Таму комуњарите во тајност ги држеле информациите. И овдешната власт си ќутеше токму за Први Мај, зеленчук и слично. Дури и притоа не им дојде памет туку и понатаму со години увезувавме украинска пченица и памук и дански салами... Страшно одвратна неодговорност која те револтира ко човек.
Но да не сум офтопик, серијата е направена едноставна, кратка и јасна, морничава и гадна, како што доликува на серии од овој тип и настаните во неа. Акцент е ставен паралелно и на семејствата на пожарникарите и на децата од околината кои тој ден играат за веројатно по некој ден, месец, година да ги осетат последиците.
Ако забележите, повеќемината одат на мостот каде според информации, зрачењето било многу големо.