Значи темата е зошто Охрид ги губи туристите, ако не ви се слушаат такви муабети, не ја отварајте темата.
а кој рече дека ги губи туристите ...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Значи темата е зошто Охрид ги губи туристите, ако не ви се слушаат такви муабети, не ја отварајте темата.
Колку надмени биле охриѓаниве, па уште не признаваат дека претеруваат со цените. Ајде тогаш кажете ми на што личи тоа во хотел да се плаќа 30 евра само за ноќевање?На пример во Кушадаси е 10 евра, а си на море. Ај да оставиме хотелите, ретко кој престојува во нив токму поради оваа причина само за странци ви се направени хотелите, за оние кои можат да ги платат, а за приватно сместување што ќе кажете од човек по 500-600 денари па нагоре? Најефтино сместување е 400 денари и тоа ретко кога е комплетно за тие пари, или нема тераса или телевизор или нема клима или пак е со заедничко вц со други соби. И точно е вие немате сезонски цени, исти ви се преку цела година. На пример ако сакам да дојдам во Мај кога сезоната не е ни почната место да платам поефтино јас ќе платам исто како во сезона. А за во Грција пример за во мај има аранжмани по 50 евра 7 ноќевања со вклучен превоз. Во Грција може да се најде и за 5 евра сместување ем си на море ем не му седиш на некој дома, таму обично сите вили се наменети само за издавање а кај вас многу често се случува да треба да престојуваш во нечија семејна куќа. За кафето во Скопје не е секаде 130 денари како што пиша некој погоре, има кафичи каде нес кафе е 60 денари значи дупло поефтино зависи кај ќе седнеш, во охрид не би рекла дека е така. Значи истите пари што сум ги трошела во Охрид на одмор ќе ги потрошам и на море, затоа Охрид ми е дестинација само за викенд и ништо повеќе. И на што личи тоа однесување ако не ви се иде не идете? Некои Охриѓани живеат од тоа. Многу лошиот однос спрема потенцијалните туристи и неквалитетната услуга само ви прават лошо. Отидете во Турција да видите дали некој ќе ве брка или ќе ви каже да не идете, таму луѓето знаат како да привлекуваат туристи и како да направат тие пак да им се вратат, а вие со вакви муабети само станувате одбивни и давате лоша слика сами за себе, иако секако има исклучоци.
Смештајот е (нешто) поскап ако не си резервираш бар пола година унапред.Тешко во Прага да налеташ на поефтино од овде.Ама е вредно за сите пари![]()
Kампот има два дела, стар дел (кај плажите) и „нов„ дел кај сегашниот археолошки музеј (реплики на наколните живеалишта). Не знам дали цената е секаде иста, ама во стариот дел изнесува некаде окулу 35 илјади денари годишно, со мали разлики во однос на квадратурата на плацот.знае ли некој колку кошта да поставиш приколка во градиште, колку пари е годишно за одржување ??
Најдобро во свет е! Немам пиено поубаво пиво, различни да, особено белгиските, ама:Јадење у ресторан е со слични цени како кај нас. Пијачките се поевтини. Посебно пивото е поевтино МНОГУ. Ај што е поевтино и ПОДОБРО Е!!!![]()
Kампот има два дела, стар дел (кај плажите) и „нов„ дел кај сегашниот археолошки музеј (реплики на наколните живеалишта). Не знам дали цената е секаде иста, ама во стариот дел изнесува некаде окулу 35 илјади денари годишно, со мали разлики во однос на квадратурата на плацот.
Не е баш евтино, ама се исплати ако го користат повеќе луѓе. Најубав камп е на Охридско езеро, од аспект на природата.
Лошо е што владее безредие, нема ред и мир. Пијани селендри и/или тинејџери што рокаат турбофолк бљувотини цела вечер. Преку ден надежни направи-сам мајстори ги средуваат плацевите, чукаат, коваат, сечат железа со шмишајбни, џукели лаат... Тоалетите се нечисти и стари, од 1 до 10 им давам 3ка. Топла вода има... понекогаш.
Гужви на плажата, нема бегање на втората, трета или четвртата плажа (Оревче) пошто таму се е покриено со лежалки и маси. А сега пред шпицот во Јуни градеа, бетони, цигли, бои, прашини...
За раат плажа само чамец и на „диви плажи„.
Чисто да знаеш што те чека.
А исто е во сите кампови кај нас, нема ред како во странските кампови, после 10 навечер да мора тишина или марш надвор.
Врска немаш што зборуваш, ама баш онака... ич. Поназад пишав пост, си го прочитала ама очигледно не си разбрала што сакав да кажам. Сега немам време за да ти цртам надолго и нашироко, само ќе кажам 2-3 работи.
1. Море секогаш ќе биде подобра опција од езеро, зошто воопшто ги споредуваш тие две работи?
2. Најефтиниот приватен смештај во Охрид е 300 денари (ти пишуваш 500-600) значи немаш појма, спаѓаш во групата на оние кои превеличуваат работи, на пример ракија од 80 денари, коцка мраз за 20 денари, лежалка за 200... Немате врска за вистинските цени и само тропате глупости.
3. Го споредив кафето од најелитниот кафич во Скопје, со најелитниот кафич во Охрид. Ако сакаш да пијаш нескафе и за 30 денари во Охрид има, во Спортлајф.
4. Ни еден Охриѓанец не живее само од туристи. Не знам кој ви го кажал тоа, и самава тема е од старт погрешно поставена. Ги губи туристите од кои преживува? Охриѓани не преживуваат од туристи. Ептен голема глупост.
5. Велиш дека самите ги бркаме туристите со тоа ако не ви чини не идајте. Сфати една работа - не ги молиме да дојдат оние кои постојано се жалат, а доаѓаат. Ти си типичен пример. Цел пост ти е критика кон Охрид и Охриѓани за после да кажеш дека доаѓаш само за викенди. Ооооф. Ние не ја правиме лошата слика за Охрид, туку тоа сте вие, сезонските критичари кои мора пред почеток на сезона да ги свртите истите муабети, така сто години со ред.
Види, оди си кај сакаш на одмор, на никого не му е гајле. Ако не дојдеш Охрид и отидеш на море негде, убаво да си поминеш. Да си жива и здрава. Езероно пак ќе е тука, Дримон ќе си тече, а Канео лежалкине во 5 сатот поручек ќе бидат зафатени, била тука или не, нема разлика.
Да те демантирам за градиште
Има ред и мир најчесто во стариот дел кај шо се повеќе фамилии, во новиот дел секогаш било истото. Плус најефтино им е на тинејџери за одмор градиште, нормално дека ќе има све и свашта.
Тоалетите горе-долу ги одржаваат, тоа шо се стари е друго,ама јас многу пати во текот на денот сум гледала чистачка си чисти таму.
Топла вода има сабајле и приквечер кун 6,30-7
На првата плажа тој делот пред кампојте нема лежалки никаде.
Едино некој од тие шо седат во кампојте ако си стават лежалки и да си чуваат место.
Веќе некаде од кај шо почвит Буре, па натаму втора и трета плажа, се да речиме "пошемски" и таму скоро све е со лежалки и маси,ама се наоѓа пред мостојте место за да седниш.
За оревче баш има простор да застаниш некаде и да не платиш ништо, сеа баш ако сте багра не можиш,ама за 3-4 се наоѓа место.