Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Huzzy Gurl

Animal Lover
Член од
14 септември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
128
Подобро во Охрид отколку во Грција! Во Охрид имам многу пати одено и секогаш услугата и гостопримливоста е на ниво, можам едниствено да замерам за цените бидејки се малце високи за еден Охрид ама ајде ке помине некако. :cool:
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
Никаде на Крф нема толку скапи лежалки. Ако имало на само една плажа, тоа не значи дека на целиот остров е така. Крф годинава е зачудувачки евтин...
тоа ми беше и поентата ... дека се генерализира и за Охрид и за Грција и се споредува ...

П.С. на плажата на Паљокастрица на Крф има (ло) толку скапи лежалки и тоа во септември ...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
тоа ми беше и поентата ... дека се генерализира и за Охрид и за Грција и се споредува ...

П.С. на плажата на Паљокастрица на Крф има (ло) толку скапи лежалки и тоа во септември ...
Таму можеби имало поскапи лежалки, бидејќи важи како помонденско место на островот, најубавите плажи се таму. Не разгледав колку се таму лежалките, бидејќи немав ни потреба.... никој не ти забранува да си поставиш своја лежалка, а има место колку да сакаш. Меѓу две соседни лежалки има место оставено цела кола да паркираш, а не како во Охрид да не можиш да поминиш, да треба одоколу да вртиш... настрана фактот што во Охрид не те оставаат да седниш на плажата без да платиш. Му се серам на туризмот, да му се серам...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Шо не им ја мавна ?
Јас неам начекано ама ако ми речит несмешј карти да играш ако не платиш мамето ќе му го ебам, море везеро ќе го врлам, најозбилно.
На која плажа се дешават ова ?
На Немо на едниот од шанковите така пишува.Таму кај песокот,кај што има 2 дрва за под сенка,тој шанк.Бев со DracevoTheCity заедно тогаш.Нека си ебат матер,а 50 метри подоле кај тобоганот не ти прават никаков проблем,сите си картаат колку сакаат.
Али тоа е куртон глуп што го држи шанкот таму,нека му пропадне.Не денар да извади од тоа,него у дугови да влезе мамичето негово ретардирано.
Ради такви куртони Охрид веќе никој не го посетува.Кај народот е нужно зло,ако не можам у грчка или на друго место,ај Охрид ако ништо друго.

Иначе најголема замерка што ја имам јас е за спороста на услугата.Човече божји секаде во секоја сендвичара чекам дупло повеќе време за еден мочан тост без гужва,него во Скопје во полно место.Кај што пола саат им треба нешто да направат,на празен дуќан/ресторан/штанд,кај што си единствен муштерија чекаш пола саат да ти каже повелете и да те услужи.
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Епа ќе ги губи ... дури и самите луѓе што нудат смештај ги мразат сограѓаните ...
На плажа седнувам (прво на немо после на лагадин) кој нарачува пиво кој кафе ова она плаќаме што плаќаме туборг 150 кока кола 90 нема врска - ама после 15 мин доаѓа шанкерката а кој не пробал од пивото кој пола сок ова она вика дечки допијте ги пијачките и нарачајте други ако сакате да седите ако не да си одите ... и ајде што ќе напраиш пак да не отидеш таму .. друга случка . сабајле кај 5-6 саат и од диско враќање и кај една продавница после мцд застанувам сок да купам и влегувам викам добро утро тој ни а ни б викам има газоза ми вика оди провери му викам добро одам земам од фрижидерот газоза 1 ЛИТАР и да одам да ја наплати и глеаше некои сметки и го чекам 2 мин така стојам и му викам шефе да платам ми вика чекај бе малку остај ме глеаш дека пресметувам му викам може се брзам што има јас да чекам и ми вика добро дај 40 денари и му викам 1 ЛИТАР е газозата како 40 ден и ми вика епа толку е му викам дај сметка ми вика ја затворив сметката ја заклучив касата .o_Oбудала ме праи уште и му остаив 50денари си искочив не мислам да се расправам ... 3та случка на почетокот кога стигнав еден ни нуди смештај ни вика блиску до центар на 4-5 мин до пристаниште апартман 30евра го давал ние викаме ајде да видиме што е како е ... дечкото не однесе кај партизан камповите и кога му викам нели 4-5 мин од пристаниште ( а тоа кај што не однесе е 20-30 мин од пристаниште ) ни вика епа мора јас со некои свои финти да привлечам муштерии ... ало :eek:
На Немо прееска еден земаше паркинг наплаќаше а нема врска таму не се плаќа паркинг ни вика 50 денари цел ден и го прашуваме кој си ти бе од кога се плаќа ми вика секој ден се плаќа а јас 3-4 дена по ред одам никој нема и се сеќавам цело лето не се плаќа и минатата година не се плаќаше му викам дај нешто легитимација дека треба да ти платам и ни вика добро ај одете ама ќутете .. и треба да земеш да го лупнеш од земја што те дупи ...
Се на се ... Охрид од година во година е се понепривлечна дестинација слабо ви одат луѓе џабе е се мислам .... сменете си однесување (ако можете) ако сакате пак да се врати реномето
поздрав
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.268
Поени од реакции
18.241
За тоа пијачките на плажа,коа сум идел просечно еднаш на 6 идења ќе ми речат нарачајте уште нешто или станете.Углавном сме седеле по 3-4 саата со едно пиво без проблем.На Немо ова,да не претеруваме до толку за ова.А за смештај стандард приказна е дека не моеш да најдеш ако не се знаеш со некој:свиркам:
А ова последново ми е ко на к15 муабетот џандарот коа сакада напушти државно и приватно на раскрсница да работи:pos:
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
За тоа пијачките на плажа,коа сум идел просечно еднаш на 6 идења ќе ми речат нарачајте уште нешто или станете.Углавном сме седеле по 3-4 саата со едно пиво без проблем.На Немо ова,да не претеруваме до толку за ова.А за смештај стандард приказна е дека не моеш да најдеш ако не се знаеш со некој:свиркам:
А ова последново ми е ко на к15 муабетот џандарот коа сакада напушти државно и приватно на раскрсница да работи:pos:
Така беше 15 мин седевме и до пола беа пијачките вика ако седите уште нарачајте друга пијачка .. а за смештај имаше луѓе што нудеа си се сместивме за солидна цена во апартман кај тинексот
 
Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
Охрид :facepalm: Последно искуство во Јуни, кога ми наплатија за едно шише вода од 1,5л, обична негазирана, 100 денари... му барам фискална, и ми дава од Пелистерка газирана 1Л, а јас порачав Добра вода од 1,5Л... епа кој ги еба појќе, гледам да го избегнувам шо појќе.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Епа ќе ги губи ... дури и самите луѓе што нудат смештај ги мразат сограѓаните ...
На плажа седнувам (прво на немо после на лагадин) кој нарачува пиво кој кафе ова она плаќаме што плаќаме туборг 150 кока кола 90 нема врска - ама после 15 мин доаѓа шанкерката а кој не пробал од пивото кој пола сок ова она вика дечки допијте ги пијачките и нарачајте други ако сакате да седите ако не да си одите ...
А сега јас ќе ти кажам друга случка од Дебар... има таму три-четири барови покрај плажа... доаѓаат десеттина од Скопје од сабајле, зафаќаат голема маса и лигават (вкупно) пет пива до кај 6-7 саат навечер, да не зборам дека пивата се најмалце дупло поефтини од оние во Охрид. Епа после како да не прават така во Охрид, само така треба со такви.
 
Член од
5 јуни 2012
Мислења
41
Поени од реакции
22
Охрид е преубав град ... Е сега што е многу скап - скап си е . Пазарот е скап, рестораните се скапи, смештајот е скап, паркинг катастрофа, 80% од угостителите се нељубезни, таксистите да не ги спомнувам ( рекетари ) ... Треба малце да прифатат охриѓани критика, не само да се караат по форуми :D Штом сите гости истото го зборуваат и исти случки раскажуваат, нешто не чини во Охрид. И само ќе се надоврзам на последниов коментар на naumdb дали ке седат гостите саат или пет со една пијачка си е нивно право, јас не сум слушнала никаде во светов на така безобразен начин да си ги бркаат муштериите.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.997
Поени од реакции
12.577
За тоа шо ви забраниле карти да играте имам слушнато и порано, незнам кај слушнав дека во кафичи не смеело да се карта пошо се сметало како коцкање. Колку е точно незнам, ама имам слушнато дека на повеќе места е забрането.
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
За тоа шо ви забраниле карти да играте имам слушнато и порано, незнам кај слушнав дека во кафичи не смеело да се карта пошо се сметало како коцкање. Колку е точно незнам, ама имам слушнато дека на повеќе места е забрането.

А ако платиш 150ден. не е забрането? :confused:
--- надополнето: Aug 5, 2012 3:54 AM ---
Иначе од 2007 до 2010 ...3 години по ред одам по десетина дена во Охрид.
Другар ми има викендица кај фабриката златно јајце што е, значи смештајот беше гага :) и сме си поминувале топ!

Имало некои недоразбирања, ситници кои што може да ти се случат било каде..

на пример келнер сакаше да не мавне 4 пива!
Седиме 4-ца другари, секој пушта по една тура ..на крај сметкава иде 20пива.
Али келнер ако не украде, не е келнер :icon_lol:


2011 паузирав, си купив скутерче летото ..немав кеш , па годинава планирам со девојчето крајот средина-крајот на август 5-6 дена да се одморам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Скап кичерајски турбофолкерски туризам.
Секоја чест, од година во година Охрид прераснува во место кое посакуваш да го избегнеш наместо да го посетиш. Одиш на одмор да не се стегаш и да се опуштиш, али додека јадеш или пиеш ти излегува низ нос.
Цени: Појадок чорба, лебче и сок 2 евра. 240 денари дупла шопска, 80 денари жолта, 180денари свински врат, 80денари кока кола - наздравје ручек од 10 евра. И вечера пица и сок 6 евра. На плажа 150 денари лежалка, едно нескафе 100 ден 4 евра. Навечер пиво 100денари, за да се поднапиеш 10 евра. Дневна Охридска доза од 32 евра, во која не е пресметан бензин, вода и цигари. Сместување над 350ден од ден.
Однос: Седиме синоќа на Подпеш шест души, доаѓа келнерот и вели вие ќе вечерате или само ќе пиете, зошто овие маси се наменети за вечера (последниот дел од локалот)?
Кадмо плажа, порачуваме кафе гледам 48 денари викам ова не е можно, викам донеси две чаши вода. Вика вода само флаширана носиме. Ете ти пак стотче. Затоа фино културно ќе си платиш стотче нескафе во Куба и ќе ти донесат вода.
Изглед и впечаток: Цел град излепен АЦА ЛУКАС; САША МАТИЌ; ЖЕЉКО САМАРЏИЌ итн. Во амамот на втори спрат отвориле некој си кафиќ пука тешко турбо. Табана греови. Жива музика насекаде со репертоар Испод палме на обали мора. Смрди корне на скари, мекдоналдс убива, риби, амерички крофни, пченка варена, печена. Ако не повратиш додека се движиш низ центар мора да си среќен човек со здрав желудник.
Паркинг и собраќај: самоубиство.
Гости: Или Бугарките пребегале во Охрид или туристите во Охрид многу гледаат Бугарски телевизии. Јас мислев дека тој стил изумре во 90те али сум била грешка. Австралија мафија јаоо кој фраер сум човече имам и машина за перење.
Домаќини: ............................................!
И Охрид не е она што беше.
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.360
Незнам, што и да кажам за Охрид неможам да тргнам од ништо повеќе него разочарување.Почнувајќи од одвратниот однос кој го имаат 90% од туристичките лица по Охрид со исклучок на 10% кои се добри друго не вреди да спомнувам. Таму секогаш го имаш чуството "Ајде одете си ама дај те ни пари за да ве правиме будали". Во Охрид одам само на еднодневни прошетки никако седење таму. Можеби некој ќе ме мрази за овој став ама се додека тие таму пувловци што се уфилмани не се симнат на земја не идам. Струга 15км од Охрид сосема друга приказна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom