Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Браво, очигледно дека си изнашетан кога врв на туризам ти се Албанија и Бугарија!
--- надополнето: 14 февруари 2014 во 12:27 ---

А кажи едно туристичко место во кое преку сезона има повеќе туристи отколку мештани, кое живее 24/7 и во кое нема изолирани инциденти, едно место каде „бродовите не тонат“ и кајшто нема понекој локален шериф? А за тоа „камењосани плажи“ не вреди да се кометира!
Едно? Ги има милион, да ги набројувам треба? Со цитатов се согласуваш со мене дека ова е точно. Не е работата да се контраме, јас го сакам Охрид, има што да се посети и види, историја, религија, но сепак има и многу поубави места во светот што човек треба да ги посети ако веќе бил во Охрид.

А фактот дека има локални шерифи и тепачки во лето, и несредени плажи не треба да го оправдуваш иако си од тамо....напротив треба и ти како граѓанин да се залагаш за тоа да биде уште попривлечно и неодоливо за туристите .... туристите не доагаат ако знаат дека местото не е доволно безбедно.... а знаеш дека убавиот збор бргу се шири, лошиот побргу. И да, на Охрид му фали програма за цела година, има што да се види кажав веќе историја и религија како ретко каде во толку мало место, нешто што странците го сакаат, зошто само туризам на лето? Но безбедноста треба навистигна да се подигне на задоволително ниво. Смртта на странците (бугарите во бродот, момчето од Србија ...) одекна во целиот свет, уште некоја таква вест и мислам дека Охрид ќе биде на некоја црна листа за одмор.
 
Последно уредено од модератор:

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.956
Поени од реакции
50.931
Интересна работа, скопјаните најлоши реклами даваат за Охрид,а кога е лето човек неможе да помине низ охридската чаршија токму баш заради овие скопјанчишта..:eek:

ок, те поздрави минатово лето и тие 0 денари што ги напраивте од сезоната.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Едно? Ги има милион, да ги набројувам треба? Со цитатов се согласуваш со мене дека ова е точно. Не е работата да се контраме, јас го сакам Охрид, има што да се посети и види, историја, религија, но сепак има и многу поубави места во светот што човек треба да ги посети ако веќе бил во Охрид.

А фактот дека има локални шерифи и тепачки во лето, и несредени плажи не треба да го оправдуваш иако си од тамо....напротив треба и ти како граѓанин да се залагаш за тоа да биде уште попривлечно и неодоливо за туристите .... туристите не доагаат ако знаат дека местото не е доволно безбедно.... а знаеш дека убавиот збор бргу се шири, лошиот побргу. И да, на Охрид му фали програма за цела година, има што да се види кажав веќе историја и религија како ретко каде во толку мало место, нешто што странците го сакаат, зошто само туризам на лето? Но безбедноста треба навистигна да се подигне на задоволително ниво. Смртта на странците (бугарите во бродот, момчето од Србија ...) одекна во целиот свет, уште некоја таква вест и мислам дека Охрид ќе биде на некоја црна листа за одмор.
Се согласувам дека многу работи треба да се променат во Охрид, а колку што гледам сега во овој коментар си поумерен отколку во тој кој го цитирав погоре, па затоа ти реплицирам повторно. Секако дека безбедноста треба да биде на прво место како и за туристите така и за мештаните. Меѓутоа, ако се информираш редовно за случувањата во Охрид, ќе видиш дека многу ретко тепачките се предизвикани од Охриѓани, туку најчесто од туристи во алкохолизирана состојба (како што беше последниот инцидент на прославата за Нова година кога се истепаа на брод две групи туристи од Србија). За плажите пак, искрено, мене лично, многу повеќе ми се допаѓаат токму тие плажи кои ги нарекуваш несредени, а охриѓани ги викаат диви плажи, на кои сеуште нема шанкови и се е недопредно од човек, онака како што самата природа ги создала. Мене ми е поубаво да слушам звук од штурци отколку басови од некој шанк и да гледам нашминкани девојки во високи потпетици на плажа или пак депилирани билдерчиња со златни ланци како глумат нешто.
Инаку, не сум од охриѓаните кои не го напуштаат Охрид летно време, редовно одам на одмори и права споредби со она што што таму го гледам и она што го нуди Охрид. Сметам дека што се однесува до квалитетот на приватното сместување Охрид е една од најдобрите релации во одноа на цена-квалитет, далеку пред Грција, Бугарија, Албанија, Црна гора па дури и пред Хрватска (од Балканските земји). Што се однесува за плажите и целиот Јадран нема кој знае какви плажи ако не си љубител на „камењаносани“ плажи кои претходно ги спомена. А што се однесува пак до она што Охрид го нуди во однос на култура и летни дешавања далеку предначи пред скоро сите места во Грција (популарните селца - Лептокарија, Ханиоти, Асправалта и сл.), од оние во Албанија и сл. Охрид единствено донекаде би можело да се споредува со градот Крф во Грција, Дубровник и Сплит секако дека се далеку пред нас, но, реално, Охрид нуди многу повеќе и од бугарските градчиња, од Будва и Херцег Нови (можеби Котор до некаде може да конкурира), а за албанските пак градчиња воопшто и не напоменувам.
Да не испадне сега дека го величам само Охрид, еве мене лично што ми смета во самиот Охрид - расчадени лесковачки скари, прегласна музика, секакви тезги по самото шеталиште, недоволен паркинг простор, лоша инфраструктура...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
што направија Охриѓани за новата тур.сезона, осмислија ли нешто НОВО, интересно за да привлечат туристи или доволно е она што е -што создала природата , да не се чепка со децении :pos:
ах бре луѓе со тој табиет- тешко до напредок (треба да се инвестира, да се создава, менува, да се натпреварувате просто кажано
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Еми скопјанишчана го исркаја езероно со лајца, немат каде да се капет и да дојдат туристи.
 
A

Avenger99

Гостин
Смислија ново да,како да ги мразиме појќе скопјанишчана.;)
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Да да ќе биде, ако некој бил таму, за да дојде пак треба да го привлечете со нешто ново, или со подобрување на негативностите. Прашајте се дали постои некако начин каде незадоволните туристи ке кажат што треба да се подобри, што не им се допага итн. Не, па и не ви е гајле, само гледате да дојде сезона да соберете некој турист во станот да се земе некоја паричка и охохо добро е, и сите ги боли курац за некоја тактика како наредната година повеќе туристи да се привлечат.....и зато ќе цицате и ќе се тепате на автобуска кој прв да ги убеди патниците да одат кај него во станот. Сто години ништо да се немало инвестирано и сакале туризамот да и се развива....дингуси[DOUBLEPOST=1396132582][/DOUBLEPOST]Да да ќе биде, ако некој бил таму, за да дојде пак треба да го привлечете со нешто ново, или со подобрување на негативностите. Прашајте се дали постои некако начин каде незадоволните туристи ке кажат што треба да се подобри, што не им се допага итн. Не, па и не ви е гајле, само гледате да дојде сезона да соберете некој турист во станот да се земе некоја паричка и охохо добро е, и сите ги боли курац за некоја тактика како наредната година повеќе туристи да се привлечат.....и зато ќе цицате и ќе се тепате на автобуска кој прв да ги убеди патниците да одат кај него во станот. Сто години ништо да се немало инвестирано и сакале туризамот да и се развива....дингуси
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.180
Поени од реакции
18.255
Еве нешто ново :icon_lol:

Сега сме во тек со Битола, Скопје, Прилеп, Кичево, Куманово итн.

Еве уште нешто










Колумна: Охридски дух
Отворена | Колумни | 30.03.2014 00:01Посети : 417
Ми се чини како да ме брка македонски дух. Се е спонтано, неочекувано. Охрид е на моменти верна сенка низ мојот секојдневен живот. Тој познат дух се крие со недели, месеци. И наеднаш оживува. Исчезнува подолг период и повторно одеднаш се појавува. Си игра со мене.

На пример оваа недела. Чекам во центар на семафори во Амстердам. Гужви со велосипедисти, автомобили, скутери, трамвај... Го „помдрнав“ моето лице. Од каде сега охридскиот дух? Уште и на овој простор. Дали е случајно? Или е можеби судбина. Гледам во реклама со фотографија од девојче на излог од просечна холандска туристичка агенција. Девојчето ужива во бистрото Охридско Езеро со детска опрема за нуркање. На рекламата пишува: „Мојата Македонија, истражете ја Македонија“.

Живеам во Холандија. 2400 километри оддалечен од Охридското Езеро. Кога возам по регионални патчиња поминувам покрај мали автобуски станици. На такви места последниов период често сум изненаден. На билборди често има реклами за Македонија. Интересна работа. Дали е ова веќе изненадување? Пред 10-15 години требаше на многу луѓе да им објаснувам каде е мојот роден крај, зошто таму одам на одмор, дали има војна и стите други стандардни прашања. Моментално Македонија веќе постепено се интегрира на холандскиот туристички пазар. Холанѓаните ја сметаат како една најевтините туристички дестинации и држави во Европа.

Нова Година, 0.45 часот. Гледам во тв екранот без некое поголемо внимание. Кога, забележувам позната слика. Избоени кајчиња, кави што има само во Охрид, потоа Канео и други детаљи. Спот од 30 секунди за Охрид сред новогодишна програма на првиот канал на Холандската национална телевизија. Гордо чувство. Милионска публика гледа дека за 199 евра може да резервира одмор: „Аранжмани покрај најубавото езеро во Европа“-порачува тв рекламата за Охрид. Некаде во јануари Охридскиот дух слета пак од небото. Во едно холандско градче видов реклама за Хотел „Мизо“ во Охрид! Понуда од 319 евра по човек за аранжман од 8 дена со вклучен доручек. Летот е на 12 мај. Што ми се случува? Ме следи Охридскиот дух. Браво!

Православен Божик 2014. Ме посети еден школски другар. Тој: „Со 5мина планираме да доаѓаме ова лето во Охрид. Но не е толку евтино како што стои на рекламите. Се работи за 5 авионски карти, 5 резервации за сместување. Поевтино ни е "All inclusive" да одиме во Турција, Грција, Шпанија...“
Јас: Ајде живели, на здравје, ќе прајме муабет, ќе видиме што и како, ќе средиме нешто за тебе, нема проблем, не се секирај, уживај....“.

Пред два месеца духот повторно ме посети, овојпат на приватна територија. Доаѓа дома докторка.
Таа: Од каде сте?
Јас: Од Македонија.
Таа: Од Македонија? Со сопругот пред 30 години бевме во Охрид. Луѓето беа многу пријатни. Како е сега таму? Сакаме уште еднаш да дојдеме.
Јас: Одете што побрзо. Охрид за жал го менува идентитетот. Нема да го препознаете.

Пред три недели една стара пријателка ми вели: „Сакав да ти се јавам. Немаме одлучено точно каде ќе одмараме ова лето. Лево десно по магазини и весници читам за твојата држава. Планираме да отпатуваме за Охрид или Струга. Имате квалитетни хотели?
Јас: Да, само за вас подобро е можеби приватното сместување, така ќе имате повеќе контакт со локалното население.

Пред два дена. Колега веќе четири години не може да се реши дали да дојде во Охрид или не. Сака да дојде само ако сум јас таму. Не во јули или август, мрази гужви.
Јас: Вистинскиот Охрид можеш да видиш во мај, јуни или септември. Оди сам, изненадисе.

Кратко размислував да си ја променам професијата. Духот е крив. Да отворам во Амстердам приватна агенција за аранжмани во Охрид. Здравје можеби некогаш. Има време. Во Холандија велиме: Чевлар работисија твојата струка, поправај чевли, прави го тоа што го работиш најдобро... Имам волја можеби во иднина да работам како туристички водич со мали групи. Пред пензија. Сега вака малку доброволно се ангажирам како охридски амбасадор по пријатели и колеги. Македонскиот дух следниве следниве месеци задолжително ќе им праќа комерцијални пораки на Холанѓаните. Тој дух ќе лебди и ќе вреска колку е убава неговата земја. Не се сомневам. И се согласувам 98% со тој пријателски дух од Охрид. Го чекам повторно да се видиме ненадејно во Холандија.

Владо Велјаноски - Амстердам, Холандија

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма - колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.
 
Последно уредено:
И

Име И Презиме

Гостин
Не е идеално во Охрид но сепак е убав езерскиот туризам.Не разбирам само кога го споредуваат со околниве држави и одењто на море .Кој сака нека оди таму на море нема потреба да плука тука се и сешто.Мене ми годи одењто во охрид на некој ден и не гледам дека е нешто прескапо за разлика од Скопје или пак ке те набодат на колец ако не си Охриѓанец.Секаде има некултурни луѓе,што да кажеме со исшкртаните коли вратени од Грција и ред други примери...
Само едно се чудам ,како на многумина не им чини Охрид а за викенди таму се ,а бре ако нешто нечини НЕЧИНИ и точка !
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Не е идеално во Охрид но сепак е убав езерскиот туризам.Не разбирам само кога го споредуваат со околниве држави и одењто на море .Кој сака нека оди таму на море нема потреба да плука тука се и сешто.Мене ми годи одењто во охрид на некој ден и не гледам дека е нешто прескапо за разлика од Скопје или пак ке те набодат на колец ако не си Охриѓанец.Секаде има некултурни луѓе,што да кажеме со исшкртаните коли вратени од Грција и ред други примери...
Само едно се чудам ,како на многумина не им чини Охрид а за викенди таму се ,а бре ако нешто нечини НЕЧИНИ и точка !
Таков е народов во државава глуп и неписмен . Како што кажа ти на кого му одговара нека иде во Охрид на кој не нека оди во хелас.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Ова сликава со паркингов е сликано денеска?
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
охрид си е полн секоја година незнам како тоа ги губи туристите?
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.429
Поени од реакции
39.042
:pos:

Прашање : Која е најсреќната држава во светот ???
Одговор : Aлбанија !
Прашање : Зашто ?
Одговор : Го има Охридско Езеро,а ги нема Охриѓани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom