Општи дискусии за ТВ серии

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.664
Поени од реакции
39.049
Не знам дали знаете, овие на големо се спремаат за reboot на Malcolm in the Middle. Сите актери ќе ги репризираат своите улоги од старата серија, освен актерот кој го глумеше Дјуи кој се повлекол од актерството и е заменет со нов што повеќе личи на Дјуи од оригиналниот. :pos:
1745422204872.png
Се надевам нема да ја оплескаат со серијава, ко што обично бива.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.256
Поени од реакции
10.367

По 3 години вадат втора сезона и тоа ќе излезе пола у август, пола у септември. :eek: Поарно нека идат по една епизода секоја недела.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.640
Поени од реакции
29.615
Gangs of London - огин бато

Првата сезона топ напишана, одлични акциони сцени.

Сезона 1 Епизода 6 - Ловот на Дерен беше најдобра епизода по мене.
Ја заврши последната сезона? Останува прејака, ама нема да им простам за една работа :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.256
Поени од реакции
10.367
Ја заврши последната сезона? Останува прејака, ама нема да им простам за една работа :D
Само до втора епизода. Скај во Македонија пуштаат по една епизода секој понеделник, а ме мрзи да вклучам лаптоп да симнувам.

Втора сезона за нијанса ми беше послаба, али држи внимание. Ќе видиме што ќе направат со третава.

Туку пазете ова:
Во најновата епизода на Симпсонови што ќе излезе во недела ќе има лик од Македонија што ќе збори македонски.
Сестриве што го прават Дарко Биберко имаа пуштено инфо на фејс.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom