Општи дискусии за игри

Член од
14 ноември 2010
Мислења
708
Поени од реакции
140
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Ииихх...
Џои напиша:
<линк до некоја рецензија>

7,5 се рачина за катастрофа :).
Од кога е 7,5 катастрофа? А?
Ете зошто цело време викам дека индустријата е толку за многу за нигде.
Создаде вакви играчи како Џои, играчи на кои има наметна 2-3 типа на игри - им ги испра мозоците да сакаат само тие неколку (преку самите игри), и ги нарече хардкор ГЕЈмери и сега се храни од нив. И ги научи дека игра не е добра ако има рецензии со оценки под 85, а на своите глупи игри со разни валкани методи успева да добива такви оценки.

И после оти Џои и другите „хардкораши“ ќе ставаат дрк смајлиња на една уште неизлезена игра од типот на Battlefied 3 која нема некој голем потенцијал да биде интересна( затоа што таа тема - воена игра со бесмислено пукање - е обработена сто пати). Ете затоа.

Јас ви викам, отворете ги очите.
Шарајте наоколу, играјте секакви игри, пробајте да засакате нешто што не сте го сакале, можеби и ќе се изненадите. Кога нешто не чини ви една игра, било мало или големо, не ја барајте истата игра само со тоа нештото „поправено“, побарајте нешто трето поврзано или неповрзано со првото и тие работи кои не чинеле во првото во тоа другото веќе ја изгубиле смислата.

И да, 7.5 не е лоша оценка. На скала од 1 до 10, 1-5 се негативно оценки, а 6-10 се позитивни. Пробајте игра и со 6ка, помалку или повеќе ќе ви се допадне.
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
И да, 7.5 не е лоша оценка. На скала од 1 до 10, 1-5 се негативно оценки, а 6-10 се позитивни. Пробајте игра и со 6ка, помалку или повеќе ќе ви се допадне.
7.5 е страшно лоша оценка од проста причина што сите сајтови и списанија кои прават ривјуа на игри се потплатени од самите компании што прават игри. Затоа ниедна игра од you-know-who (EA, Activision, и тако даље) нема оценка под 9.5. Значи сега трката е колку повисока оценка ќе добиеш измеѓу 9.5 и 10! :pos2:
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.160
Поени од реакции
5.938
7.5 е страшно лоша оценка од проста причина што сите сајтови и списанија кои прават ривјуа на игри се потплатени од самите компании што прават игри. Затоа ниедна игра од you-know-who (EA, Activision, и тако даље) нема оценка под 9.5. Значи сега трката е колку повисока оценка ќе добиеш измеѓу 9.5 и 10! :pos2:
Е кои игри имаат оценки меѓу 9.5 и 10? Ја знам само за Half-Life 1 и 2, Modern Warfare 2, Oblivion, Mass Effect 2, World of Warcraft, StarCraft, Unreal Tournament, Quake & Civilization меѓу неколкуте...
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Ииихх...


Од кога е 7,5 катастрофа? А?
Ете зошто цело време викам дека индустријата е толку за многу за нигде.
Создаде вакви играчи како Џои, играчи на кои има наметна 2-3 типа на игри - им ги испра мозоците да сакаат само тие неколку (преку самите игри), и ги нарече хардкор ГЕЈмери и сега се храни од нив. И ги научи дека игра не е добра ако има рецензии со оценки под 85, а на своите глупи игри со разни валкани методи успева да добива такви оценки.

И после оти Џои и другите „хардкораши“ ќе ставаат дрк смајлиња на една уште неизлезена игра од типот на Battlefied 3 која нема некој голем потенцијал да биде интересна( затоа што таа тема - воена игра со бесмислено пукање - е обработена сто пати). Ете затоа.

Јас ви викам, отворете ги очите.
Шарајте наоколу, играјте секакви игри, пробајте да засакате нешто што не сте го сакале, можеби и ќе се изненадите. Кога нешто не чини ви една игра, било мало или големо, не ја барајте истата игра само со тоа нештото „поправено“, побарајте нешто трето поврзано или неповрзано со првото и тие работи кои не чинеле во првото во тоа другото веќе ја изгубиле смислата.

И да, 7.5 не е лоша оценка. На скала од 1 до 10, 1-5 се негативно оценки, а 6-10 се позитивни. Пробајте игра и со 6ка, помалку или повеќе ќе ви се допадне.

1. Воените игри НИКОГАШ нема да престанат, секоја година е истото и секоја година се најпродаваните и ДА секоја година И НИЕ ги чекаме со нетрпение. Приказни има милиони, 10 години не мафтаа со втора и прва светска војна не ти сметаше сега ти смета?

2.Играта има 7,5 од гејмспот да правев јас ревју би и дал 5-ка МАКСИМУМ. А и да 7,5 е прилично лош скор особено за игра која се очекување дека ќе направи боом. Значи и 8,5 да имаше ќе беше слабо бидејќи од толку фалење ама баш ништо не е како што викаа.



[/LIST]
[/LIST]
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
7.5 е страшно лоша оценка од проста причина што сите сајтови и списанија кои прават ривјуа на игри се потплатени од самите компании што прават игри. Затоа ниедна игра од you-know-who (EA, Activision, и тако даље) нема оценка под 9.5. Значи сега трката е колку повисока оценка ќе добиеш измеѓу 9.5 и 10! :pos2:
IGN се платени, ама знаат да се избацат со ругачко интервју. GT се конзолашки ориентирани (мање више ботови/нубови се во мои очи), додека пак Gamespot само за некои игри се потплатени, остатокот е горе-доле реални оценки. Во последно време ги следам и giantbomb и g4tv, ама тоа се повеќе како заебантски сајтови.

Точно е дека за блокбастер игрите често се подмитувани, ама тоа не значи дека баш за сите игри се...еве на пример официјалниот Нинтендо магазин им даде катастрофа оценки на повеќето launch наслови за 3DS. А од друга страна пак, јас имам 2 броја од официјалниот 360 магазин (британскиот), каде што целото списание е пренатрупано со субјективни (промовирачки) пораки и нереални, претерувачки рецензии.
Впрочем, јас никогаш не сум одлучил за игра базирајќи се чисто на некоја рецензија. Гледам гејмплеј, читам инфо од независни рецензенти на големиве страници (пример Giantbomb) и дури и ако малку ми фати око, решавам да ја пробам играта. Башка сигурно сите си имаме 2-3ца другари со сличен вкус, па и нив ги прашуваме што и како за некоја игра. :)
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
@Mac да не си на пиратерија да треба да фрлиш пари на оригинал и тоа како ќе гледаш рецензии :)
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
@Џои
Значи јас зборував општо, а не за играта, ама тоа тие веќе јасно. И незнам зошто ја спомнуваш пак.

Реално, 7,5 е доста добра оценка и кога добар рецензент кој ќе ја даде таа, значи дека играта е добра. Е сега заради овие потплаќањава кај блокбастриве, личи како 7,5 дека е слаба оценка. Ама ниту за сите игри се потплаќа, ниту сите рецензенти на една игра се платени.

Е сега конкретно за играва. Играта е тркачка. Ако ме прашаш мене не постои теорија обчина тркачка игра да добие поголема оцека од 80/100. Чим се појави нешто поголемо, очигледно е дека има валкани работи зад тоа (или рецензентот нема појма).

Е сега да ги земеме ИГН и Гејмспот кои на играва и дадоа 85 и 75. Ако и двете се потплатени оти олкава разлика?

Трето, рецензиите се за да се прочитаат, а не само да ја видиш бројчаната оценка! Којзнае дали Џои има прочитано еден збор од рецензијава на гејмспот. Краткиов опис вели
Shift 2 may not offer full-on simulation features, but it boasts roller-coaster thrills and a deep sense of immersion in the hectic world of racing.
И ова е позитивен опис.
 

TheTimi

Veni Vidi Vici
Член од
11 јануари 2010
Мислења
768
Поени од реакции
37
Очигледно само мене Homefront ми направи поголем мерак од Crysis2. Не сум го пробал мултиплеерот ама од тоа што гледав видеа многу повеќе ми се допаѓа од оној на Crysis 2 кој веќе долго го играм. Сега правам споредба на игра која ја играм на ПС3 и игра која ја играм на ПЦ. Можеби е подобра Crysis кога би правел споредба само за ПЦ. Иако не сум ја играл Homefront на ПС3, сигурно не е толку лоша колку Crysis.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
А ова го видовте Valve Discusses Charging Customers Based on Popularity

Ако доведи до општо поевтинување на игрите тогаш сум ЗА. (Гејб Њуел за премиер lol).

ПС. Можи да се закачи темава за важно со надеж дека луѓево така повеќе ќе зборуваат за медиумов?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom