ПИВОФЕСТ во Прилеп, од 16-19.07.2009

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Комшијата мој бил некултурен, ами не го бараат таму да работи дека е убав на фаца :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 

MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Пресс за седмиот фестивал на пивото

Рекордна посетеност, испиени тони пиво и изедени огромни количини скара за време на четирите фестивалски вечери. За четирите денови додека траеше Фестивалот на пивото Прилеп го посетија повеќе од 200.000 посетители кои испија околу 110 тони пиво и изедоа околу 60 тони скара, а само на третата вечер, кога настапи хрватската ѕвезда Северина, градот собра повеќе од 100.000 посетители.

На денешниот прес со новинарите градоначалникот Ристески истакна дека овој настан многу значи за нашиот град. Во однос на посетеноста на истиот како пример за големината на настанот и посетеноста на истиот ги посочи следниве примери: најголемата фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо на неговата презентација во Реал Мадрид на стадионот Сантјаго Бернабеу успеа да собере 70.000 посетители како и светската музичка атракција која е број еден U2 на својот концерт на Ноу камп успеа да собере 100.000 посетители. Оваа споредба може да даде една слика колку во нашата држава и за нашиот град е важен овој настан, кој исто така овозможува една туристичка промоција на нашиот град, истакна градоначалникот Ристески. Исто така Локалната самоуправа испрати апел до Министерството за култура од идната година, стратешки да го поддржат Фестивалот на пивото кој е број еден во нашава земја и на кој присуствувала досега невидена бројка на посетители. Овој апел се однесува во насока на збогатување на програмата, и туристичка промоција на истиот настан. Воедно тука е и економскиот аспект кој го има овој настан. Покрај Општината во организацијата на овој настан помогна и Фондацијата за поддршка на невладини организации. Исто така од Локалната самоуправа упатија голема благодарност до спонзорите, Лозар Пелистерка, Витаминка, Еуро линк, Мермерен Комбинат, Космофон, Комфи Ангел, Штрабак, Хотел Салида, Хотел Кристал Палас, Хотел Сонце, Козметичко Студио Менхетн, Фото студио Лозиго, Сити медија. Како и до учесниците пред се до Прилепска Пиварница, Скопска Пивара, Лашко пиво, Ердингер- Компрад Давина, ремонирани ресторани и овластени дистрибутери. Медиумски покровители Сител Телевизија, BACK STAGE, Канал 77 радио, канал Визија, неделен весник Зенит, Радио Холидеј, Телевизија Орбис. Исто така голема благодарност до ЈП Водовод и Канализација и ЈКП Комуналец, Територијална противпожарна единица – Прилеп, Службата за итна медицинска помош, беспрекорното функционирање на електричните инсталации, како и до Полициската станица и агенцијата за обезбедување кои на масимално високо ниво ги извршија своите активности.







 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
СУМИРАН ПРОФИТОТ ОД ПРИЛЕПСКИОТ “ПИВОФЕСТ”
НАЈМАЛКУ 2 МИЛИОНИ ЕВРА- СПЕЧАЛИ “ПИВОФЕСТ 2009”
Неверојатно успешно организираниот фестивал на пивото “Пивофест 2009”, кој годинава собра над 220.000 посетители, за градоначалникот Марјан Ристески е своевиден индикатор дека, веќе во наредното 8-мо издание, свое поактивно учество треба да има и Министерството за култура.

Ова уште повеќе и заради тоа што од ова случување, значаен финсиски бенефит има не само општинава, туку и државава.
Годинашниот “Пивофест 2009”, кој, и покрај невидената, за наши услови масовност, помина без ниту еден инцидент, го посетија и повеќе странски дипломати, домашни политчари, но и претседателот на државава, Ѓорѓе Иванов.
Каролина Дурло










Извор.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Браво прилепчани, достојни домаќини сте се покажале. Догодина уште повеќе посетители да си имате и уште повеќе профит.
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
151
Поени од реакции
3
Bravo Prilep,besprekorna organizacija samo narednata godina poveke standovi,ne moze covek skara da se najade. Kako sto se izjasniv Goce Arnaodov mi bese dovolen, car e covekot:cuc::zver:...Inace za ilustracija kolku bese guzva,vo cetvrtok nemase nisto slobodno da se rezervira za nedela!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Bravo Prilep,besprekorna organizacija samo narednata godina poveke standovi,ne moze covek skara da se najade.
Планирам догодина штанд, ама дилемата е дали човек да се отепа од работа тие четири дена или да ужива во фестивалот. ама тоа наредната година ќе го мислам. Инаку ќе треба да се прошири доста со нови штандови можеби и на другиот плоштад (Методија Андонов Ченто), затоа што излезе дека капацитетите се недоволни, да имаше повеќе штандови ќе се испиеше повеќе пиво, едноставно не можеше на ред да се дојди за да се порача пиво.


Инаку мислам дека ттреба да оди под клуч темава доволно беше помина фестивалот :smir:.
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
151
Поени од реакции
3
Планирам догодина штанд, ама дилемата е дали човек да се отепа од работа тие четири дена или да ужива во фестивалот. ама тоа наредната година ќе го мислам. Инаку ќе треба да се прошири доста со нови штандови можеби и на другиот плоштад (Методија Андонов Ченто), затоа што излезе дека капацитетите се недоволни, да имаше повеќе штандови ќе се испиеше повеќе пиво, едноставно не можеше на ред да се дојди за да се порача пиво.


Инаку мислам дека ттреба да оди под клуч темава доволно беше помина фестивалот :smir:.
Ehhh,slatki pari ke se napravat so stand i da sakas ne mozese da se dojde na red do skara...
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Да се вратиме он топик,темава е за Пиво фест 2009 кој што имаше ФЕНОМЕНАЛНА завршница.Од организација на ниво па се до богата културно-забавна програма,одлични два стејџа,одличен звук и добро светло.Штандовите нормално секој по свој вкус си го уредил.Еве една разлика: До лани централно место имаше штандот на Прилепска пивара нареден со милион клупи и столчиња и тенди,а годинава не ни го приметив дека постои штандот.Беше онака просечен,со обични маси и шатори.Сигурно тука е во прашање некоја фер игра за завземање на позициите на штандовите.Исто така до пред некоја година штандот на Скопска пивара имаше една огромна метална конструкција,нешто како платформа и беше на спратови,а годинава исто така и тоа го немаше.Како и да е,дали на добро или на лошо немаше никаков ист лик од минатите години.Значи битно е да се разликува се' од година во година.

Edit by Tonchie: Избришан офтопик цитат и одговор на истиот. Си имате тема Прилеп во Македонски градови.
Благодарам на вниманието.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.271
Поени од реакции
3.628
Еве 40 секунди колку беше гужва во саботата


Е сега за другото , за вип викате викале дека се од друго место и за да ги пуштат пффф ај што ве гледам чудни , ајде сите на 10 авдуст ќе одиме во загреб на У2 и ќе викаме дека сме од македонија и дека сме поминале толку пат па да не пуштат или и ќе видиме дали ќе не пуштат или ќе ни побараат 100 евра на влез , нема врска од кај сте и кој сте , таму има ред и баш тие што сакаат да влезет туку така преку сите ги прават најголемите гужви...
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
За малку и јас ќе дојдев, ама ми испаднаа некои обврски во последен момент. Сестра ми беше и ми ја пренесе целата атмосфера.
Ај наредната година здравје се надевам дека ќе дојдам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom