ПОПИС 2011-Ќе се преброиме ли?

Статус
Затворена за нови мислења.

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
И Јаневска поднела оставка:

„Одлуката ја смета за изнудена од колегите Албанци и Турци во комисијата, кои ги обвини дека подготвувале пописен фалсификат. Јаневска не можела да го поднесе настојувањето на Албанците и на Турците да им се овозможи да се попишуваат со фотокопирани документи, да се попишат оние кои не се во државава повеќе од 12 месеци и да се мешаат во составувањето на попишувачките комисии.

Оставката на Јаневска и на нејзиниот потпретседател, Беџети, сепак нема да го одложи пописот, што стартува утре.“

Ваква банана-земја треба во странство да се изучува на катедри за политологија, историја и психологија... Само толку имам да кажам...
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
И Јаневска поднела оставка:

„Одлуката ја смета за изнудена од колегите Албанци и Турци во комисијата, кои ги обвини дека подготвувале пописен фалсификат. Јаневска не можела да го поднесе настојувањето на Албанците и на Турците да им се овозможи да се попишуваат со фотокопирани документи, да се попишат оние кои не се во државава повеќе од 12 месеци и да се мешаат во составувањето на попишувачките комисии.

Оставката на Јаневска и на нејзиниот потпретседател, Беџети, сепак нема да го одложи пописот, што стартува утре.“

Ваква банана-земја треба во странство да се изучува на катедри за политологија, историја и психологија... Само толку имам да кажам...
Ова значи: Попишувајте на кој како ќе му дојде.. Пак ѓупската.
Фаќајте патот под нозе, ич не ви треба попис.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Има и неписмени Македонци кои се вработени затоашто мора да има квота... роднинска, партиска, билокаква.
Само што разликата е во тоа дека нам не ни е битно да бидеме вработени само заради тоа што сме Македонци.
 
P

Princ

Гостин
Само што разликата е во тоа дека нам не ни е битно да бидеме вработени само заради тоа што сме Македонци.
Ви беше и сеуште ви е, да не се лажеме. Пред рамковниот договор бевте толку многу себични што не сакавте ни да слушнете да вработите Албанец во ЈА. Сега тоа ви се враќа како бумеранг по носот. Karma is a bitch.

Повеќе од 6 часа се водат разговори помеѓу делегации на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за новонастанатата ситуација околу пописот.
ДУИ на оваа средба се дознава има изнесено три барања, оставка на претседателката на ДПК, формирање на нова пописна комисија, и продолжување на временскиот рок од 15 на 30 дена.
Извор
 
Член од
27 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
42
da bideme iskreni seta ovaa fama e samo za albancite da izlezat barem 25 procenti inace vo koja drzava ste slushnale pretsedateli potpresedateli na popisna komisija da dadat ostavka pa normalno site mu pravat pritisok za samo tie albancite da izlezat 25 posto bidete iskreeni ve molam i priznajte deka e taka toa sigurno nema da vi ja smeni brojkata
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
428
Поени од реакции
519
Пописов ќе биде каша попара, смешни се повеќето ако не и сите барања на Беџети а со тоа и на албанската заедница, правилата за попис се на ЕУРОСТАТ и нема што многу да се објаснува. И зошто не разберат тие што не разбираат дена пописот е статистичка операција со чии резултати треба да се распределат ресурсите на државата, да се знае каква пред се економска политика треба да се води во иднина, али ајде нека биде како што ќе биде, на вакво нешто требаше да бидат спремни уште од април. Сега самите пописни комисии ќе се поделат и ќе тераат агенди на нивните надредени. Нека им е на чест на тие што мислат дека ваква сериозна операција е игра.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ви беше и сеуште ви е, да не се лажеме. Пред рамковниот договор бевте толку многу себични што не сакавте ни да слушнете да вработите Албанец во ЈА. Сега тоа ви се враќа како бумеранг по носот. Karma is a bitch.
Не бе Принцу, кај вас тоа е битно. Да бидеме на чисто до пред 10 години поголем дел од девојчињата не ги пуштавте на школо. Како да се вработи една од нив која има четврто оддделение најмногу. Не ме заебавај ги прашуваат пред камера што ќе работат и вашите викаат: „не знам што но ќе е државна администрација“.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Никој не може да ме убеди дека пописов нема да е наместен, барем у западниот дел ќе има нереални бројки. Се знае како се извршува попис, граѓаните кои се тука, до 12 месеци и над 12 месеци надвор од државава. А овие сакаат да си го дигнат егото ако се над 20%, иако знаат дека и ако се 18/19% нема да им се намалат правата.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Ви беше и сеуште ви е, да не се лажеме. Пред рамковниот договор бевте толку многу себични што не сакавте ни да слушнете да вработите Албанец во ЈА. Сега тоа ви се враќа како бумеранг по носот. Karma is a bitch.
Не бе Принцу, кај вас тоа е битно. Да бидеме на чисто до пред 10 години поголем дел од девојчињата не ги пуштавте на школо. Како да се вработи една од нив која има четврто оддделение најмногу. Не ме заебавај ги прашуваат пред камера што ќе работат и вашите викаат: „не знам што но ќе е државна администрација“.
Баш пред малку прочитав еден стенограм од собраниска дискусија во 1994-та година , се работи баш за ова што се дискутира , како тоа албанците биле неспособни. Толку неспособни што од цел Полог не можеле да најдат еден албанец за директор на некое претпријатие. (секако дека не е точно , имало илјадници албанци високо образовани интелектуалци , кои студирале насекаде низ Југославија, но пречка било нивната етничка припадност).

Обраќање на Абдурахман Халити (февруари 1994) :

==
„По повод расправата за предлогот за донесување на закон беа тука искажани многу интересни констатации. Едната од нив беше дека не треба да се пребројуваме колективно, дека ние градиме правна држава, градиме граѓанска демократија, градиме општество на рамно- правни граѓани. Двајца или троица дискутанти тоа така го рекоа. Јас тоа многу го почитувам затоа што тоа е добро и за око и за уво, меѓутоа ние забораваме дека сме далеку и од правната дражва, далеку сме од граѓанската демократија. и далеку сме од општеството на рамно- правни граѓани. Ако кон ова се додаде и степенот на нашата политичка култура, степенот на развојот на демократијата казна и присутните национал- шпвинизми во нашите глави, ни станува сосема јасно дека освен залагањето за правата и слободите на поединците, во оваа фаза од развојот ќе мораме да се залагаме и за остварување на некои колективни права кои поинаку не можат да се остваруваат, затоа што не сме создале услови за нивно остварување.
Јас би бил многу среќен кога положбата на поединецот би
зависела од способностите и личните својства на човекот, на поединецот на граѓанинот и тоа би било сосема во ред. Тоа според мене би бил полн капацитет на тоа што е демократија. Меѓутоа мора да признаеме дека во многу случаеви положбата на човекот кај нас, неговото место во
социјалната па ако сакате и во државната хиерархија не зависи од неговите лични својства и од неговите способности. Значи таа положба не се засновува во граѓанското кај човекот туку кај неговата национална припадност. Немојте тие априори да ги отфрлувате барањата и залагањата за создавање на механизми кои ќе обезбедат и заштита на колективните права, на националните права, затоа што ние такви
механизми немаме. Јас можам од практиката да ви наведам многу примери бидејќи јас* сретнав со многу примери со кое тоа може и да се докаже.

Јас сум убеден дека, на пример, пример број 1, во Тетово има правници кои и според способностите може да бидат на чело на некој да речеме правосуден орган. Меѓутоа, токму поради нивната национална припадност тој не може да биде ни претседател на општински суд , ни претседател на суд за прекршоци ни јавен обвинител, ни јавен право- бранител итн. Или земете го на пример случајот во ХЕК "Југохром" од 40 дипломирани инженери ниту еден нема на раководно место. Не верувам дека од ти 40 не може да се најде барем 1 или 2 кои ќе бидат способни за некој а раководна функција итн. Оттука, не мојте со толку голема одбојност да се однесуваме кога си спомнуваат механизми со заштита на колективните права затоа што е тоа потреба на нашето време, тоа е наша потреба, тоа е заедничка потреба. "
==
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
До кога бе со ова,до кога.. наместо услов за влез во администрација да е факултет,просек на факултет,магистратура,познавање странски јазици,работа на word,exel,power point и слично, да биде услов шамија или кече..:tapp: само и само на вас да ви се угоди..нигде вака не одиме ни вие ни ние..вака само го одложуваме денот Д кој треба да се сличи...
Баш заради тоа што главен збор за вработување го има партијата и етничката припадност никогаш нема да ја биде Македонија.(С)рамковниот договор е само врв на сето тоа.Никаде,ама баш никаде го нема ова.Само овде.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Баш пред малку прочитав еден стенограм од собраниска дискусија во 1994-та година , се работи баш за ова што се дискутира , како тоа албанците биле неспособни. Толку неспособни што од цел Полог не можеле да најдат еден албанец за директор на некое претпријатие. (секако дека не е точно , имало илјадници албанци високо образовани интелектуалци , кои студирале насекаде низ Југославија, но пречка било нивната етничка припадност).
Не знам за Полог ама за многу општини и немаше токму заради неодењето на училиште. Не ги пушташе Бабе на школо.

Инаку


На кој му текна жити све да ги ограничува правата на луѓето со проценти , ако си 20.1% имаш права , а ако си 19.9% немаш права.
Е кога ќе му текне некому дека тие 100 вработени треба да квалитетни па макар сите Македонци, сите Албанци или сите Турци тогаш ќе ја биде работата.
Се дотогаш ќе мора пописот да се фалсификува и да биде дел на политички пазарења заради работата, јазикот...
 
P

Princ

Гостин
Баш заради тоа што главен збор за вработување го има партијата и етничката припадност никогаш нема да ја биде Македонија.(С)рамковниот договор е само врв на сето тоа.Никаде,ама баш никаде го нема ова.Само овде.
Игнорантен си, затоа нема да не биде.
Значи ти реков јас, а подолу Dardan-ia ти потврди со конкретен запис, како во 1994 година Албанец не можело да се најде да биде директор на некое претпријатие. Тоа е нелогично, невозможно... Значи отсекогаш политиката или националноста играла улога во вработувањата во ЈА, па и денес е исто. Само тогаш ти си ја користел таа можност, денес јас. Само тркалото се има свртено, не дека сега нема да ја биде Македонија. Во тој контекст, можеме да заклучиме само дека никогаш не ја ни бивала.
 
Член од
4 септември 2011
Мислења
94
Поени од реакции
23
Баш пред малку прочитав еден стенограм од собраниска дискусија во 1994-та година , се работи баш за ова што се дискутира , како тоа албанците биле неспособни.
Lepi daj najdi za ONA eden vakov tekst... od tie prvite.

Abe braka sto se pravite naudreni deka samo Makedoncite ve maltretiraat koga ubavo gi znaeme i vasite posteni nameri.
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Сега некои војничиња ќе се јават и ќе се жалат дека лепеле плакати, а не се а списокот, и утре очекувајте КОРЕГИРАН список каде што ќе ги извадат некои кои не биле многу активни и ќе ги стават некои други, видете ги сите списоци по неколку дена за сите има корегирани списоци, ШТО КОРЕГИРААТ?
Морам сам да се цитирам, апсолутно бев во право вчера извадија нов КОНЕЧЕН список, со нови партиски војничиња, го споредував има многу нови лица а дел од старите без никаква причина не се повеќе на списокот, навистина страшна работа. А најстрашно е тоа што не е партијата на власт крива, и другата која во моментот е опозиција да беше на нејзино место истото ќе го правеше.
Навистина не знам каде треба да го бараме проблемот.
Ајде од утре почнува пописот, се надевам дека ќе помине онака како што треба, нормално како во секоја европска држава.
 
P

Princ

Гостин
Не може да помине како што треба, зарем не ги забележуваш турбуленциите? :)
И самата (сега веќе поранешна) претседателка на ДПК изјави дека пописот ќе биде фалсификат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom