Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Практично прашање - дали некој се има нафатено да ја заштитува надворешната гума од внатрешната страна со помош на пластелин/силикон (било каков полимер) како би избегнал бушење на внатрешната за време на летниот период од страна на багреми, трња, и џандарки. Или пак има некој друг практичен начин да се заштити внатрешната.
Пошо преку Абдула ми е месечно по 5 пути да лепам гума.
Се работи за Каприоло Санрајз, со градски (city) гуми и тркала.
 
Според спецификациите на моите гуми, имаат некоја заштита против такви работи. Не знам колку делува. Ама. На претходниот велосипед имав такви гуми. 4 години, досега немам лепено гума.
 
Кои се тие гуми, марка и модел? И дали има 28 инчни ?
 
Да, моите се 28ици. На стариот точак неам појма што марка беа, и не ми е при рака да проверам. На новиот имам вакви http://www.amazon.co.uk/Schwalbe-Silento-Puncture-Protection-Reflex/dp/B005G148IS

Од Амазон ја нарача или може да се најде и кај нас?
И каде отприлика го возиш точакот, дали стриктно асфалт или забегуеш земја понекад?
Пошо мислам дека 80% од перфорациите ми се од кратенки преку тревна површина и земјени патчиња преку лето.
 
Јас си го купив пред 3 недели. Импресии после првите 500 километри. Одличен. На турите што имав просек 17/18 кмч, сега имам 22/23. Или уште е нов и му се радувам па вртам како луд. :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
Добро изгледа.
Од каде го зема?
Цена, линкче до спецификации?
 
Од Амазон ја нарача или може да се најде и кај нас?
И каде отприлика го возиш точакот, дали стриктно асфалт или забегуеш земја понекад?
Пошо мислам дека 80% од перфорациите ми се од кратенки преку тревна површина и земјени патчиња преку лето.
Си купив нов точак и дојдоа со него. Возењето е 90% асфалт, 10% многу лесен офроуд.

Добро изгледа.
Од каде го зема? Цена, линкче до спецификации?

BOC Германија. Цена, 500 европски. Спецификации тука https://www.boc24.de/shop/fahrraeder/crossrad/cross-head-cr-s500-herren
 
Практично прашање - дали некој се има нафатено да ја заштитува надворешната гума од внатрешната страна со помош на пластелин/силикон (било каков полимер) како би избегнал бушење на внатрешната за време на летниот период од страна на багреми, трња, и џандарки. Или пак има некој друг практичен начин да се заштити внатрешната.
Пошо преку Абдула ми е месечно по 5 пути да лепам гума.
Се работи за Каприоло Санрајз, со градски (city) гуми и тркала.
Ако ставаш, како што викаш, пластелин/силикон :confused: меѓу внатрешната и надворешната гума, ризикуваш да ти експлодира внатрешната од прејак притисок и со тоа некаде да се убиеш. Најпаметтно е да си купиш Sliмe гел/течност против дупчење гуми и да ја аплицираш преку ѕиваната во внатрешната гума. Издржува мислам по десетина дупки по гума, отприлика. Имаше по продавнициве од Kenda, само не ми текнува каде. Тркни ако не до Бајкстоп или Бајк маркет,прашај и така се едно до друго, во близина. :)
 
Дали знае некој каде се продаваат вакви "гуми" да ги наречам Rock Shox Judy XC е виљушката...?

102064.jpg
97RockShox5.jpg
 
Дали знае некој каде се продаваат вакви "гуми" да ги наречам Rock Shox Judy XC е виљушката...?

Прегледај го приврзокот 100618
Прегледај го приврзокот 100620
Мислиш на еластомери, многу стара технологија. Евентуално кај Лазе во Пробајк. Тој е дилер на Rock shox и има доста резервни делови. Мислам дека нема да се ефтини и да ги најдеш, па размисли што повеќе ти се исплати.
 
Фала ќе прашам во пробајк, ги отворив и едниот е како нов а другиот еластометар :) се рони и не е воопшто за употреба, во секој случај и да не најдам може и да направам сам едно такво па ќе се проба дали функционира
 
Здрави дечки,

Некој збор два за велосипедов, цена, опрема, искуства?

http://outdoor.mk/index.php?route=product/product&product_id=741&search=corratec&page=2

Фала ви :)
Ако ти е за низ град и полесни офроуд тури ќе ти заврши работа. Опремата му е поосновна ама не и најслаба. Посебно за цената, нема да добиеш бајк со хидро диск кочници од другиве брендови, повеќето доаѓаат со механички диск кочници и Shimano Tourney опрема. :)
 
КУПУВАМ 26" РАМ ЗА ТОЧАК ШТО Е МОЖНО ПОЕВТИН! БИЛО КАКОВ САМО АМОРТИЗЕР ДА НЕМА ВО СРЕДИНА
 
Еластометар, направи сам!!! :D :D

WP_000683 (2).jpg WP_000684.jpg WP_000686.jpg WP_000685.jpg

црево за градина + црево за бензин = содветна замена за еластометар :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom