Парите носат среќа

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Parite ne mozat da te spasat od

sigurna smrt,
bolest
prevaranti
srekja vo semejstvoto
nekoj da ne ti ja izgrebe kolata
duseven mir
kardio zapuseni arterii
nesiguren seks
cist vozduh
smisla za organizacija na zivotot
Kim Kardasijan da ti bide zena

Ili kako bese ona se najadovme se napivme ajde sega stara pesna.

Da ne redam sega drugi raboti golemi ste sami si znaete...................
 

_Tigro-Lion_

Wild Animal
Член од
10 јануари 2012
Мислења
47
Поени од реакции
39
Парите не значи дека носат среќа.
Колку сакаш имај пари ако се поболиш од рак, тумор, леукемија џабе ти се... Болеста не бира сиромав, богат...

Колку сакаш имај пари еден ден ќе ти дојди пред куќа црниот караван од фирмата МИРЕН СОН или пак Ден и Ноќ, и оној со Кандилцето...А богатството никој в гроб нема да го земи.
Премногу си морбиден, а претпоставувам дека си млад човек ............................ не е убаво човек постојано да биде песимист и да мисли на негативните работи ............. еден ден сите ќе си заминеме од овој свет, без разлика кои и што сме биле ........................ но поентата е и нешто да се искуси во тој живот, да се проживее животот, нешто да се види и осети во тој живот од неколку децении.
И факт е друже, дека без парица денес, ништо, ама баш ништо, нема да видиш, осетиш, вкусиш, проживееш од тој живот, покус или подолг, вотева‘.
 
Член од
9 февруари 2007
Мислења
441
Поени од реакции
61
според мене парите купуваат се!!!!здравје срека и останаати земнји задоволства....
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Премногу си морбиден, а претпоставувам дека си млад човек ............................ не е убаво човек постојано да биде песимист и да мисли на негативните работи ............. еден ден сите ќе си заминеме од овој свет, без разлика кои и што сме биле ........................ но поентата е и нешто да се искуси во тој живот, да се проживее животот, нешто да се види и осети во тој живот од неколку децении.
И факт е друже, дека без парица денес, ништо, ама баш ништо, нема да видиш, осетиш, вкусиш, проживееш од тој живот, покус или подолг, вотева‘.
Чекај вака сега едно прашање: Што ти фали да немаш пари, а да живееш 95-98 години. Многу луѓе има што сиромашно живееле, а дотуркале до тие години.

А има некои и екстремно богати луѓе што на 18 години си го закопале детето.
 
Член од
9 февруари 2007
Мислења
441
Поени од реакции
61
Чекај вака сега едно прашање: Што ти фали да немаш пари, а да живееш 95-98 години. Многу луѓе има што сиромашно живееле, а дотуркале до тие години.

А има некои и екстремно богати луѓе што на 18 години си го закопале детето.

еве јас би сакал да ти одговорам на прашањето
нисто не им фали како бебиња се......ќелави со пелени без заби немозат да одат се кењаат во гаќи :)))))))
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Чекај вака сега едно прашање: Што ти фали да немаш пари, а да живееш 95-98 години. Многу луѓе има што сиромашно живееле, а дотуркале до тие години.

А има некои и екстремно богати луѓе што на 18 години си го закопале детето.
Не гледам на кој начин парите играат улога во животната „судбина“, да ја наречам... Ама секој би сакал, ако може да бира, да живее 90 години богат, наместо сиромав... да не се лажеме. А денеска, парите и тоа како придонесуваат за продолжување на животниот век.

Сакаш да се школуваш = пари!
Сакаш здравје = пари!
Сакаш да прошеташ, видиш свет = пари!
Сакаш да излезиш со девојка на вечера = пари!
Да се жениш = пари!
Да умриш = пари!
.......
.......
....... = пари!
 
В

Вештерот

Гостин
Епа на сите што мислите дека парите носат среќа од искуство да ви кажам дека не е така. Направив пари , ама за цена на тие пари ги изгубив сите пријатели, девојката, а поширокото семејство одамна ме заборави. Не се жалам ама кажувам која е цената на парите. Останаа само неколку таканаречени пријатели кои се околу мене само затоа што имаат интерес да ќарат нешто и ми се гади и повраќа кога ги гледам. Станав алкохоличар од мака. И што е најлошо парите не траат долго. Со неколку погрешни во кратко време изгубив дел од тие пари.
И сега што? Имам пари немам на што и со кого да ги трошам. Ти **** таквиот живот.
 

_Tigro-Lion_

Wild Animal
Член од
10 јануари 2012
Мислења
47
Поени од реакции
39
Чекај вака сега едно прашање: Што ти фали да немаш пари, а да живееш 95-98 години. Многу луѓе има што сиромашно живееле, а дотуркале до тие години.

А има некои и екстремно богати луѓе што на 18 години си го закопале детето.
Абе батка незнам што имаш во главата, премногу си морбиден !!!
Види човече, еве конкретно за мене лично ќе си кажам ............... боље да живеам 50 години богато или средно-богато, отколку 100 или повеќе години во тешка мизерија ................... капито о но ?!
Никој и никад не може да ме убеди дека е боље да бидеш сиромав, отколку богат или средно-богат(средина) ............. не е исто да возиш фиќо/југо/101 и да возиш ауто од да речеме 10/15/20 или повеќе илјади еура .................. не е исто да работиш у топло и чисто(за солидна плата) и да работиш у штала или у нива .................. не е исто да живееш во нормална куќа/стан и да живееш во распадната шупа .................. и уште милион примери, ама ај да не набројувам ....................................... несакам да навредам никого, но ова се фактите и реалноста ..................... јебем ти живот, без парица .................... а за на оној свет, сите таму ќе заминеме некад ............ но поентата е на овој свет нешто да видиме, осетиме, проживееме ..... а без парица тешко дека и од дома ќе излеземе !!!
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
1. Нормално дека ако имаш пари ќе можеш да се школуваш, ама не можеш да купиш знаење. можеш тогаш да го завршиш факултетот со давање мито по професорите, Или пак 10.000 евра на Деканот на Факултетот за да си ја купиш дипломата. Ама не е то то.
2. Сакаш здравје = пари! Ма немој. Да беше така секој богаташ ќе се излекуваше од рак, тумор, леукемија. Или пак секој богаташ ќе живееше илјадници години. Или евентуално пак - вечно...
3. Да се жениш = пари! Жена којашто те сака искрено од Љубов ќе те земи и ако немаш пари. За пари може да те сака само Ороспија.
4. Да умриш = пари! Нормално Бидејќи Богатството се знае дека не е спечалено чесно (ДРОГА, РЕКЕТ, УЦЕНА, ЛИХВАРСТВО, ШВЕРЦ) ти виси животот на конец. Во секој момент можеш да бидеш убиен не е битно дали од пиштол или пак од Снајперски оган. Како на пример илјадници Богаташи се убиваат во некој наркокартели во Колумбија, Мексико, Чиле, Сицилија...
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.735
Поени од реакции
4.485
Parite ne mozat da te spasat od

sigurna smrt,
bolest
prevaranti
srekja vo semejstvoto
nekoj da ne ti ja izgrebe kolata
duseven mir
kardio zapuseni arterii
nesiguren seks
cist vozduh
smisla za organizacija na zivotot
Kim Kardasijan da ti bide zena

Ili kako bese ona se najadovme se napivme ajde sega stara pesna.

Da ne redam sega drugi raboti golemi ste sami si znaete...................
Зошто воопшто некој би сакал да живее засекогаш?
Од 99% од болестите може да те спаси.
Можеби не е пресуден фактор ,но секако ако правилно се искористат се прилично корисни.
Еден дибек во костим ќе го плаќаш цел ден да ти ја варди колата(или ќе си купиш нова ако не си емоционално врзан за неа)
Душевен мир? -Тоа е „внатрешна работа“ и никој не може да ти ја донесе можеш само самиот да го постигнеш за што не ти се ни потребни пари воопшто.
Здрав режим на исхрана.(ни за ова не требаат којзане какви парични средства)
Ако више до толку си (ретардиран-општо)ќе платиш чповек да те организира.
Ова последново најлесно е ако имаш пари.(На крај краева можеш и да ја киднапираш)

Парите се како се друго во животот ако ги користиш како што треба ќе ти донесат среќа ако не ќе бидеш мизерен.
--- надополнето: 22 јануари 2012 во 00:57 ---
Работи кои не можеш да ги купиш со пари се само оние кои не се на продажба.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.278
Поени од реакции
26.154
Сакаш здравје = пари! Ма немој. Да беше така секој богаташ ќе се излекуваше од рак, тумор, леукемија. Или пак секој богаташ ќе живееше илјадници години. Или евентуално пак - вечно...
Не ама и никој не умрел заради тоа што немал пари да си го плати лечењето. Види го подфорумов, да видиш дали здравјето чини пари или не.
http://forum.kajgana.com/forums/Хуманитарни-акции-и-помош.90/
1. Нормално дека ако имаш пари ќе можеш да се школуваш, ама не можеш да купиш знаење. можеш тогаш да го завршиш факултетот со давање мито по професорите, Или пак 10.000 евра на Деканот на Факултетот за да си ја купиш дипломата. Ама не е то то.
Или можеш да платиш партиципација и да учиш. Ако немаш не можеш никако да ја добиеш дипломата, ниту знаењето. Ако имаш твој избор е дали ќе добиеш диплома, знаење или двете.
Да умриш = пари! Нормално Бидејќи Богатството се знае дека не е спечалено чесно (ДРОГА, РЕКЕТ, УЦЕНА, ЛИХВАРСТВО, ШВЕРЦ) ти виси животот на конец. Во секој момент можеш да бидеш убиен не е битно дали од пиштол или пак од Снајперски оган. Како на пример илјадници Богаташи се убиваат во некој наркокартели во Колумбија, Мексико, Чиле, Сицилија...
Не туку за погреб се потребни пари. Инаку многу повеќе сиромашни умираат насилно, отколку богати.
 

_Tigro-Lion_

Wild Animal
Член од
10 јануари 2012
Мислења
47
Поени од реакции
39
1. Нормално дека ако имаш пари ќе можеш да се школуваш, ама не можеш да купиш знаење. можеш тогаш да го завршиш факултетот со давање мито по професорите, Или пак 10.000 евра на Деканот на Факултетот за да си ја купиш дипломата. Ама не е то то.
2. Сакаш здравје = пари! Ма немој. Да беше така секој богаташ ќе се излекуваше од рак, тумор, леукемија. Или пак секој богаташ ќе живееше илјадници години. Или евентуално пак - вечно...
3. Да се жениш = пари! Жена којашто те сака искрено од Љубов ќе те земи и ако немаш пари. За пари може да те сака само Ороспија.
4. Да умриш = пари! Нормално Бидејќи Богатството се знае дека не е спечалено чесно (ДРОГА, РЕКЕТ, УЦЕНА, ЛИХВАРСТВО, ШВЕРЦ) ти виси животот на конец. Во секој момент можеш да бидеш убиен не е битно дали од пиштол или пак од Снајперски оган. Како на пример илјадници Богаташи се убиваат во некој наркокартели во Колумбија, Мексико, Чиле, Сицилија...
Абе ти каде отиде човече, одма фати за Колумбиски картели да збориш, па не секој човек што има некаква пара е нарко-дилер или шверцер, АЛЛОООО, кој ти го кажа тоа, да му удриш шамар ........... и не секој завршува факултет со пари, иако има и такви и тоа премногу .................. јас моето образование го завршив успешно, без ниту денар ставен во нечиј професорски џеп ................... дај не млати празна слама, кај што не ти е место ................................ ако си комуњар биди си немам ништо против, држи си се до идеолошката матрица, но немој ЖИТИ СЕ да солиш памет на други, мене друже неможеш да ми солиш памет, нема нешто што не сум видел, чул, искусил, сретнал и.т.н. на овој свет и сум најнормален средно-ситуиран човек, сам си заработувам за живот и сум генерално задоволен !!!
Држи и чувај си ги твоите мислења за себе, мене не ми ги продавај, неможеш !!!
 
Член од
22 јануари 2012
Мислења
76
Поени од реакции
23
ima edna izreka so veli... ne e se vo parite.. ima neso i vo dolarite.... :D hahahah.... ali shala na strana... Tigro-lion e vo pravo.. ne postoj covek na svetot sto neki da ima parica v dzeb.. to e FAKT!... sekoj saka da izlezi namesto edna pijachka da ja ligaj cela vecer, da se napie 4-5 pijacki...da odi da prosheta po svetot... i jas sakam sekoj den da mi e polna kolata so nafta pa da vozam non stop... ama tato ne e rokvejler pa da praam taka...a ako kupvas obrazovanie so pari.. vo red ke go kupis.. ama so znaenjeto so prajme??? ili ke imas fakultetska diploma ke rabotis direktor (ke te pikni tatko ti, partijata ili slicno) i ke treba da naprajs neso i sto posle? ke mu recis abe jas ne znam tate mi plati? ne e taka... ali i isto taka fakt e deka ako vo denesno vreme PRED da polagas da odis so indeks i so 50 evra vo nego kaj profesorot polozen si.... parite ne nosat sreka, tuku parite KUPUVAAT sreka, to e poke od jasno mislam... ali ne SEKOJ znaj da go iskoristi to... pozdrav :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
1. Нормално дека ако имаш пари ќе можеш да се школуваш, ама не можеш да купиш знаење. можеш тогаш да го завршиш факултетот со давање мито по професорите, Или пак 10.000 евра на Деканот на Факултетот за да си ја купиш дипломата. Ама не е то то.
2. Сакаш здравје = пари! Ма немој. Да беше така секој богаташ ќе се излекуваше од рак, тумор, леукемија. Или пак секој богаташ ќе живееше илјадници години. Или евентуално пак - вечно...
3. Да се жениш = пари! Жена којашто те сака искрено од Љубов ќе те земи и ако немаш пари. За пари може да те сака само Ороспија.
4. Да умриш = пари! Нормално Бидејќи Богатството се знае дека не е спечалено чесно (ДРОГА, РЕКЕТ, УЦЕНА, ЛИХВАРСТВО, ШВЕРЦ) ти виси животот на конец. Во секој момент можеш да бидеш убиен не е битно дали од пиштол или пак од Снајперски оган. Како на пример илјадници Богаташи се убиваат во некој наркокартели во Колумбија, Мексико, Чиле, Сицилија...
Човече, очигледно не сфати шо ти пишував... Не мислев со пари да купиш знаење, ама за да се школуваш требаат пари и тоа многу. Јас мислиш не би сакал на MIT да студирам? Или некој од топ 100 технички универзитети во светов? Ама тоа кошта... и тоа многу!
И кога сме кај здравјето не забегувај во екстреми. Ти овде сите примери што ги наброја се екстремни случаи, uncommon. Не дискутирам за тие болести за кои што се крие лекот за да се остварува многукратно повеќе профит. Што ако на пример ти треба операција на срце чија сума е со 5 цифри во евра? Ќе организираме хуманитарни концерти?! Види во Америка каков е здравствениот систем, па ќе правиме муабет дали имањето пари не значи живот...
И пак околу женењето не сфати. За да се ожениш, треба да потрошиш пари? За да формираш семејство, треба да се обезбедиш станбено? Или со мама и тато до гроб сакаш да живееш? Па како што е адетов кај нас, луѓе кредити земаат за да направам џумбус од свадба, со 300 гости опа-цупа.... тоа не чини неколку илјади евра?
И за умирачка, покојниот не му ја мисли, нема ни шо да мисли... ама прашај семејството кој трошок е денеска да закопаш покоен. Прашај колку чини едно гробно место. Не џабе викаат дека во Скопје најскапиот станбен квадрат е во гробишта бутел.
И пак мисли си ти дека не се пресудни парите за добар живот. Проблемот е да не дозволиш парите да владеат со тебе, туку ти да владееш со нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom