Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Колку надмени биле охриѓаниве, па уште не признаваат дека претеруваат со цените. Ајде тогаш кажете ми на што личи тоа во хотел да се плаќа 30 евра само за ноќевање?На пример во Кушадаси е 10 евра, а си на море. Ај да оставиме хотелите, ретко кој престојува во нив токму поради оваа причина само за странци ви се направени хотелите, за оние кои можат да ги платат, а за приватно сместување што ќе кажете од човек по 500-600 денари па нагоре? Најефтино сместување е 400 денари и тоа ретко кога е комплетно за тие пари, или нема тераса или телевизор или нема клима или пак е со заедничко вц со други соби. И точно е вие немате сезонски цени, исти ви се преку цела година. На пример ако сакам да дојдам во Мај кога сезоната не е ни почната место да платам поефтино јас ќе платам исто како во сезона. А за во Грција пример за во мај има аранжмани по 50 евра 7 ноќевања со вклучен превоз. Во Грција може да се најде и за 5 евра сместување ем си на море ем не му седиш на некој дома, таму обично сите вили се наменети само за издавање а кај вас многу често се случува да треба да престојуваш во нечија семејна куќа. За кафето во Скопје не е секаде 130 денари како што пиша некој погоре, има кафичи каде нес кафе е 60 денари значи дупло поефтино зависи кај ќе седнеш, во охрид не би рекла дека е така. Значи истите пари што сум ги трошела во Охрид на одмор ќе ги потрошам и на море, затоа Охрид ми е дестинација само за викенд и ништо повеќе. И на што личи тоа однесување ако не ви се иде не идете? Некои Охриѓани живеат од тоа. Многу лошиот однос спрема потенцијалните туристи и неквалитетната услуга само ви прават лошо. Отидете во Турција да видите дали некој ќе ве брка или ќе ви каже да не идете, таму луѓето знаат како да привлекуваат туристи и како да направат тие пак да им се вратат, а вие со вакви муабети само станувате одбивни и давате лоша слика сами за себе, иако секако има исклучоци.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355

Добро колку сакаш во хотел да се плаќа за ноќевање?
Сакаш да се будиш со поглед на езеро, сакаш со нозете да си во вода, сакаш полу или цел пансион и скапо ти е 30 евра ноќевање.
Не дека хотелот нема некои трошкови кои не може да ги покрие од твоите 30 евра.
Истото важи и за собите.
За 300 денари барате да имате соба, со клима, со телевизор, болјер уклучен во секое време, по можност и пасвордот од wifi-то да ви го кажи газдата, а рачунај во тие 300 денари не ви се вклучени никакви други сметки,само за смештај.
Не дека на газдата можи да му се крени косата на крај од месец ко ќе му дојди сметката за струја.
Чисто за споредба, глупо помеѓу 9 месечно живеење Скопје, каде цените на становите,а и на собите кои се издаваат се кренати до небо, плаќаш 200 евра за стан само со кујнски елементи, или евентуално 250 за двособен стан, каде не ти се вклучени сметките.
Ако сакаш да дојдиш за 1ви Мај, за Велигден, евентуално и за Нова Година ќе си платиш исти цени како во сезона.
Стварно е old but gold,ама ак не ви чинит не идајте бе.
Од 2008 од ко сум на форумов секое лето истава песна е.
Охрид не вака, Охрид не така.
Најинтересно, тие најгласните шо беа, во сред сезона ги гледам си чекаат ред да си влезат во кафиќ.:)

За кафињата.
Дојди Охрид, ќе ти покажам и јас места каде ќе пијаш кафе за 30 денари ако сакаш.
Ама да не ми викаш после, ама сакав покрај езеро.
А, Скопје ако ми најдиш кафе во Центар некаде на кеј или на ул. Македонија за 60 денари(нескафе), јас ќе ти го платам.
Па, кисела вода сум пиела за 80 денари, колку за споредба Охрид покрај езеро е 50.

