Општи дискусии за ТВ серии

Член од
27 април 2009
Мислења
2.047
Поени од реакции
2.058
Од детективски аспект истрагатаа не ми беше битна колку драмата со ликовите.
o_O
The Killing е напротив една од сериите каде мистеријата(случајот) и атмосферата се 90% од серијата, буквално 0 допадливи и занимливи карактери.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
4.602
Поени од реакции
6.171
o_O
The Killing е напротив една од сериите каде мистеријата(случајот) и атмосферата се 90% од серијата, буквално 0 допадливи и занимливи карактери.
Што знам, после 5-6 епизоди, не се ни замарав толку кој е убиецот. Некако циклично ги проаѓаа сите осомничени и ги отфрлаа. Мистерија и атмосвера да, ама ако не ми беа интересни ликовите немаше да ја глеам. Напротив има доста интересни ликови, од сите страни на приказната.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.047
Поени од реакции
2.058
Мистерија и атмосвера да, ама ако не ми беа интересни ликовите немаше да ја глеам.
Кај мене е баш обратно во сите најдобри мистерии шо сум ги гледал освен во True Detective немаше ни еден лик шо ме навлече или барем малце да ме заинтригрира, најбитна е приказната и мистеријата во вакви серии... гледај ја Bron/Broen ако ја немаш(шведско-данската) верзија според мене е најдобрата мистерија икад, а од мини сериите The Missing.
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
150
Поени од реакции
115
За Bron/Broen (The Bridge) само пофални зборови, една од најдобрите серии што ги имам гледано, други европски крими серии што исто така се одлични се Endeavour, Luther, Line of Duty, добра е и Wallander (британската ја имам гледано), Broadchurch, добра е и Forbrydelsen.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.292
Поени од реакции
18.166
Овој период во годината последниве години ми е посветен на гледање минисерии. Ги гледам тие кои се најсериозни кандидати за ЕМИ, а изминативе години покажаа дека кај минисериите има исклучително добра продукција. Годинава меѓу најсериозните кандидати се Watchmen на HBO и Unorthodox на Нетфликс, ама на трето место ги следи Unbelievable, исто, на Нетфликс. Јас искрено прв пат слушнав за таа серија, ми се нема појавено ни како сугестија на Нетфликс. Ја изгледав - многу бавна крими-драма, со истрага за еден сериски силувач, снимена според вистински настан. Има малку феминистички вајб, зашто е mostly female-centered, но со оглед на тоа што случувањата и во реалноста биле такви, воопшто не ми сметаше. Slow burner, ама последните две епизоди беа маестрални. Ѕирнете ја ако сакате нешто слично, нема да ве разочара, верувам.
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
150
Поени од реакции
115
Не се многу придржувај до тоа дали има награда серијата или не. Еве на пример главната актерка Sandra Oh во серијата Killing Eve лани има освоено златен глобус за таа улога, што до ден денес кога ќе ми текне си велам како е тоа можно, значи послаба одиграна улога, послаб дијалог, послаба емоција на лицето немам видено по последните 10 години било во филм или серија, ужас невиден, посебно во втората сезона после која ја доби наградата. Дури сега ме фаќа нервоза ради тоа. Од друга страна другиот главен женски лик игран од Jodie Comer е сосема солидно сработено, интересна е и симпатична за гледање, знае глума. Исто така серијата е преполна со женски ликови кои што се гледа дека се само сосила натрупани, и тоа што имаше 3-4 машки споредни ликови ги испотепаа во 3 та сезона заменувајќи ги со нови женски ликови. Проблем имам што кога ќе почнам серија морам да ја догледам до крај :(
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.292
Поени од реакции
18.166
Не се многу придржувај до тоа дали има награда серијата или не.
Нема врска наградата. Јас ја гледам цела листа на минисерии кои се во конкуренција, буквално сите што се направени, и со награди и без награди. Или барем оние кои ќе ми фатат око. Лани, на пример, изгледав 11 минисерии. Годинава до сега имам 4, па ќе видиме до кај ќе стигнам.

ани има освоено златен глобус за таа улога
Споредбата Глобус vs. ЕМИ e ко да споредуваш кокошка со паун. Златните глобуси ги доделува Hollywood Foreign Press - тоа е здружение од 15-тина новинари кои секогаш сопствените интереси (понекогаш и политички и материјални) ги ставаат пред уметничките вредности. Имаше многу смешни ситуации низ историјата со Глобусите. Ете, пред само некоја година филмот The Martian беше номиниран за најдобра комедија, на пример. Глобусите се смешка. Од друга страна, ЕМИ наградите се најреномираните награди во светот на ТВ бизнисот. Не викам дека се и тие ОК, нити пак има било каква врска со ова што јас го напишав за минисериите, туку само дека се неспоредливи со Глобусите.
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
150
Поени од реакции
115
Не ги следам толку наградите и не знам баш кој колку е релевантен, но знам дека Златен Глобус баш и не е мала работа па така кога ја видов наградата баш се фрапирав, ако не се лажам ја победи својата колешка која што е далеку подобра :D

Од овие мини сериите што ги пиша погоре ќе пробам да изгледам некоја ова лето.
 
На врв Bottom