Ви беше и сеуште ви е, да не се лажеме. Пред рамковниот договор бевте толку многу себични што не сакавте ни да слушнете да вработите Албанец во ЈА. Сега тоа ви се враќа како бумеранг по носот. Karma is a bitch.
Не бе Принцу, кај вас тоа е битно. Да бидеме на чисто до пред 10 години поголем дел од девојчињата не ги пуштавте на школо. Како да се вработи една од нив која има четврто оддделение најмногу. Не ме заебавај ги прашуваат пред камера што ќе работат и вашите викаат: „не знам што но ќе е државна администрација“.
Баш пред малку прочитав еден стенограм од собраниска дискусија во
1994-та година , се работи баш за ова што се дискутира , како тоа албанците биле неспособни. Толку неспособни што од цел Полог не можеле да најдат еден албанец за директор на некое претпријатие. (секако дека не е точно , имало илјадници албанци високо образовани интелектуалци , кои студирале насекаде низ Југославија, но пречка било нивната етничка припадност).
Обраќање на Абдурахман Халити (февруари 1994) :
==
„По повод расправата за предлогот за донесување на закон беа тука искажани многу интересни констатации. Едната од нив беше дека не треба да се пребројуваме колективно, дека ние градиме правна држава, градиме граѓанска демократија, градиме општество на рамно- правни граѓани. Двајца или троица дискутанти тоа така го рекоа. Јас тоа многу го почитувам затоа што тоа е добро и за око и за уво, меѓутоа ние забораваме дека сме далеку и од правната дражва, далеку сме од граѓанската демократија. и далеку сме од општеството на рамно- правни граѓани. Ако кон ова се додаде и степенот на нашата политичка култура, степенот на развојот на демократијата казна и присутните национал- шпвинизми во нашите глави, ни станува сосема јасно дека освен залагањето за правата и слободите на поединците, во оваа фаза од развојот ќе мораме да се залагаме и за остварување на некои колективни права кои поинаку не можат да се остваруваат, затоа што не сме создале услови за нивно остварување.
Јас би бил многу среќен кога положбата на поединецот би
зависела од способностите и личните својства на човекот, на поединецот на граѓанинот и тоа би било сосема во ред. Тоа според мене би бил полн капацитет на тоа што е демократија. Меѓутоа мора да признаеме дека во многу случаеви положбата на човекот кај нас, неговото место во
социјалната па ако сакате и во државната хиерархија не зависи од неговите лични својства и од неговите способности. Значи таа положба не се засновува во граѓанското кај човекот туку кај неговата национална припадност. Немојте тие априори да ги отфрлувате барањата и залагањата за создавање на механизми кои ќе обезбедат и заштита на колективните права, на националните права, затоа што ние такви
механизми немаме. Јас можам од практиката да ви наведам многу примери бидејќи јас* сретнав со многу примери со кое тоа може и да се докаже.
Јас сум убеден дека, на пример, пример број 1, во Тетово има правници кои и според способностите може да бидат на чело на некој да речеме правосуден орган. Меѓутоа, токму поради нивната национална припадност тој не може да биде ни претседател на општински суд , ни претседател на суд за прекршоци ни јавен обвинител, ни јавен право- бранител итн. Или земете го на пример случајот во ХЕК "Југохром" од 40 дипломирани инженери ниту еден нема на раководно место. Не верувам дека од ти 40 не може да се најде барем 1 или 2 кои ќе бидат способни за некој а раководна функција итн. Оттука, не мојте со толку голема одбојност да се однесуваме кога си спомнуваат механизми со заштита на колективните права затоа што е тоа потреба на нашето време, тоа е наша потреба, тоа е заедничка потреба. "
==