VeS
.
- Член од
- 16 мај 2008
- Мислења
- 4.749
- Поени од реакции
- 2.355
Лежалка со чадор 60 денари,ако појдиш посабајле и по 30 ги наплаќаа, нескафе 60 денари, макијато 50 денари. Имаш кај ресторанот и пинг-понг ако сакаш да си поиграш. Имаш и вц бесплатно замисли.Чиста вода, нема многу гужва.Плажа Парк( од ланска сезона цениве)Точно е си доаѓам за викенди зашто така мене ми одговара и не се срамам да го кажам тоа, за одмор не ни помислувам и нема да помислам зашто не ми е исплатливо. И сигурно не доаѓам кај такви како тебе негостопримливи..Значи не се сите исти има и гостопримливи луѓе што знаат да се понашаат со туристи, само за жал таквите се се поретки. Иначе можеби може и за 250 денари да се најде смештај ако биде во подрум или да остапите лична просторија значи за да не вратите турист спремни сте да не сместите било во какви простории само за да ни наплатите(не сите ама има такви), јас велам 500-600 па и 400 за едно пристојно сместување какво што заслужува секој турист а не на некој да му користам лична просторија зборам за уредени чисти соби наменети само за туристи а такви ги има со овие цени што ги пишав. Муабетот е дека не треба толку да се преценувате и да дигате паника постот не ми е критика за охрид туку критика за таквите како тебе и таквото однесување и секако набилданите цени. И НЕ РЕКОВ дека СИТЕ охригани живеат само туризам туку дека има и НЕКОИ такви, а таквите верувај дека нема да се однесуваат како тебе и да викаат не идете.. А што ќе кажете на тоа дека лежалка и чадор наплаќате 150 денари без никаква пијачка? Дали сте виделе како скоро секаде во странство со пијалокот следува и бесплатна лежалка, и тоа по 100 ден за лежалката чадор плус 50 денари, страшна работа. Како и да е не планирам да дискуирам повеќе зашто на оваа дискусија знам ќе и нема крај и не би се објаснувала со некој што не може и не сака да разбере ‘_‘
За членката погоре што ми реплицирала- ќе кажам дека дадов пример дека 30 евра е во хотел САМО ноќевање ИЛИ ноќевање со ПОЈАДОК, а не дај боже ако сакам полн пансион под 60 евра нема да биде еве нека бидат и 60 па и 50 нека бидат, јас луѓе за тие пари имам ултра алл инклузив во анталија значи не само пансион туку и се друго вклучено, и тоа во хотел со 4-5 ѕвезди. И не само таму ама ете за таму баш знам па затоа наведов. Затоа хотелскиот туризам кај вас е наменет само за странци!!! И многу јасно дека имам право пасвордот да ми го кажат за интернет, зошто да не и ми го кажувале ама не такви како вас!! Исто така незнам што одма на Скопје алудирате па не се сите од Скопје што пишале на темава!!
КРАЈ !
А,да хотелите претежно се наменети за странци.
Ни тие во хотелите не очекуваат да им седи некој со просечна месечна плата од 200 евра. Како шо кажав и тие имаат трошкови кои мора да ги покријат некако, хотелот мора да е нон-стоп осветлен, интернет, да се плати персоналот, кујната или накратко фиксни трошоци кои мора да се покријат некако. Ако се секаде такви цените, значи таква им е математиката, неможат и да сакаат со поефтино да одат,ако не им се исплаќа.
Оние буџованите си имаат сите станој по Охрид.
Другите се бунат.
Секој со својот есап.
А, има право да ти го кажи пасвордот од интернетот,ама па дан сте многу туристи в куќа, па да биди многу бавен, треба да се набави интернет со соодветна брзина преку лето,ако сакаме да прајме туризам
И НЕ споредуваме цени со СКопје споредуваме цени со земји кои имаат МОРЕ!
За кафето во Скопје не е секаде 130 денари како што пиша некој погоре, има кафичи каде нес кафе е 60 денари значи дупло поефтино зависи кај ќе седнеш, во охрид не би рекла дека е така.
Добро де. Деца на ексукрзија ко ќе одат, не смее да пијат, па сите уште пред граница се испијанети.Правилата за ред и мир не се релативни, туку апсолутни. Ако пишува дека по 10 или 11 навечер не смее да се прави бука, тогаш не смее да се прави бука и не можеш да кажеш дека „има ред и мир најчесто„.
Во пракса секогаш ова правило се крши а чуварите по пар пријави само понекогаш вербално опоменуваат, без ескалација и нормално без резултати.
Плус и дење е како на градилиште, зошто нема некои правило да не смее од Јуни од Октомври да се чука, кова, и што се не...
Вакви работи нема во кампови во други држави.
Јас затоа и не доаѓам во шпицот на сезоната, бев 10тина дена во Мај и сега две недели во Јуни. Следно тек кон крајот од Август. Да немам на располагање чамец да бегам на диви плажи воопшто не би ни доаѓал во кампот.
Исто и без хемиски тоалет не бива, до завчера беше пуштено само едно од 3те WC-а, тоа најдалечното и тоа само женскиот дел. Unisex.
Тоалетите и бањите се никакви и нечисти. Тие сиротите женички што ги спомнуваш навистина често се „на терен„ ама зафатот им се сведува на прскање со црево... Не помага тоа многу, пошто многу од тоалетите се затнати и исто и туш кабините, и за да дојдеш до местото цапаш во гомненици до глужд.
Сеа ја и ти може имаме различни критериуми за чистота ама за мене тоа не е „чисто„ искуство...
Како што некој напиша погоре, ако ова кошта накај 600 евра за пар месеци, а во соседството на море имаш многу посреден камп што кошта 800евра за 6 месеци... Единствено нешто што (засега) ме држи во Градиште е инвестицијата во плацот (инфраструктура, покрив, ограда, бекатон подлога, итн итн...
Ако ти треба мир, го имаш Љубаништа. Градиште е за млади. Не можи сега некој ако сака да си ја одмори глата да оди на Закинтос. Нека оди Олимпик.
И не е точно до завчера дека било пуштено само женското вц. Пред една недела бев, си работеше и машкото вц.
Тоалетите реално ни мене не ми се свиѓаат. Нужник е побогу. Ама, па хигиената во истите пред се зависи исклучиво од камперите. И 10 пати во денот со доместос да го чистат вц-то, ако има толку аљкави дупло повеќе ќе направат лом во истото.
А, имаш и приколки со посебно вц. Имаш и бунгалови. Има решение и за хигиената,ама сега да бараш чистота од вц каде просечно во денот го користат преку 100 души..