Општи дискусии за ТВ серии

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.863
Поени од реакции
54.396
True Detective 4та сезона? :icon_lol:

Остарела Винслетка чим почнале да и даваат улоги на баба. Се запуштила малце, се надевам тоа е само заради серијава, не и личи да е ваква.

Ја глеам иначе, уште 4 епизоди имам да изгледам. Делува на интересна, доста ликови се уплеткаа.
Ќе се вратам пак на темава коа ќе ја завршам. Иам нешто за хејтање меѓудругото. :D
Сега ќе го искоментирам ова и ветувам дека повеќе нема да замарам со истото. :D

Mare of Easttown
Одлична мини серија со добар плот твист и раскажување на приказната. Тој дел од серијата односно главниот дел не го коментирам за да ве заштитам од спојлер.

Ќе зборам за нешто друго, за споредната работа и според мене вишок во целата приказна, додадена колку да се испоштува модерниот тренд на правење филмови/серии. Нели со последните измени, да бидат што повеќе застапени тие другите категории, како ги викаа стручно не ми текнува. :D

Шиобан (да ти ебам името) ќерка и на Мер, средношколка, лезбејка. Тотален вишок лик у целата приказна. Само тоа беше, лезбејка, имаше девојка, раскина со неа и сето тоа фино лепо си го измуабети со мајка и и баба и, па фати друга девојка и на крај отиде на колеџ. Толку. Имаше една сцена кога беше пијана и се извика на мајка и за една работа од минатото и толку. Никаква врска нит поврзаност имаше со приказната и дешавањата во серијата. Освен што беше лезбејка и ставена чисто за да се испоштуваат модерните трендови.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Серијата не е тралалајка дефинитивно, има добар тек, таква мрачна и спора. На True Detective ме потсеќа многу. Глеј ја.
Не би рекол баш на ТД не е толку крипи и исполнета со филозофии и длабоки дијалози оваа, најблиску е до The Killing во поглед на меланхолични и драма елементи или The Missing 2 сезона каде исто имаше исчезнување на девојки и фамилиите погодени од тоа, обавезно изгледај ги двете ако ги немаш.

Фантастична серија во секој случај и би ја сместил во топ 5 сигурно после гореспоменативе и Bron/Broen кои сеуште ми се на врвот, а сум изгледал сигурно 15тина вакви драма/мистерии.
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.632
Поени од реакции
2.593
Моментално ја гледам Бруклин 99 и е феноменална, преполна со хумор како и со акција.. перфектна спојка !
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Panic нова серија на Амазон, снимана според истоимениот роман, сега за сега интересна делува како за тинејџ драма. Ќе се гледа најверојатно до крај.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Уште еден заеднички проект е комплетно завршен - темата за топ 100 серии е конечно комплетирана, па кој сака да ѕирне, или кому му треба предлог за добра серија, бујрумте:
https://forum.kajgana.com/threads/ТОП-100-Најдобри-серии-на-сите-времиња-read-only.109444/
Автоматски споено мислење:

43/100 изгледани, или почнати па прекинати, или само почнати. :P
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Уште еден заеднички проект е комплетно завршен - темата за топ 100 серии е конечно комплетирана, па кој сака да ѕирне, или кому му треба предлог за добра серија, бујрумте:
https://forum.kajgana.com/threads/ТОП-100-Најдобри-серии-на-сите-времиња-read-only.109444/
Автоматски споено мислење:

43/100 изгледани, или почнати па прекинати, или само почнати. :P
32/100. Неверојатно е колку добри серии сеуште ги немам почнато. Од 12 до 1 ми фалат дури 5 серии. :sramezliv:
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
28.675
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Има една француска мини серија (од 6 епизоди) снимена во 2020 според книгата на Агата Кристи „Десет мали црнчиња“. Ја рекламираа пред некој месец на FOX дека ја даваат на некој друг канал на ФОКС што јас го немам.
А баш сакам да ја гледам.
На француски името го најдов како: Ils etaient dix, на англиски книгата на Агата се води под името: And Then There Were None. Ако некој знае како да ја најдам серијата, ама со англиски превод (не знам француски) нека помогне :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Има една француска мини серија (од 6 епизоди) снимена во 2020 според книгата на Агата Кристи „Десет мали црнчиња“. Ја рекламираа пред некој месец на FOX дека ја даваат на некој друг канал на ФОКС што јас го немам.
А баш сакам да ја гледам.
На француски името го најдов како: Ils etaient dix, на англиски книгата на Агата се води под името: And Then There Were None. Ако некој знае како да ја најдам серијата, ама со англиски превод (не знам француски) нека помогне :)

Оваа е англиска адаптација и би требало да има торент. Плус гледам и подобра оцена има, ако гледаш оцени.

Францускава ја фатив еднаш на Фокс Крајм и интересно делуваше, ама тогаш побарав само на еден сајт торент, немаше и баталив. Ако не заборавам утре ќе расч'чкам, па ќе ти јавам дали сум нашол.
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
57/100 изгледани, или почнати па прекинати, или само почнати. :ROFLMAO:
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.632
Поени од реакции
2.593
Pocnati prekinati 15/100.. mi se dopaga sto Braking Bad e prva !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom