И ќесето ке треба да го наплаќам...?

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Зембиљ од шаренконец црно црвено со тро бело по ќошината и тро шајак на рамката да не сечит... мерациЌе си зејте зембиљо и трк на пазаруење. крај, нема веќе азно-мазно со пластика. Само зембиљ, како во 19 век, во кој реално не живееме, ама така се однесуваме.
Ќе си зејте зембиљо и трк на пазаруење. крај, нема веќе азно-мазно со пластика. Само зембиљ, како во 19 век, во кој реално не живееме, ама така се однесуваме.
Гаго, кесата која ми ја наплатија е сосема идентична со тие што до завчера не ги наплаќаа. Мала, пластична, бела, со одвратен мирис и логото на Жито Лукс.![]()
Веќе од поодамна има фурни кои лебот го продаваат во убави хартиени кесиДа да знам ацид, ама тоа најверојатно ќе биде само во наредниов месец додека не ги потрошат залихите и се додека не почнеш да не им ја купуваш таа кеса.
Реално кеса сега ти треба да купиш леб ради хигиенски причини ама вечеч приметувам дека поголемиот дел од лебовите веќеќ почнуваат да се ставаат во целофански обвивки. А за лебот ќе треба да направат книжни кои нема да ги наплаќаат ради хигиена. А тие пластичните сега ти ги наплаќаат ради страв да не им лупнат казна, пошто казните им се драконски.
Јас денес купив леб за баба ми кој го ставив во пластична кесичка од тие чкарото за која дадов 1 денар, а потшо во друг супермаркет купив леб во целофан и не им купив кеса.
Безбели Гаго не мислиш дека е законов арен?? Која му е идејата?? промена на менталитетот или?
Еве, кај мене, тука, има акции, секојдневни, за рециклираее, за сортирање на ѓубрето, на отпадот, дури и јас еден македонски билмез почнав да не ставам стакло со пластика и храна во иста ќеса за ѓубре. Престанав да ставам хартија со пелени или друго. Престанав да фрлам недискриминаторно батерии итн.
Се полецка си сортирам.
Во пластични ќесиња оти ме кошта многу да купувам црни вреќи пластични за ѓубрето, а и вака ми е пофункционално бидејќи во секој супермаркет, не во една, ами во две ќеси ми ги товараат продуктите, бесплатно.
А функционира.
Понатаму, од пластичните шишиња кои не се користат за производство на термални подјакни за планинарење и алпинизам и арктичка облека, се прњват други полезни работи, дел од тие полезни работи се прават и од пластичните, рециклирани ќесиња.
В ред, Македонија нема култура на рециклирање, на сортирање ѓубре, на хигиена, ама на тоа треба да се удри, а по зембиљите или ќесите.
Не треба мојон комчија да фрли ќеса ѓубре од пенџере оти го мрзи да оди до контејнер или не треба да се пика се во една иста и потоа тоа се да оди на отпад.
Треба драконски казни за тоа, а не за забрана на пластика.
Нејсе, идејата сдека сме во 19 век ја гледам во тоа што сега и натаму ќе се давиме во ѓубре, ама ќе пазаруваме со зембиљче.
Јасно, ама може место плукање на улица 50 евра, нека има и несортирање ѓубре 50 евра, па да видиме.
Туку се средивме, па и тоа само уште ни преостана.