Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Реално Охрид треба да биде првенсвено за странци,а од овие нашиве домашниве што ми споредуваат еден историски град како Охрид со грчките селца покрај море ми се сериТ.
Ние да имавме 2 грама мозок Охрид ќе го направевме како Дубровник,а не да ми се ценкаат мене нашиве домашни туристи за сместување во двособен апартман од 25-30 евра,а во грчко село покрај море за истите пари спие во соба од 7-8 м2.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.295
Поени од реакции
18.298

не се преценувајте и вие за што треба првенствено да биде,факт е дека нашите туристи се највише.Поготово ко што е проширен градот и секој 2 од скопје има стан таму.А Охрид како град нема нешто да понуди поише од Дубровник.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
не се преценувајте и вие за што треба првенствено да биде,факт е дека нашите туристи се највише.Поготово ко што е проширен градот и секој 2 од скопје има стан таму.А Охрид како град нема нешто да понуди поише од Дубровник.

Ама факт е дека Охрид е 100 пати поубав од грчките селца каде сите одиме на одмор нели? Факт е дека јас, да го посетев првпат во животот Охрид ќе бев воодушевен од градот, исто како од Дубровник или некој друг таков историски град. Нема тука никаква споредба.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.295
Поени од реакции
18.298
Ама факт е дека Охрид е 100 пати поубав од грчките селца каде сите одиме на одмор нели? Факт е дека јас, да го посетев првпат во животот Охрид ќе бев воодушевен од градот, исто како од Дубровник или некој друг таков историски град. Нема тука никаква споредба.
Не реков нигде дека не е поубав од тоа новокомпонованите селца.Во нив нема ништо да се види,али окулу тоа има плажи и природни убавини за кој може да сањаме на ова езеро(пак глупа споредба море/езеро). Мислам дека со тебе и претходно истото го искоментирав,дека Охрид не ти од тој тип на туризам.
И охрид моментално е далеку од дубровник да бидеме реални,поради непланско градење напраен си е како викенд шема за цела Македонија.Поточно мислам дека нема никаква стратегија кон што е ориентиран па од тука иаме и од се по малце.Мене највише ми е сличен на Будва.
А искоментирав само на тоа дека се прецениле малце па ќе го направат Охрид само за странски туристи.Се утепаа странски туристи од доаѓање.:pos:не ти се ценкаат луѓето од мерак,туку пошто немаат пари.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.279
Поени од реакции
15.405
Грците(иако неодам таму) имаат набавено машини за пресејување на песката од плажата,и не оставаат ни пикавец да остани после зајдисонце.На охридските плажи можи да се собери и завидна количина на отпаден материјал достоен за капацитетот на Дрисла.Не сум слушнал некој на било кое друго летувалиште газдата да ти речи `ќе се фалиш после дека си ми се измочал во WC-то` како оправдање да не те пушти во тоалет.Кој не верува во ова можам да му објаснам по ПП
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
За пивото незнам ама кафето(нескафе) од 100 до 150 се движи исто е и во Грција ама таму ти даваат лежалка гратис а овде наместо да пиеш две кафиња со тие пари, мораш посебно да ја платиш лежалката а што е најсмешно и чадорот посебно го платив еднаш:icon_lol: . За сместување точно различно е има и за помалку од 600 ама има и за солидно сместување комплетно опремено е таа цена, инаку и во Грција може да се најде и за помалку значи цените се исти за сместување и таму и таму па кој што сака нека каже. За услугата не коментирам:pipi:
Живо ме интересира кај си го пиела то нескафе од 150 денари?
Втора работа,ако мислиш дека ќе ти биди скапо, шо не прашаш колку пари е пред да го нарачаш?. Никој со сила не те врзува крај краева да нарачаш нешо,ако претходно не ти одговара цената.
Ама чим имаш пари за фрлање, ќе те заебаваат како сакаат.
И то не е до охриѓани, туку до менталитетот Македонски. И мене Скопје ме имаат убо орепано од Рамстор до Беверли се опрчив 150,ама изгубен Германец појма немав кај треба да одам и ме поврте таксистот.
Ама незнам шо изводиш со репликиве.
Значи луѓе шо ЖИВЕАТ Охрид ти кажуваат какви се цените, а ти шо си дошла еднаш за викенд крај на Јули се правиш покомпетентна за тоа какви биле цените Охрид.
И споредувај цени од Охрид со цени во Грција некаде кај шо нема појќе од еден кафиќ за да подизлезиш.
То ти е исто ко да ми речиш Охрид и Преспа е исто (се однесува особено на ноќниот живот)
Зато не изводи молим те,смешна веќе стануваш.

(немора на све да ми реплицираш ако не сакаш,ама за болдот ептен сум радознала)
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
А искоментирав само на тоа дека се прецениле малце па ќе го направат Охрид само за странски туристи.Се утепаа странски туристи од доаѓање.:pos:не ти се ценкаат луѓето од мерак,туку пошто немаат пари.
Изгледа не си во тек со настаните дечко.

http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=57094

Во висока сезона во Охрид ќе слетуваат 8-9 чартер авиони од Бенелукс

Високи претставници од туристичиот сектор во Холандија, предводени од главниот извршен директор на холандскиот тур-оператор ТУИ, Стефан Ван Дер Хајден, од денеска престојуваат во Охрид. Тие утрово пристигна со чартер лет на аеодромот „Св. Апостол Павле“ каде беа пречекани од амбасадорката на Холандија во Македонија Мариет Схурман, претставници од општина Охрид, Агенцијата за промоција на туризмот во Македонија како и претставници од локалните туристички агенции „Каратанова Турс“ и „Охрид Холидејс“.

А ако не ти е јасно кои се ТУИ види овде:

http://en.wikipedia.org/wiki/TUI_AG
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.981
Поени од реакции
74.018
Братучед ми од Шведска редовно си оди во Охрид, кога и да дојде во лето во Македонија, стандардно барем една недела минува во Охрид. Отиде пред некој ден, и први впечатоци му се дека било прилично празно. Али уште не сме влегле во шпицот на летото.
Колку и да не чини, Охрид пак ќе си има ист број на туристи.
Како прво сите средношколци и основци од Македонијава одат во Охрид на одмор. Секој во тие години сака да искуси одмор со друштво, а мало морген дека ќе ги пуштат вон границите на Македонија. Така да, со самото тоа Охриѓани се обезбедени со туристи, па ако сакаат и со стап нека ги бркаат, пак ќе одат таму.
Плус има добар ноќен живот, така да повеќе и не им треба, реално повеќето ги заболе колку платиле и онака од дома им даваат пари и дали било гнасно или не :icon_mrgr:
Втора работа градот е привлечен за странски туристи, бидејќи има што да покаже во поглед на историски знаменитости, знаеме дека бајаги се палат они на такви работи. Плус езерото им е доживљај, а рака на срце цените кои на нас ни изгледаат вонсериски за нив се гола вода.
Така да со тинејџерите и со странците се обезбедени Охриѓани секое лето.

Е оние што се 18+ малце потешко дека ќе го одберат Охрид.
За одмор без многу журки реално и Грчките новкомпонирани селца како што ги викате се подобар избор за истите пари. Зошто? Затоа што море>>>>>>езеро ако бидеме реални.
На некои пошто им се скислило од Охрид за време на средношколството, а сакаат журки избор им е Бугарија.
За тие со повеќе пари, Турција, Шпанија, Египет... :)
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Корендон закупи 500 хотелски соби во Охрид за 2014
Десетина хотели од охридско струшката ривиера деновиве потпишаа договор за закуп на своите капацитетит со тур-операторот Корендон за 2014 година.

-Договорот предвидува три чартер лета неделно од Амстердам за Охрид и закуп на 500 хотелски соби вреден 2 милиони евра.-изјави на прес конференција Дончо Танески, претседател на ХОТАМ.

Од официјалниот претставник на Корендон во Македонија, агенцијата Фибула, изразија очекување дека 2014 година ќе биде поуспешна во однос на оваа година и дека бројот на туристи од Холандија и Белгија кон кои е насочена понудата на Охрид, ќе биде поголем.

Претставници на Хотелската асоцијација деновиве престојуваа во Турција, каде беа потпишани новите договори за соработка со Корендон, кој, како што истакнаа охридските хотелиери, претставува високопрофесионален тур-опеаратор со исклучителна понуда.

-Се работи за сериозна компанија и ни претставува задоволство што хотелиерите од охридско струшкиот регион се дел од светската мрежа на туристички производи, истакна Тоше Чочороски од х. Силекс.

Договори за закуп на капацитети за 2014 година со тур-операторот Корендон потпишаа хотелите: Детарет, Метропол, Турист, Силекс, Инекс Горица, Дипломат, Дончо, Дрим, Београд и Макпетрол.

OhridNews

06.07.2013 15:42

Прочитана е : 767 пати

© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
За пивото незнам ама кафето(нескафе) од 100 до 150 се движи исто е и во Грција ама таму ти даваат лежалка гратис а овде наместо да пиеш две кафиња со тие пари, мораш посебно да ја платиш лежалката а што е најсмешно и чадорот посебно го платив еднаш:icon_lol: .
Грција ова Грција она ... споредуваш Охрид со некое си селце во грција ... еве споредба јас да ти кажам за Грција ... на Крф беше 10 еур две лежалки и чадор ... ни п од пијачка во тоа ... ако веќе споредуваш ... ако сакаш ќе ти кажам каде точно е тоа ...
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Илузорно е да се споредува Охрид со Грција.
Прво се споредува град со држава. Па само крајбрежјето на Касандра е околу 500 км, напроти 30-40 на охридското езеро, ако го сметаме Охрид се до Свети Наум.
А второ и поважно, тука под Грција се подразбираат бунгаловите во селцата околу Солун, каде што освен македонци, срби и по некој бугарин, тешко некои други странци да залутаат. Ако веќе споредувате, земете ги во обѕир местата по кои Грција е позната во светот како туристичка дестинација, по островите, а кои ретко да се најдат во понудата на некоја наша агенција, па тогаш критикувајте дека Охрид бил скап.
А на крајот на краиштата, цената ја одредуваат понудата и побарувачката. Се додека се полни плажите и кафичите, значи дека цените не се високи, барем за тие што ги посетуваат.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.295
Поени од реакции
18.298
Изгледа не си во тек со настаните дечко.

http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=57094

Во висока сезона во Охрид ќе слетуваат 8-9 чартер авиони од Бенелукс

Високи претставници од туристичиот сектор во Холандија, предводени од главниот извршен директор на холандскиот тур-оператор ТУИ, Стефан Ван Дер Хајден, од денеска престојуваат во Охрид. Тие утрово пристигна со чартер лет на аеодромот „Св. Апостол Павле“ каде беа пречекани од амбасадорката на Холандија во Македонија Мариет Схурман, претставници од општина Охрид, Агенцијата за промоција на туризмот во Македонија како и претставници од локалните туристички агенции „Каратанова Турс“ и „Охрид Холидејс“.

А ако не ти е јасно кои се ТУИ види овде:

http://en.wikipedia.org/wiki/TUI_AG
Ау 8-9 чартер летови..Незнам што глумите лудило коа и самите знаете кој ви се најголем број на туристи(и тоа без да добиваат субвенции од владата).
Го посетувам Охрид последниве години и знам што луѓе идат,да не се србите и македонците кој идат тука празен ќе ви биде градот.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Ау 8-9 чартер летови..Незнам што глумите лудило коа и самите знаете кој ви се најголем број на туристи(и тоа без да добиваат субвенции од владата).
Го посетувам Охрид последниве години и знам што луѓе идат,да не се србите и македонците кој идат тука празен ќе ви биде градот.
Тоа 8-9 чартери неделно само од земјите на Бенелукс.Да не зборуваме за останатите странци од Италија,Германија,Турција,Полска...тоа за субвенциите не го рабираш.Владата не дава субвенции за донесен турист(не буквално),туку има строги критериуми како се даваат субвенциите(мин. 3 ноќевања со појадок во категоризиран хотел и многу други.)
А како е односот на туристи види последниве 2-3 г.Бројот на странците расте за 7-8 % годишно,а на домашните опаѓа за 2-3 %.
Ако сакаш да дискутираме на темава биди малку поспремен дечко.Научи ја темата и прај муабет.Немој вака на слепо.

Биди ми поздравен. ;)
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Охрид е преполн со странски туристи,конечно мир и тишина ги нема веќе досадните домашни туристи кој мислат за триста денари можат шо сакат да прават.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Охрид е преполн со странски туристи,конечно мир и тишина ги нема веќе досадните домашни туристи кој мислат за триста денари можат шо сакат да прават.

Сакам да ја кажеш причината зошто се здодевни домашните туристи?Ме интересира,зошто ви пречаат?Всушност ме интересира и уште едно прашање се надевам дека некој ке ми одговори...
Зошто Скопјани и Охригани не се поднесуваат?
Ајмо народе да видам дали ке се појави јунак за да одговори.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom