Парите носат среќа

Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.370
  • Општо познатата фраза „парите не носат среќа„ е чиста измислица од нас обичните луѓе искажана во такво издание за да ја ублажува моменталната финансиска состојба во која се наоѓаме. Исто како што рајот е утеха за загубата на некој близок т.е „ок ајде бар е на подобро место„, така аналогно на тоа му доаѓа и оваа фраза.
  • Пред некое време прочитав една заебанција што на прв поглед е жива глупост, но само на прв поглед. „Боље да бидам несреќен во ферари него во фичо„ што е и стварно така. Нашата несреќа не секогаш е резултат на сплет од околности. Најчесто ние самите си го одредуваме патот кон среќата/несреќата, а во денешно време со длабок џеб, сите врати се отвараат, односно вратите на успехот а со тоа и на среќата. Не за џабе викаат „пара на пара лежи„, а и стварно е така маме му... Но што попрво да направи... Незнае како ќе се прерани, како ќе плати сметки, кирија, а не па да инвестира во себе си.
  • Обичните луѓе константно се соочени со секојдневни нервози од типот, не ми грее доволно парново, кај на куров да го викнам сеа парнаџијава ќе ме одере, а внатре кичма не се седи. Па ајде караници, нервози, снаоѓања за пусти 1-2 богородички. Да не напоменувам уште милион и еден проблем од ваквите секојдневни секирации, се разбираме.
  • Следен проблем кој беспарицата го носи е немањето време. Луѓето се молат денот да трае 25 саати, за да можат да стигнат со работа и да го обрнат тој 1 саат повеќе за своите најблиски. Тоа скапоцено време што они го губат секако не го купуваат ниедни пари на овој свет, но е резултат на немаштијата, додека пак паричката плус ти го штеди времето.
ту би континуед
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.662
Поени од реакции
4.730
Парите се нумеро уно или сексот беше (али тој може да се купи со пари или главен фактор да биде за да дојдеш до него)

Се е до парите :coffee:
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Парите ја прават насмевката
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
Не се се' во животот, но кога ги имаш другите маки изгледаат помали... :вонзем:
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Па всушност ќе можеш да си купиш за јадење или да шеташ негде ама немаш гаранција дека ќе бидеш среќен се е релативно.

Пошо сите ако имаат пари никој нема да работи и ќе се јави рецесија.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
  • Општо познатата фраза „парите не носат среќа„ е чиста измислица од нас обичните луѓе искажана во такво издание за да ја ублажува моменталната финансиска состојба во која се наоѓаме. Исто како што рајот е утеха за загубата на некој близок т.е „ок ајде бар е на подобро место„, така аналогно на тоа му доаѓа и оваа фраза.
  • Пред некое време прочитав една заебанција што на прв поглед е жива глупост, но само на прв поглед. „Боље да бидам несреќен во ферари него во фичо„ што е и стварно така. Нашата несреќа не секогаш е резултат на сплет од околности. Најчесто ние самите си го одредуваме патот кон среќата/несреќата, а во денешно време со длабок џеб, сите врати се отвараат, односно вратите на успехот а со тоа и на среќата. Не за џабе викаат „пара на пара лежи„, а и стварно е така маме му... Но што попрво да направи... Незнае како ќе се прерани, како ќе плати сметки, кирија, а не па да инвестира во себе си.
  • Обичните луѓе константно се соочени со секојдневни нервози од типот, не ми грее доволно парново, кај на куров да го викнам сеа парнаџијава ќе ме одере, а внатре кичма не се седи. Па ајде караници, нервози, снаоѓања за пусти 1-2 богородички. Да не напоменувам уште милион и еден проблем од ваквите секојдневни секирации, се разбираме.
  • Следен проблем кој беспарицата го носи е немањето време. Луѓето се молат денот да трае 25 саати, за да можат да стигнат со работа и да го обрнат тој 1 саат повеќе за своите најблиски. Тоа скапоцено време што они го губат секако не го купуваат ниедни пари на овој свет, но е резултат на немаштијата, додека пак паричката плус ти го штеди времето.
ту би континуед
Сето тоа е така. Со пари се купува речиси се`. Со многу пари и до подобро психо-физичко здравје се доаѓа. А дали носат среќа, тоа зависи од оној што ги има парите. Ако знае да ужива во нив, ако има време да ги троши и да ја искористи својата состојба - одлично. Зошто има многу што имаат голема пара, но и тие рмбаат на свој начин, се нервираат и постојано се под стрес. Верувале или не, има и такви што „штедат“ и на себеси и на своите, како во славната епизода од Македонски народни приказни :pos:.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Парите носат среќа, но и несреќа. Таткото добива на лото, му купува на синот мотор, и по некое време синот доживува несреќа и умира. Кога имаш неизлечива болест, парите нема да ти помогнат. Од друга страна, па и потребни се, ако си болен, треба да се оперираш од нешто, но немаш пари за таа операција, и не можеш да се снајдеш да најдеш средства на време, го губиш животот. Но, според мене, најдобро е се' кога се има во умерена мера.(златна средина:) )
 

Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
Пред некое време прочитав една заебанција што на прв поглед е жива глупост, но само на прв поглед. „Боље да бидам несреќен во ферари него во фичо„ што е и стварно така. Нашата несреќа не секогаш е резултат на сплет од околности.
Ја ја имам чуено за девојка: Ако треба да плачам, бар да плачам у ферари него у фичо !;)

Иначе со пари среќа не се купува..за мене важи тоа;)
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Парите носат среќа, но и несреќа. Таткото добива на лото, му купува на синот мотор, и по некое време синот доживува несреќа и умира. Кога имаш неизлечива болест, парите нема да ти помогнат.
И нас вака не учеа во шесто.Парите не се фактор за тоа дали ќе те собере некој автобус на пешачки или ќе се разболиш од тешка болест.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Парите го вртат светот - што повеќе тоа подобро,,,:vozbud:
Прашањето е колку пари би ни требале за да бидеме среќни. Можат ли парите да ја купат среќата?,,
Парите можат да ја купат среќата, но само до одредени граници, дури и самото броење на пари кај одредени луѓе предизвикува среќа.
Да, можат и те како да го олеснат животот, но не секогаш материјалната сигурност може да ни даде и емоционална стабилност.
Она што е најважно во животот, а тоа е љубовта и пријателството, тие се бесплатни, Нити вистинската љубов, нити вистинското пријателство неможеш да ги купиш со пари.
Љубовта, пријателството и здравјето му даваат на човекот сила и самодоверба, а парите му даваат извесна моќ и престиж со одредени кругови.
Спрема тоа:
- со пари можеш да купиш куќа, ама не и мирот во неа
- со пари можеш да купиш ‘‘функција‘‘, ама не и углед
- со пари можеш да купиш човек, ама не и љубов
- со пари можеш да купиш кревет, ама не мирен сон
- со пари можеш да купиш часовник, ама не и време
- со пари можеш да купиш куќа, ама не и дом
 
S

Stivie G

Гостин
Парите се како дрога, не те мава земаш нова, не значи дека си среќен со тоа што си богат
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Колку и да се правите побожени, демек парите не вределе, пари си требаат. Од љубов не се живее. Нема пари, нема љубов. Почнуваат караниците, па развод итн.
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
јас мислам дека љубовта е оверрејтед и претерувате со тоа љубовта со пари не се купува... никој не живее од љубов, сите живееме од храна а храната се купува со пари така да тоа етоа, и баша ке се надоврзам за ''подобро да бидеш несрекен у ферари него у фичо'' јас мислам побобро е со парите за едно ферари да си купиш митсубиши има доста спортски и добри и уште еден џип со парите што ке останат пошто ферарито е оверрејтед, мислам не се исплати за парите неколку дупки има на колата ставено мрежички на нив и го прават у лимитед едишн... чисто пумпање на бренд и цена, за упола тие пари може да се најде кола со солиден дизајн и подобри перформанси
 

Kajgana Shop

На врв Bottom