Општи вело муабети, прашања, совети

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Еластометар, направи сам!!! :D :D

Прегледај го приврзокот 100690 Прегледај го приврзокот 100686 Прегледај го приврзокот 100688 Прегледај го приврзокот 100689

црево за градина + црево за бензин = содветна замена за еластометар :D
Браво, само колку ли ќе издржи изумов ?? Некако потенок (помал дијаметар) изгледа на сликите од оригиналот.
 
JimmyHoFFa

NAVIGATOR
Член од
8 септември 2010
Мислења
1.196
Поени од реакции
482
Браво, само колку ли ќе издржи изумов ?? Некако потенок (помал дијаметар) изгледа на сликите од оригиналот.
Епа сеа големите компании трошат милиони на истражување, времето ќе покаже.... Помал е диаметарот ама не штети воопшто ионака еластометарот служи само како мек потпирач на капачето со федерот, кога ќе се заштрафи капачето нема никаква улога дали е помал диаметарот на цревото, висината е битна и таа да го ублажува ударот на федерот , како што кажав времето ќе покаже дали сум го направил за следни 10 години да не откаже или пак на следното возење ќе покаже кај сум грешел, секогаш има и план Б нели.... може да најдам и малку подебело црево :D
 
Последно уредено:
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620

Пиши до кога ќе трае.Страшно ме интересира.Инаку секоја чест за ова(y)(y)(y)
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Практично прашање - дали некој се има нафатено да ја заштитува надворешната гума од внатрешната страна со помош на пластелин/силикон (било каков полимер) како би избегнал бушење на внатрешната за време на летниот период од страна на багреми, трња, и џандарки. Или пак има некој друг практичен начин да се заштити внатрешната.
Пошо преку Абдула ми е месечно по 5 пути да лепам гума.
Се работи за Каприоло Санрајз, со градски (city) гуми и тркала.
Постои и решение со „млеко“ кое инстантно ја лепи дупката, а постои и решение кое на енглески се вика tire liner. Накратко, слој од кевлар/пластика што спречува трнот да стигне до внатрешната. Пар за предна и задна гума чини од 400 до 900 денари на чичко Ибеј, а најпрепорачани брендови се Slime и Mr. Tuffy. Краток срч ги дава следниве резултати: http://www.ebay.com/sch/i.html?_from=R40&_trksid=p2050601.m570.l1313.TR0.TRC0.H0&_nkw=tire liner&_sacat=0

Имаш и поперманентно решение, а тоа е гуми со Puncture protection. Апсолутно најфалени гуми во издржливост, трајност и заштита од дупење :rolleyes: се Continental Gatorskin, рачно изработени во Германија. Тежат исто како дебела кинеска 28ца, и чинат 7-8 пати повеќе o_O, ама кој ги возел по светов ги фали ко пазарџија своите лубеници што ги фали.

Јас во моментов возам Michelin Lithion 2 700c-23 со puncture protection и еве, да чукнам, 600 километри им направив без ниедно дупче (проблемите со траката на бандажи не ги сметам, тоа не е кривица на надворешната гума).

П.С. За оние што бараат quick македонски fix на проблеми со трака на бандаж, јас решението го најдов во аеро лепак - селотејп или како и да се вика. :свиркам: 2-3 круга за сите дупки да се еднакво покриени, и над селотејпот постоечката бандаж трака.
 
Член од
1 мај 2013
Мислења
62
Поени од реакции
74
Како што реков пред некоја недела дека ќе возам у Банско....па еве да споделам неколку фотки од тука. Има различен терен за возење...кој што сака. Температурата е одлична за возење во тек на целиот ден, сончево со околу 25°, нема потреба многу рано да се станува ради горештини :)
PicsArt_1409254230626.jpg

PicsArt_1409254533186.jpg

PicsArt_1409254181237.jpg
PicsArt_1409254794086.jpg
PicsArt_1409254366996.jpg
 
Attachments

Последно уредено:

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Барам фино компјутерче за точакот, не мора да е wireless, пожелно да има каденца покрај основните ствари (брзина, пат курци палци). Буџет под 3000 денара.

У бајкстоп ова http://www.bikestop.com.mk/accessories.php?lang=2&mb=21&sf=Computers&id=353#/0 ми е океј. Искуство со него? Некој друг дуќан шо може не го знам пошто не сум од Скопје?
 
Овој за цената и тоа што нуди е супер, имаш и Sigma и Cateye, но со каденца функција се далеку поскапи, над 3.000 ден. Плус се бесжични и не се зезаш со кабли. Евентуално ако начекаш некаде на попуст.
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Шо мислите за овај точак? Амортизеров е само со излупена боја или она е бразда од некој удар?
http://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=1339106
Гребаници мора да има.Кај амортизерот не е страшна гребаницата.
Јас повеќе имам забелешка кај преносот.Реално точакот незнам дали е М големина како што навел огаслувачот,но како и да е мене ми делува вака на прва доста возен.Треба да се види,па ако си од Битола појди види го.Повеќе гледај забци,механика и кочници отколку гребаници на амортизер.

Исто така задниот менувач ти е од city моделите одноно не е оној убавиот ХТ.Прочитај на нет и ќе си видиш разлика.Ако си од друг не се мачи да одиш бидејќи мислам дека не вреди.

А за амортизерот воопшто не е страшно доколку е изгребан.Да ти кажам право мене и солиден ми изгледа.Како што кажав јас повеќе на други места гледам замерки.
 
Баш се како што кажа, само не се слагам за тоа дека ХТ менувачот e за city бајк. Се работи за М771 моделот кој е постар и е mid cage во случајов па затоа "не ти е убав".

Еве го поновиот "убавиот" M772 :

И најновиот и "најубавиот XT" M786 :

Ознаката "M" пред бројот на моделот значи дека е наменет за МТ бајк. Сигурно мислише на ХТ за трекинг бајк, но тие се со ознака "T" и визуелно се разликуваат од горенаведениот. Слободно може да провериш тука.
Друго, не знам како го виде преносот на точакот од толку далеку, нема слика од блиску за да се види колку е амортизиран, да не мислеше на касетата позади ?? :)
 
Член од
19 март 2013
Мислења
329
Поени од реакции
177
Не сум од Битола, ако бев веројатно ќе појдев на лице место бед да прашам и бидејќи сум нуб за точаци, врз основа на интересно обоениот рам ќе одлучев дали да се пазарам. Ниту истрошен пренос знам да препознам ниту city менувач :confused:, а кога се спомене касета единствено што ми паѓа на памет е некоја музичка касета со стари и проверени турбо фолк хитови.:icon_mrgr:
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.439
Поени од реакции
20.187
ај уште еднаш да прашам тука ... одлуката од предходно беше cube но пристигнаа модели од 2015 па незнам што да земам ...

дилемата е cube aim sl 29 2014 или cube aim disc 2015 .... зашто моментално нема да им стигне sl 2015 модел.
 
по која цена ти ги дава? го гледам на веб, кубе аим сл 2014 околу 37.0000мкд....ептен скупо ми стои. :)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
ај уште еднаш да прашам тука ... одлуката од предходно беше cube но пристигнаа модели од 2015 па незнам што да земам ...

дилемата е cube aim sl 29 2014 или cube aim disc 2015 .... зашто моментално нема да им стигне sl 2015 модел.
Од тоа што имам прочитано ако планираш да го возиш низ планина и карпи не препорачуваат многу поефтинки 29ки од причина што бандажите им страдаат побрзо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom