За рециклирање е потребно да се изменат и апдејтуваат многу работи. Прво (да тргнам од последниот дел во ланецот) да се снабди населението со канти за рециклирање, па да се апдејтуваат комуналците со превозни средства за рециклирање, за на крај да се обезбеди фирми кои ќе вршат рециклажа, а потоа и рециклираниот материјал да му се обезбеди пазар за пласирање. А ова започна од крајот, од најлонските кеси. Барем во Скопје најголеми загадувачи се возилата и греењето на населението. Картон, хартија, пластика/најлон... би требало да се рециклира, затоа што и картонот/хартијата загадува. Искрено не сум информиран дали најлонските кеси или фолиите (обични и црни) кои се користат во раноградинарство се подлежни на рециклажа. Ако не се, ете уште еден проблем/можен закон за владата.
Денеска бев еднаш на пазар и у СП (со своја торба). И двата пати добив најлонски кеси, во Сп за пари, на пазар без пари. Залихи не се фактор за давање кеси (барем на пазар) затоа што се премногу ефтини за да се извадат парите од вложеното. Зошто не ме сопре пред пазарче или пред Сп инспектор да ме праша од каде ми е најлонот?
И кога сме кај пазар, да те замолам да ми Бацилус (сфатив дека си Германија) како е таму решено, како купуваат 2 кила компир, 3 кила домати, бурек, мрсни симитпогачи....? Дали имаат некое друго решение за тоа.
А за други отпадоци да не збориме (авто каросерии за кои треба 1000 години за распаѓање, гуми, чевли и слични производи кои за наши поими се распаѓаат бесконечно долго).
Ако се водам по една параноидна пресметка (не сум баш параноичен, ама секогаш гледам и од другата страна) секое домаќинство барем еднаш да пазари со по 2 кеси (некои 4, некои една до ниедна), број на домаќинства 500.000 х 2 кеси = милион кеси дневно по денар (ај нека не е два), тоа би било само од кеси 80-90 илјади евра месечно ддв.
Ем наводно следиме еу тренд на екологија ем некој динар плус.