Се противат на меѓународни норми и регуларен попис, сакаат фалсификат...нешто што го нема нигде? Зошто тогаш воопшто попис и 12 милиони евра.
Во 2002 не беа против истиот начин на попишување...дали сегашниот попис заради целосната електронска евиденција преку пасоши и лични карти?
зошто е важен секој %...и зошто само % на население е важен, а не и останатите параметри (миграции, живородени, економски статус, станови со и без електрични инсталации...)? Зарем како албанци не ве интересира проекција на население кое навистина живее овде према произв. на жито, потрошувачка на гориво и енергија, станбен фонд, располагање со одредени добра, социјален статус, домување...?
Баш ме интересира целта која се остварува на овој начин преку интерес кон што поголем % ...и која е крајната цел на процентуална доминација (на различни начини) на одреден етнос...Не верувам дека оние кои поддржуваат целосно попишување на сите иселеници (вон сите правила и норми) знаат зошто
Можат да го попишат и присутното население во моментот на пописот и оние кои се отсутни , уште подобро.
Пример во Македонија има 600.000 етнички албанци , од кои 450.000 се присутни во земјата , и 150.000 со привремен престој надвор од државата.
Не смееме да ги отпишеме тие кои работат во странство а градат во Македонија.
Не бараме да се попишуваат албанците во Турција кои немаат ни македонско државјанство а нити имот во Македонија , исто како што се најголемиот број на македонците во Австралија или Канада.
Ако пописот оди правилно (како во 2002-ра да речеме), јас отсега можам да ти кажам приближно колку ќе има албанци и колку македонци.
Македонците ќе бидат помалку во споредба со 2002 , годишно бројот на македонците по природен пат (родени-умрени) се намалува од 1800-2000.
За 9 години = 18.000 македонци помалку.
Албанците ќе бидат повише во споредба со 2002-ра , годишно бројот на албанците се зголемува за 4500.
За 9 години = 40.000 албанци повеќе
Во оваа анализа не ги имам пресметано бројот на родени и умрени во странство.
Околу 3000 албанци се раѓаат секоја година во странство.