Aj вака сеа следи ме...нашата царина работи многу чудно, некогаш може да си поминеш лесно, а некогаш и да те одерат.
По правило за стока со мала вредност(до кај 60 долара мислам е) не се плаќа ништо,но нашите цариници ја зимаат и цената на транспорт(shipping) заедно со цената на производот, што не би требало да го прават. На се тоа ти удираат 15% унифицирана камата без разлика дали е електроника или текстил,таа камата ја додаваат на цената на производот како и транспортот заедно и на сето тоа собрано ти маваат и 18% ДДВ. Ако нема производот царинска декларација или постојната не им се свиѓа, ќе ти бапнат и шпедитер кој треба да го платиш 2000-3000 денари. Баш поради ова не се исплати ништо вредно да нарачаш кај нас што е над 50-тина евра. Додуша може и да се случи сево ова да не го прават ако видат поефтин производ па да не се замараат баш.
Еден случај на мој другар, нарача саат од Амазон кој чинеше некои 150 долари + 20-30 транспорт. На сево ова требаше да плати уште скоро 100 евра на нашата царина. Сеа пресметај си дали се исплати нешто вредно да нарачаш. Совет од чоек као мене шо доста се замарал со нарачување од странство, поскапи работи НИКАКО нарачување. Дури и да ти го пишат како подарок, продавачот што ќе ти го прати производот најверојатно ќе го напише називот на производот,иако цена нема да има, како би се заштитил себеси и ако приметат нешто сомнително нашата царина ќе викнат шпедитер што ќе го процени производот па може и дури поскапа цена да му удри отколку што навистина си платил па и мора да му платиш што те ограбува.