A, верувај за вакви туристи какви шо сум видела низ Охрид, не вредат ни подобри угостителски работници.
И да работиш некаде, буквално се иживљаваат демек муштеријата е секогаш во право.
Не дека си има појма од животот, туку во право е, платил 40 денари за ЕКСПРЕСО ќе прајт шо сака.
 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
Ne znam zosto tolku lugje se MK vs OH ahahahhaah .. 7/8 pati sum odel u ohrid i sekogas sum si minuval neopislivo. Sekogas sum po razni kukji i sekogas so gazdite zaebancii si praveme, se napafkam (normalno bez gazdite) i se smeeme, si pieme pivce aa uuu .... malku glupo so toa na plazite sto gi imaat uzurpirano so tie lezalkite plasticni toa malku me nervira ali sekogas mi e bilo kul, a i odamna kazav i pak kje kazam ohrigani mi se nogu kul lugje mene. Ne znam jas li sum retardiran i gi gledam niz nekoja moja cudna prizma tie lugje ili nesto drugo e problemot ali sekogas sum si minuval kul so ohrigjani. Duri taka gi zapoznavam od ulicata i se zasednuvam i se druzam i se maabetime. Zapoznav nekakvi faci odamna sega im gi zabraviv iminjata, zapomniv samo eden CORBE hahahahaha mrdnata faca. Pozdrav ohrigjani epten vi go sakam gradot, ezeroto, stariot grad, se okolu ohrid, turistite i vie ste si kul ic na putka da ne vi dreme sto se zborat za vas. Ohrid za mene e paralelen univerzum. Sum bil vo turcija, hrvatska, crna gora, slovenija, bugarija, grcija pola evropa na suvo i kade i da odam ohrid ne mozam da go sporedam so nisto. Ima tamu nekoj portal ahahahhaah .... Zalno 3 godini ne sum idel na odmor nikade ali narednata godina 98647531% kje idam ohrid.

Cekaj se setiv. Pred 4 godini bev vo ohrid so edna moja bivsa devojka bugarka, i za 300 denari od coek bevme vo soba epten malecka hahahaha, so zaednicko wc ( ubavo bese i cisto weceto) i so dvorce kukjata i so polno narod. I bez TV, bez klima bez kujni i takvi stvari, i sepak si minavme epten jako. Devojka mi bese vljubena vo ohrid iako si minavme u minimalni uslovi. Ne sekogas e vo uslovite ... covek treba da znae da zivee so 2 i so 2002 ..... sum bil i po onaka sredeni kukje kako onaa na pop tomovi li kako bea na kjej i se edno mi e kade kje bidam. Duri bolje mi e u nisko standardna kukjicka da asi odsednam ;)
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Врска немаш што зборуваш, ама баш онака... ич. Поназад пишав пост, си го прочитала ама очигледно не си разбрала што сакав да кажам. Сега немам време за да ти цртам надолго и нашироко, само ќе кажам 2-3 работи.
1. Море секогаш ќе биде подобра опција од езеро, зошто воопшто ги споредуваш тие две работи?
2. Најефтиниот приватен смештај во Охрид е 300 денари (ти пишуваш 500-600) значи немаш појма, спаѓаш во групата на оние кои превеличуваат работи, на пример ракија од 80 денари, коцка мраз за 20 денари, лежалка за 200... Немате врска за вистинските цени и само тропате глупости.
3. Го споредив кафето од најелитниот кафич во Скопје, со најелитниот кафич во Охрид. Ако сакаш да пијаш нескафе и за 30 денари во Охрид има, во Спортлајф.
4. Ни еден Охриѓанец не живее само од туристи. Не знам кој ви го кажал тоа, и самава тема е од старт погрешно поставена. Ги губи туристите од кои преживува? Охриѓани не преживуваат од туристи. Ептен голема глупост.
5. Велиш дека самите ги бркаме туристите со тоа ако не ви чини не идајте. Сфати една работа - не ги молиме да дојдат оние кои постојано се жалат, а доаѓаат. Ти си типичен пример. Цел пост ти е критика кон Охрид и Охриѓани за после да кажеш дека доаѓаш само за викенди. Ооооф. Ние не ја правиме лошата слика за Охрид, туку тоа сте вие, сезонските критичари кои мора пред почеток на сезона да ги свртите истите муабети, така сто години со ред.
Види, оди си кај сакаш на одмор, на никого не му е гајле. Ако не дојдеш Охрид и отидеш на море негде, убаво да си поминеш. Да си жива и здрава. Езероно пак ќе е тука, Дримон ќе си тече, а Канео лежалкине во 5 сатот поручек ќе бидат зафатени, била тука или не, нема разлика.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.979
Поени од реакции
34.358
Тешко во Прага да налеташ на поефтино од овде.Ама е вредно за сите пари :)
Смештајот е (нешто) поскап ако не си резервираш бар пола година унапред.
Јадење у ресторан е со слични цени како кај нас. Пијачките се поевтини. Посебно пивото е поевтино МНОГУ. Ај што е поевтино и ПОДОБРО Е!!! :)
Ако ме држи сеќавањето добро од лани, некаде 70тина денари беше пола литар кригла Старопрамен.

Прага ви е право место за одмарање со наш стандард, само треба малку пазење да не се залута во скапите места и нема гајле... Има многу што да се шета и да се види. Историја, култура, забава.

знае ли некој колку кошта да поставиш приколка во градиште, колку пари е годишно за одржување ??
Kампот има два дела, стар дел (кај плажите) и „нов„ дел кај сегашниот археолошки музеј (реплики на наколните живеалишта). Не знам дали цената е секаде иста, ама во стариот дел изнесува некаде окулу 35 илјади денари годишно, со мали разлики во однос на квадратурата на плацот.

Не е баш евтино, ама се исплати ако го користат повеќе луѓе. Најубав камп е на Охридско езеро, од аспект на природата.
Лошо е што владее безредие, нема ред и мир. Пијани селендри и/или тинејџери што рокаат турбофолк бљувотини цела вечер. Преку ден надежни направи-сам мајстори ги средуваат плацевите, чукаат, коваат, сечат железа со шмишајбни, џукели лаат... Тоалетите се нечисти и стари, од 1 до 10 им давам 3ка. Топла вода има... понекогаш.

Гужви на плажата, нема бегање на втората, трета или четвртата плажа (Оревче) пошто таму се е покриено со лежалки и маси. А сега пред шпицот во Јуни градеа, бетони, цигли, бои, прашини...
За раат плажа само чамец и на „диви плажи„.

Чисто да знаеш што те чека. :)
А исто е во сите кампови кај нас, нема ред како во странските кампови, после 10 навечер да мора тишина или марш надвор.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Јадење у ресторан е со слични цени како кај нас. Пијачките се поевтини. Посебно пивото е поевтино МНОГУ. Ај што е поевтино и ПОДОБРО Е!!! :)
Најдобро во свет е! Немам пиено поубаво пиво, различни да, особено белгиските, ама:

е неверојатно нешто!

Извинете за офтопик, ептен се возбудив за пивово, сеа со скопско се тешам :icon_mrgr:
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Kампот има два дела, стар дел (кај плажите) и „нов„ дел кај сегашниот археолошки музеј (реплики на наколните живеалишта). Не знам дали цената е секаде иста, ама во стариот дел изнесува некаде окулу 35 илјади денари годишно, со мали разлики во однос на квадратурата на плацот.

Не е баш евтино, ама се исплати ако го користат повеќе луѓе. Најубав камп е на Охридско езеро, од аспект на природата.
Лошо е што владее безредие, нема ред и мир. Пијани селендри и/или тинејџери што рокаат турбофолк бљувотини цела вечер. Преку ден надежни направи-сам мајстори ги средуваат плацевите, чукаат, коваат, сечат железа со шмишајбни, џукели лаат... Тоалетите се нечисти и стари, од 1 до 10 им давам 3ка. Топла вода има... понекогаш.

Гужви на плажата, нема бегање на втората, трета или четвртата плажа (Оревче) пошто таму се е покриено со лежалки и маси. А сега пред шпицот во Јуни градеа, бетони, цигли, бои, прашини...
За раат плажа само чамец и на „диви плажи„.

Чисто да знаеш што те чека. :)
А исто е во сите кампови кај нас, нема ред како во странските кампови, после 10 навечер да мора тишина или марш надвор.
Да те демантирам за градиште :)
Има ред и мир најчесто во стариот дел кај шо се повеќе фамилии, во новиот дел секогаш било истото. Плус најефтино им е на тинејџери за одмор градиште, нормално дека ќе има све и свашта.
Тоалетите горе-долу ги одржаваат, тоа шо се стари е друго,ама јас многу пати во текот на денот сум гледала чистачка си чисти таму.
Топла вода има сабајле и приквечер кун 6,30-7

На првата плажа тој делот пред кампојте нема лежалки никаде.
Едино некој од тие шо седат во кампојте ако си стават лежалки и да си чуваат место.
Веќе некаде од кај шо почвит Буре, па натаму втора и трета плажа, се да речиме "пошемски" и таму скоро све е со лежалки и маси,ама се наоѓа пред мостојте место за да седниш.
За оревче баш има простор да застаниш некаде и да не платиш ништо, сеа баш ако сте багра не можиш,ама за 3-4 се наоѓа место.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
не се исплати нигде да поставиш приколка 30.000 за 2 месеци у градиште само јули и август работи други месеци можеш ама нема струја и вода...
споредба у грција е 800 евра и 6 месеци е отворен кампот
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.279
Поени од реакции
15.404
Јас кратко ќе кажам-половина сум охриѓанец,имам куќа многу одамна во центарот на Охрид,но 6-7 години одам во Албанија на одмор бидејќи ми е ПОЕВТИНО.Во Охрид неплаќам смештај,а пак одморот со се фамилија ме кошта многу поскапо.

За да одам на плажа палам кола,ако сакам да ручам таму е изгор по плажите(фамилијарен човек сум).да се враќам дома треба бензин да трошам и плус да се ваќам на плажа пак со кола.Кај плажите плус паркингот се наплаќа.Да му давам на детето сендвичи и тостови и тоа за големи пари-не чини.

Во Албанија земам соба блузу до плажа,еспресо на лежалка е 22 денари!!!!!!и што друго да разговараме?

За да бидам малку повеќе патриот,прво малку и охриѓани нека бидат `попатриотски` настроени со цените
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Гледам доста лјуге се вработиле во туристички агенции во последно време,па од таму и олку жестоки напади на Охрид.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.279
Поени од реакции
15.404
Ова јас што го пишав до последен збор е точно и по ПП пораки можам кој сака и детали да му објаснам,дури и за некои непријатности кои сум ги доживеал само во Охрид(последниот пат завршив на операциона маса на максилофацијална хирургија)
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Врска немаш што зборуваш, ама баш онака... ич. Поназад пишав пост, си го прочитала ама очигледно не си разбрала што сакав да кажам. Сега немам време за да ти цртам надолго и нашироко, само ќе кажам 2-3 работи.
1. Море секогаш ќе биде подобра опција од езеро, зошто воопшто ги споредуваш тие две работи?
2. Најефтиниот приватен смештај во Охрид е 300 денари (ти пишуваш 500-600) значи немаш појма, спаѓаш во групата на оние кои превеличуваат работи, на пример ракија од 80 денари, коцка мраз за 20 денари, лежалка за 200... Немате врска за вистинските цени и само тропате глупости.
3. Го споредив кафето од најелитниот кафич во Скопје, со најелитниот кафич во Охрид. Ако сакаш да пијаш нескафе и за 30 денари во Охрид има, во Спортлајф.
4. Ни еден Охриѓанец не живее само од туристи. Не знам кој ви го кажал тоа, и самава тема е од старт погрешно поставена. Ги губи туристите од кои преживува? Охриѓани не преживуваат од туристи. Ептен голема глупост.
5. Велиш дека самите ги бркаме туристите со тоа ако не ви чини не идајте. Сфати една работа - не ги молиме да дојдат оние кои постојано се жалат, а доаѓаат. Ти си типичен пример. Цел пост ти е критика кон Охрид и Охриѓани за после да кажеш дека доаѓаш само за викенди. Ооооф. Ние не ја правиме лошата слика за Охрид, туку тоа сте вие, сезонските критичари кои мора пред почеток на сезона да ги свртите истите муабети, така сто години со ред.
Види, оди си кај сакаш на одмор, на никого не му е гајле. Ако не дојдеш Охрид и отидеш на море негде, убаво да си поминеш. Да си жива и здрава. Езероно пак ќе е тука, Дримон ќе си тече, а Канео лежалкине во 5 сатот поручек ќе бидат зафатени, била тука или не, нема разлика.
Точно е си доаѓам за викенди зашто така мене ми одговара и не се срамам да го кажам тоа, за одмор не ни помислувам и нема да помислам зашто не ми е исплатливо. И сигурно не доаѓам кај такви како тебе негостопримливи..Значи не се сите исти има и гостопримливи луѓе што знаат да се понашаат со туристи, само за жал таквите се се поретки. Иначе можеби може и за 250 денари да се најде смештај ако биде во подрум или да остапите лична просторија значи за да не вратите турист спремни сте да не сместите било во какви простории само за да ни наплатите(не сите ама има такви), јас велам 500-600 па и 400 за едно пристојно сместување какво што заслужува секој турист а не на некој да му користам лична просторија зборам за уредени чисти соби наменети само за туристи а такви ги има со овие цени што ги пишав. Муабетот е дека не треба толку да се преценувате и да дигате паника постот не ми е критика за охрид туку критика за таквите како тебе и таквото однесување и секако набилданите цени. И НЕ РЕКОВ дека СИТЕ охригани живеат само туризам туку дека има и НЕКОИ такви, а таквите верувај дека нема да се однесуваат како тебе и да викаат не идете.. А што ќе кажете на тоа дека лежалка и чадор наплаќате 150 денари без никаква пијачка? Дали сте виделе како скоро секаде во странство со пијалокот следува и бесплатна лежалка, и тоа по 100 ден за лежалката чадор плус 50 денари, страшна работа. Како и да е не планирам да дискуирам повеќе зашто на оваа дискусија знам ќе и нема крај и не би се објаснувала со некој што не може и не сака да разбере ‘_‘

За членката погоре што ми реплицирала- ќе кажам дека дадов пример дека 30 евра е во хотел САМО ноќевање ИЛИ ноќевање со ПОЈАДОК, а не дај боже ако сакам полн пансион под 60 евра нема да биде еве нека бидат и 60 па и 50 нека бидат, јас луѓе за тие пари имам ултра алл инклузив во анталија значи не само пансион туку и се друго вклучено, и тоа во хотел со 4-5 ѕвезди. И не само таму ама ете за таму баш знам па затоа наведов. Затоа хотелскиот туризам кај вас е наменет само за странци!!! И многу јасно дека имам право пасвордот да ми го кажат за интернет, зошто да не и ми го кажувале ама не такви како вас!! Исто така незнам што одма на Скопје алудирате па не се сите од Скопје што пишале на темава!! И НЕ споредуваме цени со СКопје споредуваме цени со земји кои имаат МОРЕ! Како не ви стана јасно.

КРАЈ !
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.295
Поени од реакции
18.298
Солидни соби во топ сезона имаш за 300 до 400 во зависност од локацијата.Ова е просек,а се наоѓа и поефтино и поскапо али над 500 неам слушнато некој да платил од мој познаници.Сеа за први мај во центарот на градот платија другари 200 денари од човек:icon_lol:да отидеш овој период не верувам над 300 да ти наплатат.Тоа што се гужваме сите во период од 10 дена ти е одговор на прашањето окулу цените на лежалки и се останато.
Едино нешто што заслужува критика е јадењето,не е можно цените да се ко у седмица а од 10 места нигде не можеш да се најадеш.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.979
Поени од реакции
34.358
Да те демантирам за градиште :)
Има ред и мир најчесто во стариот дел кај шо се повеќе фамилии, во новиот дел секогаш било истото. Плус најефтино им е на тинејџери за одмор градиште, нормално дека ќе има све и свашта.
Тоалетите горе-долу ги одржаваат, тоа шо се стари е друго,ама јас многу пати во текот на денот сум гледала чистачка си чисти таму.
Топла вода има сабајле и приквечер кун 6,30-7

На првата плажа тој делот пред кампојте нема лежалки никаде.
Едино некој од тие шо седат во кампојте ако си стават лежалки и да си чуваат место.
Веќе некаде од кај шо почвит Буре, па натаму втора и трета плажа, се да речиме "пошемски" и таму скоро све е со лежалки и маси,ама се наоѓа пред мостојте место за да седниш.
За оревче баш има простор да застаниш некаде и да не платиш ништо, сеа баш ако сте багра не можиш,ама за 3-4 се наоѓа место.
Правилата за ред и мир не се релативни, туку апсолутни. Ако пишува дека по 10 или 11 навечер не смее да се прави бука, тогаш не смее да се прави бука и не можеш да кажеш дека „има ред и мир најчесто„.
Во пракса секогаш ова правило се крши а чуварите по пар пријави само понекогаш вербално опоменуваат, без ескалација и нормално без резултати.
Плус и дење е како на градилиште, зошто нема некои правило да не смее од Јуни од Октомври да се чука, кова, и што се не...
Вакви работи нема во кампови во други држави.

Јас затоа и не доаѓам во шпицот на сезоната, бев 10тина дена во Мај и сега две недели во Јуни. Следно тек кон крајот од Август. Да немам на располагање чамец да бегам на диви плажи воопшто не би ни доаѓал во кампот.
Исто и без хемиски тоалет не бива, до завчера беше пуштено само едно од 3те WC-а, тоа најдалечното и тоа само женскиот дел. Unisex. :)

Тоалетите и бањите се никакви и нечисти. Тие сиротите женички што ги спомнуваш навистина често се „на терен„ ама зафатот им се сведува на прскање со црево... Не помага тоа многу, пошто многу од тоалетите се затнати и исто и туш кабините, и за да дојдеш до местото цапаш во гомненици до глужд.
Сеа ја и ти може имаме различни критериуми за чистота ама за мене тоа не е „чисто„ искуство... ;)

Како што некој напиша погоре, ако ова кошта накај 600 евра за пар месеци, а во соседството на море имаш многу посреден камп што кошта 800евра за 6 месеци... Единствено нешто што (засега) ме држи во Градиште е инвестицијата во плацот (инфраструктура, покрив, ограда, бекатон подлога, итн итн...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom