Демек во шопинг кога ќе одиш не те прават среќен/на ??На некој што му се битни, секако дека ќе му носат.
Мене не ми носат.
без пари не можеш да го платиш образованието за да го добиеш знаењето, без пари не можеш да купиш живеалиште кое ќе го направиш дом, нема да можеш да купиш кревет на кој ќе спиеш и ќе сонуваш...Со пари можеш да купиш часовник, но не и време. Со пари можеш да купиш кревет, но не и сон. Со пари можеш да купиш книга, но не и знаење. Со пари можеш да купиш куќа, но не и дом.Со пари можеш да купиш секс, но не и љубов..
Најважните работи во животот не можат да се купат со пари.
Не се среќни оние кои имаат многу, туку оние кои можат да се задоволат со малку. Не е среќа да трагаме по невозможното, туку да знаеме да го цениме она што го имаме, знаејќи дека некој го нема ни тоа. Затоа бидете среќни и ценете го она што го имате, парите доаѓаат и си одат вистинските вредности остануваат засекогаш
Види го бе! Парти брејкер, абе пушти деца нек се радују еееее...Како беше она, може парите не купуваат среќа, ама пре би плачел во ферари...
повеќе пари >> помалку нервози >> посреќен живот
Не би глумел мис света со клише изрази од стилот, мир во светот, љубов, парите не се битни.. ја мислам дека и те како парите можат да те направат среќен.
Ако не ти се обезбедени основните услови за живот, не можеш да бидеш среќен...
Друг момент, “здравјето со пари не се купува“ ...ама па и не се оддржува без пари, башка тоа што кога ќе дојде до лечње работата, на кој му е полесно, на тој што ќе плати операција со пари што ги има на сметка во секое време или некој што треба да брка донации?
--- надополнето: 21 јануари 2012 во 02:07 ---
без пари не можеш да го платиш образованието за да го добиеш знаењето, без пари не можеш да купиш живеалиште кое ќе го направиш дом, нема да можеш да купиш кревет на кој ќе спиеш и ќе сонуваш...
лесно е да се зборува кога се има, ме интересира дали и оние што ги немаат основните работи ќе се сложат со тебе
Не ми кажувај дека радувањето на некое парталче облека што ќе си го купам го сметаш за среќа?Демек во шопинг кога ќе одиш не те прават среќен/на ??