Ова е единствената серија која сум ја гледал и која е конзистентна од прва сезона до последна и напишана перфектно без штимање за поголема гледаност или лижење на било која општествена/социјална група.
Сите до една сезони се на ист принцип, почнува доста бавно, ги градат ликовите совршено, завршува главната дешавка во претпоследна епизода и во последна имаш расчистување и детали.
Подобар приказ на трулото општество во кое живееме нема да најдеш ни во документарец.
Инаку The Fall е една од неколкуте серии која ја имам изгасено и прекинато со гледање, ако таа ти е репер за добра серија нема што да разговараме понатаму.
Други преценети серии: The Office (англиската ја имам пуштено и shift+delete после 4та епизода, на Рики му имам огромна почит за стендап, ама оној хумор во серијата е ужас), Dexter (вртење во круг се едно исто, ја прекинав после 5та сезона), Six Feet Under (загледав малку, искрено би и дал барем 2-3 оцени пониско од тоа што го има како рејтинг), Brooklyn Nine Nine (оваа треба да има рејтинг максимум 6)....
Ако си некој што гледа тралалајки серии - не ја почнувај, во спротивно нема да зажалиш.
П.С за тоа што ми ја плукаш Сопранови треба рекет да ти удрам, ама ајде