Ете после неколку денови успеав да ги завршам сите 10 епизоди.
Веројатно малку од луѓето на форумот ја гледале, но и тие како јас не се биле свесни што пропушаат
Band of Brothers е ремек дело на филмската уметност. Одлични глумци, инспиративна приказна, маестрална продукција. Сум гледал десетици филмови и документарни на теми поврзани со Втора Светска војна ама ова е врв. Можам да напишам пост од 1000 зборови ама нема да го направам тоа. Ако успеам уште некој да го заинтересирам да ја гледа серијата (барем 1 ќе биде доволно).
Штета што е 10 максималната оцена што може да се додели на IMDB, оваа мини серија сигурно заслужува повеќе !