Ај нека ме просветли некој зошто да одам во Охрид, кога за мала разлика во пари можам да одам на некое место на кое не сум бил?
Просветли ме мене ти еве, зошто ми се правдаш за твоите пари? Ни мене ни на кој било друг Охриѓанец нема да му се скрати ни секунда сон затоа што ти не си дошол ваму.
Имаше еден убав коментар неодамна, беше нешто во смисла "сакаш да дојдиш со 100 евра на одмор, а да си заминиш со 200".
Мене секоја година искрено ми е смачено од истиот муабет и од прашањата зошто да дојдам Охрид кога можам да одам таму и таму, или зошто да ти плаќам ______ (вметни рандом цена која нема врска, на пример ракија 80 денари) кога можам да платам за _____ (вметни рандом поефтина цена на море). Знаете, на никого не му е гајле. Ни нас не ни е сеедно да го вртиме муабетот "ак не ви чинит не идајте" ама брат... ако не ти чини стварно не оди повеќе. Значи ако на едно место мене не ми се допаѓа, а сум пошол еднаш, не одам пак и готово.
Охрид има далеку поголеми проблеми од она што вие го гледате за 10тина дена на одмор. Секоја година отприлика пред сезона Охрид е тема за ретардирани вести од типот Чудовиште во Охридското езеро од пред 2 години и лани екстра ексклузивната вест НАЕЗДА на змии во Охрид објавена од шит портал со цел да привлече внимание. Значи некој човек видел змија Варош негде, или Канео (ај и змииве да ги бркаме?) и од сето тоа направи една галама што дури и тема се отвори овде. И на таа тема, па и на оваа се врти истиот муабет.
Некогаш се нервирам ама пак и проект ми се некои фаци, жими се. Пишал типацон од Солзи и Смеа, еј ракија 80 денари не ќе плаќам во Охрид ќе си одам на море. Ако негде е толку ракијата јас ќе го частам. Тоа е тоа што се фура секоја година, поготово кога ќе слушнам Скопјанец да се жали на цени во Охрид... лицемерие невидено. Ако споредуваме цени, и ако сте дошле во Охрид последниве неколку години, ќе воочите дека менито горе-долу е колку во просечен кафич во Скопје. Нес кафето во Тренд - 130 денари. И тоа во епрувета ти го служат. Во Охрид, во ете да го земеме најпрефинетиот кафич, Куба Либре, Нескафето е 100 денари, макијатото 70. Во Ликвид, Кадмо и Аквариус, кафињата се по 60 денари. Колку се на кеј? Големо макијато е 80. Сега ќе ти сврзам уште еден муабет - а шо поглед имаш ти дур сејш Тренд? Или на Ленинова? Или во оние мочанине кафичи на улица Македонија?
Во Охрид се наплаќа и погледот, а за онаков поглед да ми простиш и 60 денари малку е. (го осеќаш овде локалпатриотизмот? Јак е?
)
За мене како Охриѓанец нема посебни цени на лето од вас, Охрид нема сезонски цени, Охрид нема да престане да функционира ако ти или Петко или Трајко го бојкотирате оваа сезона. Хотелите во Охрид се полни, има Холанѓани, Азијци и Турци, градот живее секое лето, ако ти не дојдиш и ги потрошиш парите на друго место, езероно пак ќе е тука... Како да ти кажам не знам, како поинаку.
Еве ќе чепнам уште еден проблем со кој се етикетираат Охриѓани - услугата. Во Охрид на лето ретко кога ќе видиш Охриѓанец келнер, ретко кога на плажа ќе сретниш Охриѓанец газда на шанк. Цело Градиште го држат газди Скопјани, а ако си газда шо повлеквиш? Услуга. По проста математика, ако ги баратате дијалектите, ќе сфатите дека ние не сме услугата, туку услугата се состои од цела Македонија.
По уште попроста математика, чив менталитет треба да го менуваме? На Охриѓани или општо на сите Македонци? По мојата формула, вториот проблем е важен. Јас и ти и Скопјанец и Прилепчанец, сите имаме ист менталитет. До сржта е, и до креветот... Кога ќе почнат студентите да се жалат секоја година за "услугата" на газдите Скопјани, ќе се дојде до заклучок дека не се нешто подобри од газдите Охриѓани кои за 300 или 350 денари ви нудат расипан туш, кревет од 60тите и наезда на змии.
Не сакам да ти кажам тебе лично ништо, туку општо на сите. Не ги споредувајте вашите пари и услугите кои ги имате на располагање. Море ќе биде секогаш подобра опција од езеро, и реалното гледање на работите, а не привидната призма на бајат хумор на сметка на Охриѓани. Охриѓани и Охрид имаат поголеми проблеми кои вие нема да ги почувствувате кога ќе дојдете на лето или кога нема да дојдете, но ќе критикувате на интернет. Градот има многу поголеми проблеми од регулирањето цени и услуги. На крајот на краиштата, Охрид полека почнува да се менува, да излегува од дупката во која се закопуваше скоро деценија. Дали ќе излезе или не и дали ќе се смени на подобро или полошо, ќе покаже времето.