СУМИРАН ПРОФИТОТ ОД ПРИЛЕПСКИОТ “ПИВОФЕСТ”
НАЈМАЛКУ 2 МИЛИОНИ ЕВРА- СПЕЧАЛИ “ПИВОФЕСТ 2009”
Неверојатно успешно организираниот фестивал на пивото “Пивофест 2009”, кој годинава собра над 220.000 посетители, за градоначалникот Марјан Ристески е своевиден индикатор дека, веќе во наредното 8-мо издание, свое поактивно учество треба да има и Министерството за култура.
Ова уште повеќе и заради тоа што од ова случување, значаен финсиски бенефит има не само општинава, туку и државава.
Годинашниот “Пивофест 2009”, кој, и покрај невидената, за наши услови масовност, помина без ниту еден инцидент, го посетија и повеќе странски дипломати, домашни политчари, но и претседателот на државава, Ѓорѓе Иванов.
Каролина Дурло
Извор.