Омилено уметничко дело

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.621
Поени од реакции
6.054
Јас Кубизмот го дефинирам како политизирање на уметноста.
Во 20ти век владеат идеи дека сите сме еднакви и дека секој може да биде се што ќе посака.
Кога ќе ги туриш СССР, Кина и цела Латинска Америка во приказната, јасно ти е дека 70% од светот бил обоен црвено. Само Северна Америка и Западна Европа останале да се држат до своето темно-сино.
Уметниците политичкото движење го однесле чекор потаму. Секој може да биде сликар, е нивното мото во 20ти век. Совршени пропорции? Години и векови од Ренесанса наваму поминати во учење на женското и машкото тело со цел истите да бидат доловени што пореалистично и што поласкаво и сензуално - во вода. "Секој може да биде сликар и уметник, за да го покажиме и докажиме тоа, ќе цртаме онака како што цртаат децата."
Почит за Пикасо и знам дека има одличен музеј на Југот од Франција посветен само на него, исклучиво со негови дела на ѕидвите и навистина е вреден за посета. Сепак овај тип на уметност не е баш за мене.
Јас неможам да ја згазам Ренесансата заради полтички убедувања. Таа е еден од поведрите настани на Западната Цивилизација. За 20ти век, не сум сигурен дали ќе биде памтен во баш такво светло.
Во секој случај промената која пробале да ја донесат ја ценам. Ако светот остане заглавен само во Ренесанса истиот ќе стане досаден. Луѓето патат за промена со секој нов век, треба да ги разбериме и да сме поблаги и покротки кон себе, така е од Антика до денес.
Да не беше така уште ќе живеевме во мермерни грчки храмови и немаше да постои ниту еден друг стил.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.990
Немам ни елементарни познавања од ликовната уметност. Нешто што имам украдено од одредени документарци или "Тајните на музејот" и тоа е сѐ. Кажувам што му се допаѓа и како ја перцепирам сликата.
И не мора да биде слика, може да биде и скулптура и фотографија. Нареден пат ќе постирам фотографија.

Кубизмот не ми се допаѓа. Не ми се допаѓа ни Гог, ни Матис (пример). Еднаш со еден член се впуптивме во дебата за оние еднобојни слики кои вредат 10тина милиони евра. Неговиот аргумент беше дека уметникот поминал години усовршувајќи тонови и бои! Во моите очи има само една боја, како на пример. Не гледам никаква убавина во ова. Уште помалку уметничка вредност.

Ми се допаѓа реализмот, романтизмот или уметноста од ренесансата. Се држам до основата.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
^^ Во таа чест, пост посветен на поубавата половина на човештвото.






Ех ех, кај ги најде овие стари дела? Коа фаците и ги цртале никакви. Додупа овие твојте и несе тоуку стари. Ама има побитна ствар. Правата уметност е музичка. Оваа визуелната е само копирање на природата. Која црна уметност е тоа да се копират (обид само) веќе савршени природни живи божји дела? Музиката е веќе друго. Израз на емоции претворени у звуци кои ги нема у природата. Фала чао, пријатноооо. Седите си на сенка.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.621
Поени од реакции
6.054
Еве ти нешто поново.
Ив Клајн е француски перформанс уметник, твори во 50те.
Ја создал бојата позната како Инернационална Клајн Сина - подоцна во 60ти употребена е во знамето од Европската Унија.
Сликата подолу е потпишана како Оган и Монхроматски Сино (мислам). Ако не се лажам е продадена најскапо од сите слики во модерно време, за некои 40 милиони и кусуро.
Дали сум фан? Веројатно. Во модерен дом, не сакам на ѕид да имам принт од Сандро Ботичели (со сета почит), туку нешто што ќе одговара на модерната гарнитура, а тоа е Ив Клајн.



