви се работи испуштиле само ради тие глупи комплекси.
Искрено ме заболе дали некој ќе ми се смее или ќе ме зборува за што и како сум правел и со кој сум правел, чим го прави тоа нема попаметна работа и се замара со мене, така да додека јас не се замарам со него/неа/нив не се мој проблем, кога ќе се замарам со нив тогаш ми се проблем.
Типов кој и да е, е прост зошто (бар според негови кажувања) испушта супер девојче ради некои што ќе му се смеат така да се надевам дека тие дегени што му се смеат ќе го прават среќен.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
.

Да имаш предрасуди за некој само заради тоа дали живее во урбана или рурална средина е навистина интелегентно нели?
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
:pos2: (eмотикон каде Мими се смее 10 минути)
Ten minutes later...
Мислам дека човек со вакво размислување, нема сопствено јас и е претерано несигурен во себе и тоа што го сака. Зарем ние би биле луѓе, ако прифаќаме секакви работи што од страна ќе ни ги пласира општеството и неговите изместени членови? Треба да си одредиме критериум и база на вредности кои ќе ги следиме и почитуваме. Дечково сака да се ебе, неќе да му влезе. Со други зборови, живее за околината. Ако девојката ги има атрибутите кои тој ги наброја и единствената ,,деформација" и` е што е од село, ондак не ми е јасно... Што е проблемот? Доста живеете за комшијата. Има разлика меѓу селанец и сељак. Вториов не е пожелен за дружење и комуникација, затоа што не нуди продуктивни вредности. Сите ние мора да живееме некаде... Макар и во град.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
6
Поени од реакции
0
e batka so ubavo da si imas devojce so crveni obravcinja so bujni i ubavi........ somo zapomni koga selanecot ke gi frli opincite i ke vleze u konduri e togas si n....l zatoa i drzavata ni e vakva:duel:
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Уууу, све мангупи еј, му се сснавте на малиот хиени едни, вие без никакви предрасуди не сте. Бркајте работа бе, иам слишнато луѓе како викаат "Пеер, неќам да идам со неа, од драчево е, од бутел е, од ваму е, од таму е"

:pos2: (eмотикон каде Мими се смее 10 минути)
Ten minutes later...
Мислам дека човек со вакво размислување, нема сопствено јас и е претерано несигурен во себе и тоа што го сака. Зарем ние би биле луѓе, ако прифаќаме секакви работи што од страна ќе ни ги пласира општеството и неговите изместени членови? Треба да си одредиме критериум и база на вредности кои ќе ги следиме и почитуваме. Дечково сака да се ебе, неќе да му влезе. Со други зборови, живее за околината. Ако девојката ги има атрибутите кои тој ги наброја и единствената ,,деформација" и` е што е од село, ондак не ми е јасно... Што е проблемот? Доста живеете за комшијата. Има разлика меѓу селанец и сељак. Вториов не е пожелен за дружење и комуникација, затоа што не нуди продуктивни вредности. Сите ние мора да живееме некаде... Макар и во град.
Немаш седено со сеирчиско друштво, барем недела дена. Друштвото ми е такво, сите сме такви, се смееме, сите сакаме шала на своја сметка, и се шо не чини, си плескаме у фаца, нема ласкање. Он има сеирџиско друштво, шо очигледно не знае шо чини а шо не. И дефинитвно несака да го реметат зашо иде со девојка од село, несака да му се качат на глава. Исто како што некој од вас не би облекол нешо шо многу му се свиѓа, ама знае дека друштвото нема да го бендиса, и ќе го дупат 2 недели ради тоа..
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Уууу, све мангупи еј, му се сснавте на малиот хиени едни, вие без никакви предрасуди не сте. Бркајте работа бе, иам слишнато луѓе како викаат "Пеер, неќам да идам со неа, од драчево е, од бутел е, од ваму е, од таму е"



Немаш седено со сеирчиско друштво, барем недела дена. Друштвото ми е такво, сите сме такви, се смееме, сите сакаме шала на своја сметка, и се шо не чини, си плескаме у фаца, нема ласкање. Он има сеирџиско друштво, шо очигледно не знае шо чини а шо не. И дефинитвно несака да го реметат зашо иде со девојка од село, несака да му се качат на глава. Исто како што некој од вас не би облекол нешо шо многу му се свиѓа, ама знае дека друштвото нема да го бендиса, и ќе го дупат 2 недели ради тоа..
Во светот на зрелите луѓе, владеат други правила. И не, немам седено со сеирџиско друштво, бидејќи не ми е потребно. Потребен ми е контруктивен муабет а не јадење фекалии еден за друг на мутава база. Зошто некој треба да се осуди на база на тоа што живее во село? У осталом, ако толку му значи девојката, и ако тој му значи на друштвото, тие ќе умеат да го разберат и да си ги поткастрат јазиците и да ги позиционираат позади заби.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Подобро паметен, добар човек од село, отколку невоспитан дебилен градски сељак. Се додека партнерите си одговараат и се компатибилни, не гледам зашто би имало пречка во врската, особено тоа дали е парнерот/ката од село. Башка, секој има свои критериуми. Кој како си ја наредил работата.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Во светот на зрелите луѓе, владеат други правила. И не, немам седено со сеирџиско друштво, бидејќи не ми е потребно. Потребен ми е контруктивен муабет а не јадење фекалии еден за друг на мутава база. Зошто некој треба да се осуди на база на тоа што живее во село? У осталом, ако толку му значи девојката, и ако тој му значи на друштвото, тие ќе умеат да го разберат и да си ги поткастрат јазиците и да ги позиционираат позади заби.
Коментар на место.
Малиот има такво друштво, јадење фекалии увелико, за без врска.
Едно е, да ти плескаат у фаца коа ќе заебеш нешо, и да не ти ласкаат дека си прекрасен коа не си. А друго е да те дупат зашо ти се свиѓа фино девојче од село.
Али у секој случај го разбирам, не го оправдувам неговото размислување, али јасно ми е зошто е такво.
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
ако ја сакам нема да се срамам дека е од село и покрај сите ругања и подјебавања од страна на друштвото на моја и нејзина сметка..шо ги боли нив дали мојата девојка е од село..никој нема право да се меша во мојот избор.живеј си го животот како ти сакаш и како тебе ти одговара
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Подобро паметен, добар човек од село, отколку невоспитан дебилен градски сељак. Се додека партнерите си одговараат и се компатибилни, не гледам зашто би имало пречка во врската, особено тоа дали е парнерот/ката од село. Башка, секој има свои критериуми. Кој како си ја наредил работата.
Зависи од кој тип на развиеност е селото. :helou:

Во практика постојат тие предрасуди, особено во едно искомплексирано материјално општество како нашето.

За девојка дури и нема некоја пресудна улога местото на живеење, колку што тоа стана услов за машкото кога е во прашање интересот од спротивниот пол ( не навлегувам од која страна наметнато).

Сепак постојат одредени разлики, меѓу градското воспитување и она на село, но конкретно во Македонија таа разлика е минимална :tv:

Далеку сме ние од граѓаните на вистинските светски метрополи за да можеме да се вообразуваме на овој начин, сепак ние сите сме си сеуште со типична народна македонска душа и однапред сите каприци ни се простени. :wink:

Баш би сакал да си земам селанка од некое македонско село, велат многу темпераментни биле во кревет,а готвеле селски јадења за мерак.

Ја сум за.:smir:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Дали проблемот е само во географските поими град-село (разликата е само во големината). Инаку и во град и во село живеат луѓе, само што во градот поголем дел се анонимуси и цел живот се борат за сопствен идентитет и преку чаламџиска (т.н урбан речник) изјава се обидуваат да свртат внимание, додека во село сите се со идентитет и со име , презиме и прекар, не „патат“ од ништо и за ништо едноставно пленат и сите се лепат за нив. Не случајно рекол нашиот народ „Подобро прв во село отколку последен во град“.
 

Janev

____________
Член од
27 март 2007
Мислења
2.856
Поени од реакции
58
ако ти се допаѓа зашо да не бидеш, нема тука срам, ти ќе си идеш со неа, не другарите, има многу луѓе шо говорат така пред време, се додека не ја запознаат личноста каква е, одкога ќе увидат дека е добра личност, убава, примерна како што има наведено членот, некој од тие другари ќе љубомори...од село била, проста била (има некој девојки од село шо се прости, но исто така и од град има прости девојки)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom