Абе јас претпоставувам нема да игра скоро ич, не е уште објавено на официјалната страна така да не е официјално. Тој беше повреден и тренираше во Миланело за да се опорави и даде изјава дека се надева дека можи да помогни да тимот. Јас ќефој сум незнам за тебе, не дека ќе игра ама само шо го гледам во тимот ми е ќеф. Да ме убедваше некој и да ми речеше дека Ба пак ќе заигра за Милан ќе му се умрев во смеење. Да ми речеше да се кладиме двете очи ќе ги даев залог. Мене уште не ми се верва.
Иначе Емерсон понеделник на прегледи во Миланело. Следен треба да е Ето, Галиани ќе отпатува за Шпанија после завршувањето на последното коло од шпанското за да ја дај првата официјална понуда за Ето. Ето категорично ги одби Милан и вика дека нејќи да мрда од Барса. Мене ми мириса на една од финтите на Галиани, мислам дека Роналдињо е фудбалерот шо го бара таму и сака да е големо изненадувањето. По последното однесување на Роналдињо, со непосетувањето на мечот со Еспањол и напуштањето на тренинзите мене ми се чини дека тој е поблиску до Милан отколку официјално поврзаниот Ето. Трет по чисто моја субјективна проценка ќе биди Замброта, нормално доколку е достапен. Тие се играчите шо ќе ги купи Милан, се друго ќе биди или замена или играч шо ќе замини на позајмица.