VESELIOT напиша:
али нели виде дека оние луѓе што даваат смештај на автобуска станица со какви точаци се?
Точаците и не се толку важни, туку луѓето. Точаците им служат само за да одат пред автомобилот на гостите за да им покажат кај ќе бидат сместени. Да не треба тркачки точаци да имаат за тоа?
Навистина, толку ме нервираат, што ми доаѓа еден ден да им одам и сите да ги затворам во еден камион и ајт на планина. Кога ќе видат регистрација која не е охридска, трчаат сите по неа, нудат смештај, досадуваат, се тепаат еден со друг кој да ги земе гостите. Абе срамој живи!
Ама и за нив има лек да не чмаат по цел ден во центаров и како некои лешинари да ги замараат туристите. Во тек е изградбата на новата автобуска станица која ќе биде надвор од центарот, ќе биде подалеку и да се надеваме дека ќе им е мачно да одат до таму, но сепак имаат точаци и не е баш за утеха. Барем нема да ги гледаме тука околу поштата.
Нудат смештај по пониски цени, ставаат по сто души во една соба, ама децава повеќе се мамат да одат затоа што им одговара за помалку пари да си го поминат одморот.
Најинтересно ми е што и на Охриѓани им нудат смештај, а недај боже да слегуваш од автобус, ма има да те раскинат. И кога еднаш им кажав дека не ми треба смештај и дека можам јас нив да им понудам, продолжија по мене да идат и упорно да ми кажуваат за која цена нудат од кревет.
Се нервирам што сега автобуската ќе ми биде далеку, а не на 3 минути, ама барем нема по цело лето да ги гледам како се врткаат тука во центаров.
Да знам дека цело лето нема да имам еден гостин дома, нема да одам и да им досадувам на туристите.
Старци, немаат по цел ден што да прават, па мора да прошетаат со точаците да се пофалат дека имаат барем таков:pos2: