Охрид

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
VESELIOT напиша:
...Во Охрид некако се ми е старовремско..."Мислам на луѓето"....Луѓето ми се старовремски некако....кога на пример некој видел Охриѓанка да оди со гол стомак или така нешто....А па тие постарите со точаците од четрстурското секој ден по улици...ова да не ви треба она да не ви треба....Некако како заостанати ми се охриѓани...Тоа :) Извинете некој ако се пронаоѓа во напишаното!:)

.....едно питање по горе наведеното: Весел, колку време има поминато откако не си бил во Охрид????
По напишаното ми изгледа дека ќе да било некаде кон 45-та , максимум до 50-та :nesvest:

П.С. Точаци Бе во четрстурското немало :)
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Којзнае кај бил човеков, оставете го, сфатете го, простете му. Интересно ми е кога некој за инат зборува нешто.
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Охрид ми е закон!Има весели луѓе,има плажи,има ноќен живот,има една прекрасна личност таму,и така!Немам лоши зборови!
 
Член од
22 јули 2005
Мислења
2.198
Поени од реакции
11
najubavite 20 dena odmor letovo gi projdov tokmu u ohrid!!!!!!zakon,ima i plazi i noken zivot,i zurki i zabavi...ima sve!go obozavam gradov!
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Плажи не баш добри и со премал капацитет (мора да се поработи на тоа колку е можно), рекреација на плажа исто така слабо (игралишта за одбојка на плажа, во вода, тобогани - вотерленд, денс клубови на плажа и слично), однесување на домаќините “0,5“ а секоја чест на исклучоци, ноќен живот не ме импресионира (фалат навистина добри дискотеки, пена парти, јаки диџеи преку лето, диско на брод пример, повеќе ноќни журки на плажа . . .)

Ама Охрид е сепак надоброто место за летен одмор во Македонија и тука нема што. Или да се средат работиве или да тргнеме у поход да освоиме некое море, трето нема :pos:
 
Член од
20 февруари 2005
Мислења
19
Поени од реакции
0
sagaqua напиша:
.....едно питање по горе наведеното: Весел, колку време има поминато откако не си бил во Охрид????
По напишаното ми изгледа дека ќе да било некаде кон 45-та , максимум до 50-та :nesvest:

П.С. Точаци Бе во четрстурското немало :)
:)..Бев и годинава десет дена ...супер си поминав...градот е супер..се е супер и туристите супер се...али нели виде дека оние луѓе што даваат смештај на автобуска станица со какви точаци се?:)
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
VESELIOT напиша:
:)..Бев и годинава десет дена ...супер си поминав...градот е супер..се е супер и туристите супер се...али нели виде дека оние луѓе што даваат смештај на автобуска станица со какви точаци се?:)
:pos2: :pos2: :pos2: точаци Бе!!!! Тууууууу во се да се барало рачки, па сега и точаците во Охрид не чинеле:)
 
Член од
20 февруари 2005
Мислења
19
Поени од реакции
0
sagaqua напиша:
:pos2: :pos2: :pos2: точаци Бе!!!! Тууууууу во се да се барало рачки, па сега и точаците во Охрид не чинеле:)
A Бееее....sagaqua ако во точаците не најдиш рачки во шо ќе најдиш бе?:)))
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
VESELIOT напиша:
али нели виде дека оние луѓе што даваат смештај на автобуска станица со какви точаци се?:)
Точаците и не се толку важни, туку луѓето. Точаците им служат само за да одат пред автомобилот на гостите за да им покажат кај ќе бидат сместени. Да не треба тркачки точаци да имаат за тоа?:pos:

Навистина, толку ме нервираат, што ми доаѓа еден ден да им одам и сите да ги затворам во еден камион и ајт на планина. Кога ќе видат регистрација која не е охридска, трчаат сите по неа, нудат смештај, досадуваат, се тепаат еден со друг кој да ги земе гостите. Абе срамој живи!
Ама и за нив има лек да не чмаат по цел ден во центаров и како некои лешинари да ги замараат туристите. Во тек е изградбата на новата автобуска станица која ќе биде надвор од центарот, ќе биде подалеку и да се надеваме дека ќе им е мачно да одат до таму, но сепак имаат точаци и не е баш за утеха. Барем нема да ги гледаме тука околу поштата.
Нудат смештај по пониски цени, ставаат по сто души во една соба, ама децава повеќе се мамат да одат затоа што им одговара за помалку пари да си го поминат одморот.
Најинтересно ми е што и на Охриѓани им нудат смештај, а недај боже да слегуваш од автобус, ма има да те раскинат. И кога еднаш им кажав дека не ми треба смештај и дека можам јас нив да им понудам, продолжија по мене да идат и упорно да ми кажуваат за која цена нудат од кревет.

Се нервирам што сега автобуската ќе ми биде далеку, а не на 3 минути, ама барем нема по цело лето да ги гледам како се врткаат тука во центаров.
Да знам дека цело лето нема да имам еден гостин дома, нема да одам и да им досадувам на туристите.
Старци, немаат по цел ден што да прават, па мора да прошетаат со точаците да се пофалат дека имаат барем таков:pos2:
 
D

Delux

Гостин
Yes da ima ubav zivot vo Ohrid ama samo vo tekot na letniot period...od septemvri pa natamu nisto interesno ne se slucuva tamu...sum bil i vo zima nema impresii
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Па Охрид е туристичко место, секако дека во зима ќе биде помртво, гужвите се летно време. Не е толку лошо и во зима, тогаш е мирен градот и е одлично место ако сакаш мозокот да го ослободиш од сите нервози.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Охриѓани се навикнати на мирна атмосфера во градот, па малку еуфорија ги фаќа кога е лето. Ама после сезоната, секако дека се` се стишува, повторно станува мирно и се враќа мирот кај луѓето. Охрид е убав и зимно време, зависи што те интересира.
Забава има од среда натака заклучно со викендот, тогаш работат дискотеките и ноќните клубови, па младите се пораздвижени. Најмртво е во недела, понеделник и вторник.
Една прошетка покрај езеро може убаво да те релаксира, воздухот е убав за да се наспиеш.
Ако сакаш да се забавуваш, секако дека не е можно тоа секој ден како летно време, но секако дека не е по дискотеките празно и без народ. Башка од септември се враќаат студентите и пак е раздвижено, но пак ќе кажам дека не толку колку во лето (што е нормално).
Посебно е убава глетката кога има снег (иако ретко има и не се задржува многу), па релаксирачки е да прошеташ покрај езеро и да се надишеш свеж воздух.

Секако дека си има шмек и во различно време од годината градот е различен и интересен.
 
D

Delux

Гостин
Ne me interesira bas mnogu nokniot zivot ili zurkite tamu,toa veke mi e iziveano...e toa prosetka pokraj ezero so ventijaga,sal i kapce toa e dobro,se slozvam
 
Член од
20 февруари 2005
Мислења
19
Поени од реакции
0
Fortune напиша:
Точаците и не се толку важни, туку луѓето. Точаците им служат само за да одат пред автомобилот на гостите за да им покажат кај ќе бидат сместени. Да не треба тркачки точаци да имаат за тоа?:pos:

Во тек е изградбата на новата автобуска станица која ќе биде надвор од центарот, ќе биде подалеку и да се надеваме дека ќе им е мачно да одат до таму, но сепак имаат точаци и не е баш за утеха. Барем нема да ги гледаме тука околу поштата.:pos2:
Е дааа...шо праиме тоа шо имаат точаци!? А кој кажа погоре "да не треба тркачки" а бе тие со вакви точаци не те пуштаат не можиш да поминиш ни да му избегаш кога ќе слезиш од автобуска а замисли па да имаат тркачки точаци....Ајде кажи ми кој муабет е жена 45 - 50 годишна земала стар точак поголем од неа "точаккк ама точакк од партизан, со кадро и со рачки големи">..застанала на автобуска и чека.....слегуваш од автобус и се нагрбаруваат и ние бевме појдени другари, другарки...и ете ги ситееее околу нас.....олку онолку ова она имале...и се договоривме со жената и ајде одиме одиме.....и чекај вика да си го земам точакот...ајдеееее си го зема точакот и вика "стајте ги тие на точаков ако сакате" не не еден другар и вика кажи ја адресата со такси ќе дојдиме а ти дојди со точакот......!!!!!!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom