Денес ќе свртам нов лист-во мојот живот
Гледав низ темите нешто слично не најдов, а ако има простете ми!
Вака, дали ви се има случено да размислувате за сопствениот живот и забележувате дека се направиле некои работи кои не сте требало да ги направите, сте реагирале на нешто, а не требало така?Ги забележувате вашите мани, недостатоци, карактеристики? Некој ден ви доаѓа да исчезнете од светот, ви доаѓа се преку глава, сакате да почнете се одново? Да започнете нов живот, во кој ке бидете поодговорни, подобри, со цел да си го подобрите начинот на кој живеете, да заборавите на лошите работи, а со сето тоа да се смените и самите себе?
Мене често ми се случува....сакам да почнам се од ново, ама некако тешко ми иде. Сакам да бидам поодговрна, да престанам да се срамам, да не бидам толку наивна, да престанам да пушам цигари и да го намалам кафето, да не бидам опседната со некои работи, гледам некои на моја возраст немаат слободно време зафатени се со некои интересни работи,имаат поинтересен и исполнет живот, јас не се занимавам со ништо и слично...ама тој нов лист никако да го свратм...ама се надева дека ке соберам сили и сто тоа ке го сменам во најскоро време.
Ако има некој нешто да пише повелете слободно!:helou: