Од денес вртам нов лист. Ако ми биде дозволено, од Господ, кој може да ми помогне во моментов, ќе го терам до крај тој лист. Те повредив и тебе и себеси, се гушам во својата ѓаволска аура, недостојна сум за да сум во твојата бела близина, контраст голем... Те сакам, засекогаш ќе те сакам, со срце, со тело, со животот. И од денес на новиот лист, ќе го воочиш тоа. А што ми е уште поважно, ќе го материјализирам моето чувствување за тебе и јас.
Стариот лист ме омаловажува, стариот лист ќе гори во вулкан. И ќе стане пепел.