Скап кичерајски турбофолкерски туризам.
Секоја чест, од година во година Охрид прераснува во место кое посакуваш да го избегнеш наместо да го посетиш. Одиш на одмор да не се стегаш и да се опуштиш, али додека јадеш или пиеш ти излегува низ нос.
Цени: Појадок чорба, лебче и сок 2 евра. 240 денари дупла шопска, 80 денари жолта, 180денари свински врат, 80денари кока кола - наздравје ручек од 10 евра. И вечера пица и сок 6 евра. На плажа 150 денари лежалка, едно нескафе 100 ден 4 евра. Навечер пиво 100денари, за да се поднапиеш 10 евра. Дневна Охридска доза од 32 евра, во која не е пресметан бензин, вода и цигари. Сместување над 350ден од ден.
Однос: Седиме синоќа на Подпеш шест души, доаѓа келнерот и вели вие ќе вечерате или само ќе пиете, зошто овие маси се наменети за вечера (последниот дел од локалот)?
Кадмо плажа, порачуваме кафе гледам 48 денари викам ова не е можно, викам донеси две чаши вода. Вика вода само флаширана носиме. Ете ти пак стотче. Затоа фино културно ќе си платиш стотче нескафе во Куба и ќе ти донесат вода.
Изглед и впечаток: Цел град излепен АЦА ЛУКАС; САША МАТИЌ; ЖЕЉКО САМАРЏИЌ итн. Во амамот на втори спрат отвориле некој си кафиќ пука тешко турбо. Табана греови. Жива музика насекаде со репертоар Испод палме на обали мора. Смрди корне на скари, мекдоналдс убива, риби, амерички крофни, пченка варена, печена. Ако не повратиш додека се движиш низ центар мора да си среќен човек со здрав желудник.
Паркинг и собраќај: самоубиство.
Гости: Или Бугарките пребегале во Охрид или туристите во Охрид многу гледаат Бугарски телевизии. Јас мислев дека тој стил изумре во 90те али сум била грешка. Австралија мафија јаоо кој фраер сум човече имам и машина за перење.
Домаќини: ............................................!
И Охрид не е она што беше.