Што велите за „Демоните на Да Винчи“?
ми лајкс ит
Мене не. Ги изгледав првите четири епизоди, со ништо не ме заинтересира и ја прекинав. Не ми пречи тоа што Да Винчи е претставен модернистички како супер херој и што серијата ја тераат накај жанр фантазија, ама ми пречи што не ми е гајле ниту за борбата за опстанок на Фиренца, тајните заговори на Ватикан, фам-фатал дамата која нормално дека ќе е главен преварант, а главниот лик ми е антипатичен. Очекував серијава да биде нешто слично на Spartacus, а испадна нешто поблиску до Camelot. Друго ми смета кога сакаат да убацат комични елементи среде сериозни настани, сето тоа проследено во позадина со музика од Бени Хил. Не знам дали е до мене, ама и многу ми е шарена серијата, колку и да звучи чудно. Обожавам играње со бои и внимавање на детали во сериите, како на пример во Game of Thrones, ама ми се чини дека овие работи тука ги има премногу и тоа ме деконцентрира.