Синоќешните обилни дождови го поплавија Охрид. Поради излевање на реките Коселска и Грашница и каналите во населбите Воска, Лескајца и Далјан половина од населбите во градот се под вода. Не можејќи да се справат со водената стихија, жителите на населабата Воска денес ги напуштаат своите домови. Излевањето на водите од каналот кој поминува пред нивните куќи ги поплавил не само подрумските простории туку и приземните катови.
Жителите во чизми, до гуша во вода загрижено гледаат кон кон течението на
Коселска Река, на потегот од Прентов Мост до Алтанин Мост и вливот на реката во Охридското Езеро.
Последен пат, ваква голема поплава охриѓани ги оставила без покуќнината во 1962 година, кога исто така се излеале реките и каналите во градот и неговата околина.
Реките поплавија и илјадници метри квадратни обработени површини, во селата Орман, Опеница и Косел. Пливаат под вода посевите, овоштарниците, земјоделски пластеници и житни култури.
Поплавени површини има и по течението на Велмешка Река која е притока на реката Сатеска. Излевање на надојдените води од речното корито има во неколку села во општина Дебарца.
Селман стравува од ново прелеање на водите и предупредува дека градот од поплавите нема да се спаси се додека не се изрши пренасочување на реката Дајлан во Сатеска. Напомна дека за тоа треба помош од државата.
Дејан Паноски од билатералниот комитет за заштита на Охридско езеро причината за излевањето на реките ја наоѓа во неуредните корита, игнорирањето на проблемот актуелен повеќе децении а се однесува на изнаоѓање адекватно решение за средување на целокупниот слива на Коселска река. Згора на се, до сега не е направен биланс на протечната моќ на коритото при видок водостој и буци- вели тој.
Локалниот кризен штаб како и екипи на јавните претпријатија се на терен и работат на санирање на состојбите. Причинатата матерјална штета ќе се утврдува допрва.
Вашиот коментар се испраќа. Ве молиме почекајте.