Оваа одредба од законот(тоа дека оние кои не се тука повеќе од 12 месеци нема да се попишат) е толку смешна што ни јас самиот незнам зошто толку паника дигаат луѓето кои ќе го реализираат пописот. Ако законот предвидува да се попишуваат луѓе кои живеат во странство помалку од 12 месеци тогаш не е спорно да се попишат сите оние наши иселеници кои имаат македонски документи( пасош и лична карта со адреса на живеење во Р.Македонија) а кои во текот на годината си доаѓаат дома за време на зимските, пролетните и летните одмори. Како прво тие доаѓајќи во Македонија на месец или два, автоматски докажуваат дека не живеат во странска држава подолго од 12 месеци т.е 1 година. Ова значи дека секој кој за време на летниот период бил ДОМА, може лесно да докаже дека заминал во странство пред еден, два или повеќе месеци затоа што тој со тоа што работи во странство, не го изгубил правото на македонско државјанство и на тоа да се врати во својата земја. Оваа “дупка“ во законот може да ја искористи секој кој оваа година бил во Македонија и да си се потпише. Како ќе докажете дека таа личност не била дома со цел да си живее тука во тој период од месец или два а потоа одлучил повторно да замине некаде во странство и да пррестојува таму следниот период од 9, 10, или 11 месеци? Со кое право ние нема да му дозволиме да се попише на некој кој поседува Македонски пасош и Македонска лична карта на која му стојат податоци дека е роден во Македонија, има адреса на живеење во Македонија, има имот на негово име во Македонија и сл. Доколку некој мисли дека со оваа одредба ќе се смени нешто, јас сметам дека луѓето само треба да најдат докази дека престојувале во државава подолг период( тоа лесно се докажува со употреба на податоците од граничните премини), и тоа е тоа. Никој не може да му забрани на некој Македонски граѓанин да доаѓа во својата држава секоја година, да си живее во истата колку сака и да замине од истата кога сака доколку за тоа не е попречен или против него се води некоја кривична постапка. Според мене, никој веќе не требда да се плаши од некои бројки. Ако се броиме, треба да се изброиме сите. Еднаш за секогаш треба да дознаеме колку сме и кои сме, но притоа да не ги заборавиме и оние кои од странство не ја забораваат оваа земја и во неа го носат целиот капитал кој таму го стекнуваат. Тие тука доаѓаат секоја година по два или три пати, носат пари, купуваат имоти, осниваат бизниси со еден збор живеат на запад а со мозокот се во Македонија. Никој не може да им го одземе правото да сакаат да доаѓаат во својата земја. Никој не треба да се плаши од тоа дали еднити или другите ќе имаат помал или поголем процент. Едноставно треба да се свати дека овие луѓе не се заминати до тука како некои кои по 20, 30,50 години не се вратиле во Македонија и не вложиле нити денар во неа а се прикажуваат како патриоти од прв степен. За мене најголем патриопт е оној кој сака да дојде таму каде што се родил и кој парите од печалбата ги носи во Македонија па како и да се попишал. Време е сите да бидеме Македонци а потоа она што сме го наследиле од нашите прадедовци. Оној кој се плаши од бројката на другиот, не заслужува да биде “најголем“.