Овој период во годината последниве години ми е посветен на гледање минисерии. Ги гледам тие кои се најсериозни кандидати за ЕМИ, а изминативе години покажаа дека кај минисериите има исклучително добра продукција. Годинава меѓу најсериозните кандидати се Watchmen на HBO и Unorthodox на Нетфликс, ама на трето место ги следи Unbelievable, исто, на Нетфликс. Јас искрено прв пат слушнав за таа серија, ми се нема појавено ни како сугестија на Нетфликс. Ја изгледав - многу бавна крими-драма, со истрага за еден сериски силувач, снимена според вистински настан. Има малку феминистички вајб, зашто е mostly female-centered, но со оглед на тоа што случувањата и во реалноста биле такви, воопшто не ми сметаше. Slow burner, ама последните две епизоди беа маестрални. Ѕирнете ја ако сакате нешто слично, нема да ве разочара, верувам.