 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.621
Поени од реакции
6.054
You get it! Оттука перформанс уметност - демек изведена, како настап.
Автоматски споено мислење:

ПС Француска работа :LOL:
Сериозно, ова само на французин би му текнало.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.990
И како Ив го зема кредитот? Неговиот придонес е само боење на моделите. Не знам, не е по мој вкус.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.621
Поени од реакции
6.054
Па реално целиот концепт е негов.
Тешко на некој пред него да му текнало тоа. Плус кога се одвивал настанот потпишани биле и девојките респективно. Пошто е цел акт, како драма. Само што завршува на платно, па се продава.
Фактот дека се зачувани токму од тој во-живо момент, ги тера многу луѓе да ги ценат и се тепаат да ги купат. Оттука и астрономските цени на Christie's.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.190
Поени од реакции
10.664
Гледам на @Aceso исто и се допаѓа! Нешто пропуштам!
Јас лично ја обожавам голотијата во уметноста, иако отсекогаш се движела по тенка линија помеѓу ремек-дело и вулгарност. Истото е и сега, во 21 ви век. Значи, не зборам за вулгарност, туку за префинетост, нежност, софистицираност и елеганција.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.990
Јас лично ја обожавам голотијата во уметноста, иако отсекогаш се движела по тенка линија помеѓу ремек-дело и вулгарност. Истото е и сега, во 21 ви век. Значи, не зборам за вулгарност, туку за префинетост, нежност, софистицираност и елеганција.
Не знам, јас не пронаоѓам таму фасцинација. Уште помалку уметност во финалниот производ.

Но ок... :)
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.621
Поени од реакции
6.054
Има страшно добри детали. Отворете во нов таб, па зумирајте. Синџирот и скапоцените камења над цицето. Life itself. Исто и стаклениот сјај во очите.

Паоло Веронезе
Алегорија на мудроста и силата
1528-1588

Датум: околу 1565 година.
Медиум: масло на платно.
Димензии: Висина: 214,6 см Ширина: 167 см.
Колекција: Колекцијата на Фрик.

ЊУЈОРК
Veronese_Allegory_of_Wisdom_and_Strength.jpg
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.621
Поени од реакции
6.054
Валтер Крејн
La Belle Dame Sans Merci
Убавата дама без милост

Датум: 1865 година.
Медиум: масло на платно.
Димензии: висина 48 см, ширина 58 см.

Историја на предметот
- Купена е од уметникот од страна на г-дин Браун од Селкирк.
- Сотби ја клава на аукција, 18 јуни 1985 година, лот 24.
- Аукцијата се одржа во Галерија Кристофер Вуд, Лондон.
- Денес е дел од приватна колекција.



Бонус од истиот уметник
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.990
The Kiss- Алфред Ајнштад
Legendary_kiss_V–J_day_in_Times_Square_Alfred_Eisenstaedt.jpg

Ветив фотографија, па да си го изреализирам ветувањето. Сакав да напишам и нешто повеќе, но ја загубив мотивацијата и волјата.

На прв поглед сите мислиме дека станува збор за голема љубов, млади кои ги разделила војната кои се допишувале, исчекувале и препознале. Од една страна имаме маринец (тоа се гледа по капачето ко на Попај и униформата) и од друга страна нејзината униформа дава лажен впечаток дека станува збор за медицинска сестра, но она е всушност помошничка во заболекарска ординација. Неговата улога била да се бори против воената морнарица (која само на крајот била лесна мета (буквално) за американската авијација...затоа што на палубата ја имале црвената точка од знамето на Јапонија и таа битка е една од решавачките во WWII каде за еден ден се уништени скоро сите носачи на авиони) и подморниците на Јапонија. До самиот крај Јапонија пружала жесток отпор. А од друга страна имаме жена која требала да ги лечи "раните" (мислам на воениот стандард и оралната хигиена, ама за ова повеќе на некоја од темите за историја).

Но не станува збор за некаква љубов. Ова е бакнеж фатен сосема случајно меѓу двајца непознати (од денешна перспектива: микроагресија т.е. општеството е отидено во сосема друга насока :D ). Уживаат во триумфализмот, во слободата, во среќата, во животот.

Набљудувајќи ја околината, произлегува дека сите светла се вперени кон нив. "Намерно" креирана сцена за бакнежот кој треба да ја одбележи есенцијалноста на мигот- крајот на WWII.

Настанот се случува '45 во Њу Јорк.

Анализа е направена и на говорите на телата на главните актери со акцентот на опуштеноста на Грета.

Има интересна црно-бела сцена во "Ноќта во музејот" каде Лари и Амелија (Ерхард) влегуваат во сликата.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom