И уште нешто. Кој во Италија, Германија, Америка, и било каде , ќе помине понекогаш и по 1000 км за да се попише???? Тоа дека тие луѓе ќе се попишуваат во тие држави нема врска. Таму и дас е попишат, тоа ќе бидат податоци кои ќе им служат на дотичните земји за да знаат колку странци имаат дома. Тие во никој случај нема да ни ги достават податоците на нас за беспари па да ни кажат: еј Македонци вие кај нас имате волку ваши сограѓани, од нив толку се албанци, толку срби, толку торбеши( хахаха демек тие ќе сватат зошто во македонија нема само македонци). Еве ви ги податоциве на тацна и терајте со нив т.е дополнетеги податоците кај вас за да имате точна бројка.......... Ова е апсурдно. Па знаете ли вие дека за да се обработат сите податоци во Македонија која има 2.000.000 граѓани потребни се до 3 години???? А што станува со една Германија или франција или италија каде што имаат над 30, 50 милиони граѓани??? Абе не се играјте со оваа работа и едноставно почнете да бидете реални. ДАјте да си ги попишеме сите оние на кои сме им издале важечко државјанство, пасош, лична карта. Сите оние кои доаѓаат барем еднаш годишно во својата земја. Дајте им шанса на сите и конечно да си одговориме колку сме навистина а и каде се не има по светов.