Парите не можат да ти гарантираат дека нема да заболиш од рак, не можат ни да те заштитат од пад при скијање ама доколку се случи тоа, можат да ти овозможат лекување во најдобрите болници, најсовремени медицински третмани и најдобрите доктори на светот што само по себе не гарантира оздравување ама драстично ти ги зголемува шансите за истото.
Ако хипотетички, постојат двајца луѓе, на иста возраст, со потполна иста дијагноза, во потполна иста здравствена состојба, а притоа едниот нема ни скршен денар, а другиот е милијардер, мислам дека е јасно кој има поголема шанса за живот.